Вучиќ: Наставниците за јануари ќе добијат плата, за февруари онолку колку што работеле


Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва на Пинк изјави дека сите наставници во јануари земале целосни плати, а во февруари ќе земаат онолку колку што работеле. „Ги прашувам тие наставници. Ја добивте целата плата за јануари, за февруари ќе го добиете тоа што сте го работеле. А како децата ќе го надоместат тоа? За нас прашањето […]

Четири лица, од кои тројца полициски службеници, повредени во сообраќајка кај Струга


Четири лица, од кои тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна незгода што вечерва се случила на магистралниот пат Охрид – Струга, кај крстосницата за струшкото село Мислешево, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Според него, незгодата се случила во 17 часот и 33 минути меѓу патнички моторни возила „Форд“ со скопски […]

АД ЕСМ со кредит од германска развојна KfW Банка ќе гради фотоволтаична централа во Битола


Утре, под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски ќе се потпишат сепаратните договори меѓу АД ЕСМ и Банкарска група KfW – германска јавна финансиска институција за поддршка на претприемништвото и на малите и средните претпријатија.   АД ЕСМ со поволен кредит од германска развојна KfW Банка, почнува нов циклус инвестициски проекти во обновливи извори на енергија.  […]

Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани


 По минатонеделните 240 дојави за лажни бомби во училиштата,  ќе се ревидира упатството што за такви случаи го изработи Министерството за обравание и наука (МОН) во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) и ќе биде испратено повторно до училиштата за да знаат како да се однесуваат, информираше вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. […]

Кендрик Ламар на Супербоул носеше фармерки од 13 илјади долари, веднаш станаа хит


За време на полувремето на Супербоулот во Њу Орлеанс, Кендрик Ламар ги носеше патиките на Најк Ер ДТ Макс ’96, гердан од 68. илјади долари и светли bootcut фармерки. Но, неочекувано, фармерките привлекоа најголемо внимание. Меѓу многуте реакции на перформанот на Ламар, постојано се повторуваат неколку теми: неговиот отворен напад врз Дрејк, ненадејното пристигнување на […]

Мареј ќе продолжи да го тренира Ѓоковиќ


Лондон – Светскиот рекет број седум, Новак Ѓоковиќ ќе продолжи да работи со својот тренер Енди Мареј барем до Вимблдон, пишува „Тајмс“. Во ноември, стана познато дека Британецот се приклучил на тимот на Ѓоковиќ. Тие првично се согласиле да играат одреден период од сезоната пред Австралија Опен. На Отвореното првенство на Австралија во 2025 година, […]

Трет американски судија ја блокираше наредбата на Трамп за укинување на државјанството по право на раѓање


Вашингтон– Американскиот судија Џозеф Н. Лапланте е трет федерален судија, кој ја блокираше извршната наредба на претседателот Доналд Трамп за укинување на државјанство кое по автоматизам се добива по раѓање на деца од лицата кои илегално се во САД. Лапланте наведе дека не е убеден во одбраната на извршната наредба на администрацијата на Трамп и […]

Ракометарите на Алкалоид кои настапија на Мундијалот на прием кај Мукаетов


Членовите на РК Алкалоид кои настапија за македонската репрезентација на Светското првенство во ракомет денес беа на прием кај генералниот директор и претседател на УО на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов. На средбата, Мукаетов им честиташе на ракометарите и на стручниот штаб за одличното претставување на Македонија на светската ракометна сцена, за нивното професионално однесување […]

Метапнеумовирусот ќе се шири уште повеќе но нема потреба од паника, велат лекарите


Метапнеумовирусот (HMPV) предизвикува вирусна пневмонија, но тој не е опасен, на ниво е на грипот и поради тоа нема простор за паника, велат здравствените експерти. Кај нас не се води специфична евиденција само за случаите на метапнеумовирус, токму поради тоа што, како што објаснуваат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), нема ризик дека може да […]

Мајмун ја остави Шри Ланка без струја


Еден мајмун ја остави цела Шри Ланка без струја. „Мајмун дојде во контакт со мрежен трансформатор, предизвикувајќи краток спој кој го „сруши“ целиот електроенергетски систем на Шри Ланка“, изјави министерката за енергетика Кумара Јајакоди. Ова се случи во неделата, а снабдувањето со електрична енергија на земјата со 22 милиони жители се обновува и денес, соопштија […]

