Полска активира авиони по руските напади


Варшава – Полските вооружени сили утринава соопштија дека Полска активирала авиони за да обезбеди безбедност во областите во близина на границата со Украина, откако Русија изврши воздушни напади врз Украина. Полските сили ја следат ситуацијата, се наведува на Х. Исто така е соопштено дека полските сили веднаш ќе одговорат на какви било закани. Русија во […]

Ѓоковиќ ќе го отклучи катанецот на монденскиот Свети Стефан?


Најуспешниот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ се обидува да помогне повторно да се отвори монденското летувалишта на Јадранот Свети Стефан, кој е затворен од 2021 година, објави црногорски „Вијести“. Тенисерот кој е глобален амбасадор на компанијата „Аман“ која е закупец на градот- хотел Свети Стефан, изјави дека се труди да работи за „општиот интерес“ на Црна […]

Пентагон им забрани на трансродовите лица да се приклучат на војската


Вашингтон – Американската војска повеќе нема да прифаќа трансродови лица и ќе престане да помага во процедурите за промена на полот на своите членови, се вели во писмото доставено до судот од министерот за одбрана Пит Хегсет. „Со примена веднаш, се става пауза на сите нови приеми на лица со историја на родова дисфорија“, се […]

„САД повеќе не се фактор на стабилност, туку ризик поголем од Русија“


Минхен – САД повеќе не се фактор на стабилност, туку претставуваат ризик поради територијалните претензии на претседателот Доналд Трамп кон Гренланд и Панама, како и изјавите дека Канада треба да стане 51-та држава на САД, се вели во извештајот на организаторите на Минхенската безбедносна конференција (МСЦ), што ќе започне на 14 февруари. Извештајот се фокусира […]

Бела куќа: Санкции од САД за Карим Кан, обвинителот на Меѓународниот кривичен суд


Хаг –  Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Карим Кан е првата личност која е засегната од економските и визните санкции наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп против судот поради истрага за воени злосторства од американски граѓани или американски сојузници, соопшти Белата куќа. Кан беше наведен во анекс на извршната наредба вчера што Трамп ја […]

Одри Хепберн до крајот на животот живееше во вила во Швајцарија- сега се продава за 20 милиони долари


Иако никој не може да ја замени Одри Хепберн, сега можете да живеете како славната холивудска легенда. Вила од 18 век во Швајцарија, која некогаш ѝ припаѓала на покојната актерка на My Fair Lady, слета на пазарот со Најт Френк за 19 милиони швајцарски франци (или околу 20,8 милиони долари). Хепберн, која почина во 1993 […]

Аеродром, Сарај и Чаир денеска без струја


ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Сарај и Чаир. – во периодот од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Горно Лисиче во село Долно Лисиче во општина Аеродром; – во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов 49, улицата Тодор Чангов […]

ДПМ ќе објави членови на жири-комисии и добитници на пет годишни награди


Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска на прес-конференција во 12 часот ќе ги соопшти членовите на жири-комисиите задолжени за доделување на годишните награди за 2024 година, како и петмината добитници на наградите. Како што најавија од ДПМ, ќе бидат објавени добитниците на наградите „Стале Попов“ за најдобро прозно дело, „Ацо Шопов“ за најдобра збирка […]

Љутков ќе го соопшти проектот кој ќе не претставува на 19. Биенале на архитектурата во Венеција


 Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска на прес-конференција во Националната галерија – Даут-пашин амам ќе го соопшти проектот кој ќе ја претставува нашата држава на 19. Биенале на архитектурата во Венеција. Годинашното издание на Биеналето на архитектурата во Венеција ќе се одржи од 10 мај до 23 ноември.

Утрото студено, преку денот променливо облачно


 Времето денеска – утрото студено, преку денот променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Во западните делови и особено во југозападните, од пладневните часови ќе има услови за појава на слаб повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 11 февруари 2025 година, 42-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 323 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 35 минути, а ќе зајде во 17 часот и 2 минути. Денов трае 10 часа и 26 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее […]

Трамп потпиша извршни наредби за царини за челик и алуминиум


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп го исполни ветувањето дека ќе воведе царини од 25 отсто на увоз на челик и алуминиум, засилувајќи ја долго ветената трговска војна и покрај предупредувањата од Европа и Кина. Стапува на сила од 12 март. „Денеска ги поедноставувам нашите царини за челик и алуминиум“, рече Трамп во Овалната соба […]

Земјотрес со јачина од 5,3 степени во близина на Санторини – најсилен досега во неколкудневната серија


 Земјотрес со јачина од 5,3 степени беше регистриран кусо по 22 часот по локално време во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите најмалку десет дена, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотреси над 5 степени беа регистрирани синоќа (точно 5 […]

За пет дена, секој втор возач што бил сопрен од полиција направил прекршок


 За пет дена, од 5 444 исконтролирани возачи во Скопје, констатирани се 2 592 прекршоци, што значи дека речиси секој втор кој што бил запрен, сторил некаков прекршок, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што појасни, 195 прекршоци се за немање на возачка дозвола, а вкупно 19 алкохолизирани возачи возеле моторно возило. Тошковски […]

„Сејф сити“ треба да почне да функционира од 1 јануари 2026 година


Системот „Сејф сити“ треба да профункционира од 1 јануари 2026 година, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Тошковски рече дека за овој систем за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци да почне да работи, освен поставување техничка инфраструктура, треба да се усогласат низа закони. Формирана е работна група […]

Зеленски: Тимот на Трамп пристигнува во Украина – се бара начин да заврши војната


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот изјави дека „сериозни“ членови на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја посетат Украина за прв пат оваа недела, бидејќи се интензивираат дипломатските напори за ставање крај на војната со Русија. Зеленски рече дека посетата ќе се случи пред Минхенската безбедносна конференција, која ќе трае од 14 до […]

На состанокот на „Пријателите на Западен Балкан“ бил заменик-министерот Зоран Димитровски


  Не од Министерството за надворешни работи, туку од Демократскиот сојуз стигна соопштение дека Македонија денеска имала свој претставник на министерскиот состанок во Рим на групата „Пријатели на западен Балкан“ со министри од шесте земји на Западен Балкан. На состанокот бил заменикот-министер за надворешни работи, Зоран Димитровски, кој е кадар на Демократскиот сојуз. Домаќин на […]

Економистите гледаат мрачни изгледи за Германија во годините што следат


Економистите и економските експерти гледаат мрачна перспектива за германската економија во годините што доаѓаат, според новото истражување објавено во понеделникот. Студијата спроведена од германскиот институт ifo и швајцарскиот институт за економска политика покажа дека германскиот економски раст веројатно ќе биде под просекот на другите индустријализирани земји не само оваа година, туку и во 2026 и […]

Ќе се справи ли Владата со високите цени: Утре ќе бидат презентирани наодите на инспекциите


На владина седница утре се очекува да се разгледа прашањето за високите цени на прехранбените производи и дали државата ќе преземе чекори за нивна контрола, по граѓанскиот бојкот за пазарење во маркетите изминатите две недели. На утрешната владина седница, како што изјави минатата недела премиерот Христијан Мицкоски, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија треба […]

Српска државјанка го убила сопругот во Грција, го закопала и го пријавила за исчезнат


Во грчкото летувалиште Лептокарија уапсена е државјанка на Србија (34), која е во шестиот месец од бременоста, поради сомнение дека пред пет месеци го убила својот сопруг Костас Сијамитрас (58), а потоа се обидела да го прикрие злосторството, пренесуваат медиумите во соседството. Според грчките медиуми, мажот бил пријавен за исчезнат на 2 септември минатата година, […]