Сообраќајка на патот Крива Паланка – Куманово: Сообраќајот пренасочен


Денеска, во 10.10 часот, на патниот правец Крива Паланка – Куманово, на излез од Крива Паланка, се случила сообраќајна незгода, велат од АМСМ. Поради оваа незгода, сообраќајот е во прекин и истиот се пренасочува по стариот пат. Засега нема информации за повредени лица или жртви, повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

(Видео): Министер на Трамп се појави на телевизија со крст на челото


Американскиот државен секретар Марко Рубио се појави на Фокс њуз вчера, на денот на пепелната среда, што го означува почетокот на постот за христијаните, со крст на челото. U.S. Secretary of State Marco Rubio draws a cross on his forehead during a press conference to discuss Trump's positions. pic.twitter.com/YWdBTJKfzi — Hanzo (@HanzoNasan) March 6, 2025 […]

 Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита


Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во текот на вчерашниот ден (05.03.2025 година),  започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Февруари 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да ја подигнат готовината од  банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната […]

Мерц се вклучи во планот на Европа за „превооружување“


Германија ја повика ЕУ да ги изземе трошоците за одбрана од своите фискални правила подолго отколку што предложи Брисел, што означува значителна промена во цврстиот став на Берлин за дефицитот и долгот под раководството на канцеларот Фридрих Мерц. Германскиот амбасадор во ЕУ во средата им кажал на другите национални претставници дека Берлин сака ЕУ да […]

Германската пошта укинува 8.000 работни места


Германската пошта (Deutsche Post)  денеска објави дека има намера да укине 8.000 работни места во Германија со цел да ги намали трошоците. Дојче пост вработува 187.000 луѓе во Германија, а 500.000 луѓе ширум светот работат за ДХЛ. ДХЛ, логистичка фирма која е дел од Дојче пост, претходно најави дека сака да заштеди една милијарда евра […]

„К-15“ закажаа и трето шоу, на 18 мај во салата „Борис Трајковски“


„К-15“ закажаа и трето шоу, на 18 мај во салата „Борис Трајковски“, по повод 30 години од првата емисија, откако се распродадоа двата на 16 и 17 мај. Синиша Евтимов ќе ги режира трите шоуа, а песните на „Дуо трио“ ќе се свират со оркестар од 30 музичари, со кој ќе диригира Џијан Емин. Тој […]

Развојната банка ги доби од Буџетот првите 10,4 милиони евра од унгарскиот заем за поддршка на домашните компании


 Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Развојната банка ја префрлило првата транша од 10,4 милиони евра, средства наменети за поддршка на домашните компании од унгарскиот заем. Како што соопштија денеска од Министерството за финансии, трансферот бил реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од […]

Албанија прва во светот по зголемување на бројот на туристи


Тирана – Светскиот туристички барометар покажува дека класичните дестинации за летен одмор како Шпанија, Грција и Турција привлекуваат најмногу туристи, но кога станува збор за највисок процентуален раст на туристи во последните пет години, преовладуваат други дестинации, а Албанија е на прво место. Информацијата преку социјалните мрежи ја сподели премиерот Еди Рама, објавувајќи ја табелата и […]

Подемот и падот на тираните


Уште пред една деценија, идејата САД да преминат во тиранија беше речиси неразбирлива. Но, со оглед на тоа што втората администрација на Доналд Трамп ги напаѓа уставните контроли и рамнотежи, флертува со идејата за отворено пркосење на судските пресуди и водењето тотална војна со медиумите што нема да виткаат колена, изгледите Америка да тргне по […]

Зошто Владата крие колку платила за приватниот лет за Будимпешта?


  Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека платите се доволно високи и не треба да се зголемуваат, немаат никаков проблем да патуваат низ Европа со приватни чартер летови на партиски посети, реагира СДСМ на пишувањата на медиумите за посетата во Будимпешта со авион на турска комерцијална компанија.    -Веќе трет ден молчат и не откриваат […]

Иранскиот пејач Мехди Јарахи казнет со 74 удари со камшик, поради поддршка за женските права


Иранскиот пејач Мехди Јарахи, кој зборуваше против строгиот кодекс на облекување на жените во земјата, е осуден и веќе казнет со 74 удари со камшик, како дел од спогодбата за прекин на кривичната постапка против него. Јарахи беше осуден во јануари минатата година, за противзаконското објавување песна, во знак на протест, наречена „Твојата шамија“, и тоа […]

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе го пречекаат ПСЖ во полна сала


Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер последниот дуел од европската Лига на шампионите против Париз Сен Жермен ќе го одигра вечер пред полни трибини. Влезниците се распродадени уште пред два дена. Од клубот најавуваат спортска разделба од Лигата на шампионите и очекуваат спектакуларен натпревар меѓу репрезентативците и интернационалците во двете екипи. Ракометарите на Еурофарм Пелистер, голманот […]

Зеленски ќе учествува на вонредниот состанок на Европскиот совет и ќе се сретне со Руте


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска планира да учествува на состанокот на Европскиот совет во Брисел, соопшти неговиот портпарол. Зеленски планира да се сретне и со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, со австрискиот канцелар и со белгиското раководство за време на неговата посета на Белгија, додаде портпаролот.

СЗДМ бара минимум квалитет, а не минимална цена за CGM системи, глукометри и ленти за дијабетес


Следејќи ги активностите на надлежните институции и Владата на Македонија, за здарвство  во реализација на годишните програми за справување со дијабетесот во државата за 2025 година, а во контекст на подготовките за нова набавка на системи за мерење на гликемија кај Лицата со дијабетес на инсулунска терапија, СЗДМ денес достави јавни барања до  Христијан Мицкоски, […]

Средношколците во Србија утре повикуваат на генерален штрајк поради цените, но и поради состојбата во државата


Средношколците во Белград повикаа утре да се одржи генерален штрајк кој според нив, би бил поради не само поради вртоглавото покачување на цените во Србија, туку и поради состојбата во земјата и неодговорноста на сите надлежни институции кон нивните барања. Средношколците веќе еднаш повикаа на генерален штрајк, кога се одржа таканаречениот „Час на природата“ тогаш […]

Волстрит џурнал: Се очекува Трамп да нареди укинување на Министерството за образование


 Претседателот Доналд Трамп се очекува да издаде извршна наредба насочена кон неговата долгогодишна цел да го елиминира американското Министерство за образование, објави вчера Волстрит џурнал. Уредбата би можела да пристигне уште денеска, објави весникот, цитирајќи неименувани луѓе запознаени со ова прашање. Белата куќа и одделот сè уште не одговориле на барањето за коментар доцна синоќа. […]

Во синоќешните инциденти во Атина приведени 30 лица


Во инциденти што синоќа се случија во центарот на Атина по протестот за железничката несреќа кај Темпи, приведени биле 30 лица, од кои седум се уапсени, повредени биле тројца полицајци, како што соопштија од грчката полиција, додека според информациите на дописничката на МИА од Атина, полесно повредени беа и двајца демонстранти. Инцидентите започнаа по завршувањето […]

Очекуваме зголемување на бројот на патници, вели генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт


Најавени се голем број нови авиокомпании, голем дел од нив ќе летаат на нови дестинации и очекуваме зголемување на бројот на патници веќе од средината на оваа година, вели во видеоинтервју за МИА генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт. Тој информира дека се очекува за околу еден месец да стартуваат со работите предвидени со […]

Канада има одговор за царините на Трамп – извозот на нафта и гас


 Канада потенцијално би можела да го искористи извозот на нафта и гас како преговарачка алатка доколку ескалира спорот со САД околу царините за канадскиот извоз, изјави министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Џоли. Канада се заканува дека ќе воведе царини на американски увоз во вредност од околу 108 милијарди американски долари, но се уште […]

Обраќањето на Трамп во Конгресот го следеле на ТВ 36,6 милиони луѓе во САД


Обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп пред американскиот Конгрес во вторникот вечерта го гледале околу 36,6 милиони телевизиски гледачи во САД, објави американската компанија за мерење на медиумската публика Нилсен. Тоа е повеќе од 32,2 милиони гледачи кои го гледаа последното обраќање на поранешниот претседател Џо Бајден за состојбата на Унијата минатата година, но е помалку […]