Дебата: Вештачката интелигенција е реалност, но немаме ниту регулатива, ниту етички стандарди


Вештачката интелигенција не е далечна, туку наша реалност. Земјава многу малку има направено на оваа тема. За разлика од нашите соседи, нашата држава се уште нема ниту регулатива, ниту законодавство, ниту етички стандарди за вештачка интелигенција. Ова се дел од заклучоците кои беа кажани на денашната дискусија „Дигитална трансформација и вештачка интелигенција – предизвици и […]

И македонската челична индустрија на штрек поради најавените царини на Трамп


  Царините што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп и кои треба да ги обелодени денес или утре, би можеле да го погодат и македонскиот челик, доколку не биде направена некоја отстапка за одделни земји. САД не се во врвот на најголемите македонски надворешно-трговски партнери, според вредноста на размената за минатата година се на 17-то […]

Романскиот претседател поднесе оставка по притисок на популистите


  Романскиот претседател Клаус Јоханис во понеделникот ја објави својата оставка по зголемениот притисок од популистичките опозициски групи, два месеци откако највисокиот суд ги поништи претседателските избори во земјата на Европската унија. „За да ја поштедам Романија од оваа криза, поднесувам оставка како претседател на Романија“, рече тој во емотивното обраќање, додавајќи дека ќе ја […]

Пациенти кои одат на дијализа во ГОБ „8 Септември“ реагираат дека се оставени без превоз


Пациенти кои одат на дијализа во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје реагираат дека се оставени без превоз откако завршил договорот со такси – превозникот. Тие треба да добиваат паричен надоместок за превоз, но според Здружението на бубрежно болни „Нефрон“, од октомври не им се исплатени овие парични средства.  Душко Ѓоргиев од Здружението „Нефрон“ […]

Малолетник нападнат во Центар – останал без јакна и без патики


Денеска, во СВР Скопје, Љ.П.(54) од Скопје пријавила дека во саботата во периодот од 1.30 до 04.20 часот, откако нејзиниот малолетен син излегол од ноќен клуб на подрачјето на Центар, му биле одземени патики и јакна. Според пријавеното, тој бил однесен во Комплексот клини „Мајка Тереза“ каде му била укажана помош. Се работи на расчистување […]

Уапсен градоначалникот на Тирана, Рама ја прекина посетата на Скадар


  Албанските власти денеска го уапсија градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, по што премиерот Еди Рама веднаш ги откажа сите состаноци што требаше да ги одржи во Скадар во текот на денот. Градоначалникот е член на Социјалистичката партија на Рама. Велиај денеска е уапсен од членови на Националното биро за истраги, по наредба на Специјалното […]

Во Битола почна продажбата на станови за 1.000 евра за квадрат


Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење на републиката денеска почна со продажба на 65 станови во станбена единица во градба во Битола. Новата зграда е лоцирана во старата битолска касарна која последнава декада добива нов урбан лик овозможен со детален урбанистички план на овој дел од градот. […]

dm дрогерие маркт распиша конкурс за пријавување на зелени и одржливи проекти


Сакате да придонесете кон зачувување на животната средина и да оставите позитивен печат во вашата локална заедница? На вистинско место сте! dm дрогерие маркт распишува конкурс за пријавување на иновативни, зелени и одржливи проекти, чија реализација ќе биде поддржана од компанијата! Конкурсот ќе трае од 10 февруари до 21 март, а на него можат да се […]

Групата „Пријатели на Западен Балкан“ се среќава во Рим. Има ли некој од Македонија?


  Според најавите и на официјалната страница на Европската унија и од италијанската влада денеска попладне во Рим ќе има министерска средба на групата наречена „Пријатели на Западен Балкан“ на која ќе се расправа за иднината на овој регион и неговите врски со Унијата. Со состанокот ќе претседава италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, […]

Зеленски ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција (МСЦ) на крајот на оваа недела, соопштија денеска организаторите. Тие изразија надеж дека форумот ќе биде искористен како „отскочна даска за напредок кон мирот во Украина“. На дипломатскиот настан кој ќе се одржи од петок до недела ќе учествуваат и претставници на владата на американскиот […]