Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: украински области заземени од Русија во замена за Курск


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доколку се одржат преговори би предложил размена на територии што се под контрола на украинските сили во руската Курска област, во замена за враќање на украински територии кои моментално се окупирани од Русија. – Ќе размениме една територија за друга, изјави Зеленски во интервју за британскиот весник Гардијан. Тој […]

Приведени две лица кај кои се пронајдени вкупно 4,5 килограми кокаин


Приведени се две лица кај кои се пронајдени 4,5 килограми кокаин. За нив е побаран притвор и куќен притвор, информираа денеска од Јавното обвинителство. – Како резултат на материјалните и видео докази, обезбедени при претресите во акцијата што под раководство на јавен обвинител беше спроведена на 18 и 19 јануари годинава, во текот на денешниот […]

Оштетувал надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров


Полицијата работи на расчитување на случајот со сквернавење на надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче од страна на едно лице.   – На 10.02.2025 во 13.45 часот во СВР Скопје, неколку граѓани пријавиле дека на 09.02.2025 околу 16.00 часот на гробишта на подрачјето на Ѓорче Петров забележале едно лице како оштетува повеќе надгробни плочи, соопштија од […]

Владата ќе ги ограничи маржите за 100 групи производи, мерката ќе важи до 30 април


  Владата денеска реши да се замрзнат маржите на основните прехранбени и непрехранбени производи, како мерка со која верува дека ќе застане на пат на високите цени во маркетите. Маржите во трговијата на мало ќе се ограничат на 10 отсто, а исто толку и во трговијата на големо. Министерството за економија и труд е задолжено […]

Околу 800 лица се спасиле од одговорност со измените на Кривичниот закон


  Оспорените измени на Кривичниот законик утре ќе се најдат на расправа пред Уставниот суд. Година и половина по поднесената иницијатива, судиите ќе одлучуваат дали намалените казни за злоупотреби на службената положба при јавни набавки се спротивни на владеењето на правото и еднаквоста која ја гарантира Уставот. Подносителот на иницијативата Павле Трајанов вели дека реакцијата […]

Како најважната филмска награда го доби името Оскар?


Малиот златен човек доделен како највисока филмска чест на најважната филмска ноќ има име. Тоа е Оскар. Да, Академијата за филмски уметности и науки, управното тело за блескавите годишни награди, официјално го нарекува Оскар за заслуги. Но, познатата позлатена статуа на витез што држи меч универзално се нарекува Оскар. Привлечниот прекар постои толку долго што […]

Една година по 1.000 денари пониска сметка за струја за ранливите категории граѓани


Владата одлучи да ги субвенционира, односно да ги намали сметките за струја за граѓаните кои спаѓаат во ранлива група, следната година.   – Се донесе и Програмата за заштита на ранлива група на потрошувачи за 2025 година во која се предвидува лицата коишто ги исполнуваат условите коишто се предвидени со оваа програма да се стекнат со […]

Италија има план земјите од Западен Балкан да влезат во ЕУ пред 2030


  Министерот за надворешни работи Италија, Антонио Тајани, предложи поедноставување на процесот за пристапување кон ЕУ, особено на земјите кандидати од Западен Балкан. Во сржта на тој план е зајакнување на постепената интеграција и подобрување на стратешката комуникација. Планот е претставен пред претставниците на ЕУ и балканските министри на вчерашниот состанок на групата „Пријатели на […]

Тргнува исплатата на „Мој ДДВ”


Согласно исплатата на средства за скенираните сметки во периодот октомври – декември 2024 година, ќе се реализира во тек на месец февруари 2025. Сите граѓани имаат право да скенираат фискални сметки и со тоа да остварат поврат и до 2100 денари за едно тромесечие  

Децата и младите започнуваат движење за интернет без омраза


На Меѓународниот ден за побезбеден интернет, Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондацијата Телеком за Македонија објавија партнерство за интернет без врсничко насилство и говор на омраза и движење предводено од деца за похуман дигитален свет. “Преку ова партнерство се стремиме на децата да им дадеме моќ, простор и алатки заеднички да создаваат иницијативи што […]

Европа и Канада лани обезбедиле повеќе помош за Украина од САД


Членките на НАТО ја постигнаа својата цел во 2024 година и обезбедија повеќе од 50 милијарди евра безбедносна помош за Украина, а Европа и Канада придонесоа повеќе од половина, изјави денеска портпаролката на НАТО, Алисон Харт. -Повеќе од половина од ова доаѓа од европските сојузници и од Канада, рече таа, додавајќи дека преостанатата помош за […]

Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски


  Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.  Одлуката, попладнево на прес-конференција, ја соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева. „Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето […]

Ричард Гир од Шпанија предупреди за „силеџијата“ Трамп и „кловновите милионери“ околу него


Гранада – Филмската ѕвезда Ричард Гир остро го критикуваше претседателот Доналд Трамп и предупреди на порастот на авторитаризмот на глобално ниво за време на доделувањето на наградите во Шпанија за време на викендот. „Америка е на „многу темно место“ со „насилникот и силеџија“ Доналд Трамп како претседател“, рече Гир (75), при прифаќањето на трофејот за […]

Сиљановска гледа исчекор со ЕУ, и без преговори ќе ни се отворат три кластери


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека има исчекор и гледа можност за деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес, кој не зависи само од Македонија. „Процесот не зависи само од нас, зашто ние покажавме невидена и нечуена кооперативност кога е во прашање нашата евроинтеграција. Мислам дека треба да се разговара, да се преговара“, вели претседателката. Според нејзините сознанија […]

Влада: Ќе се реновира и доградува болницата „Св. Еразмо“ во Охрид


На денешната седница на Влада се донесе одлука за реконструкција  и изградба на ново крило на болницата „Св. Еразмо ” – Костозглобна во Охрид, објави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт, на неговиот фејсбук профил.  Со денешната одлука предвидени се два милиони евра за оваа намена и со ова, напиша тој, исполнуваме уште едно […]

Овие ѕвезди ќе бидат презентери на Оскарите на 2 март


Хали Бери, Пенелопе Круз, Ел Фенинг, Вупи Голдберг, Скарлет Јохансон, Џон Литгоу, Ејми Полер, Џун Сквиб и Бовен Јанг се новата тура презентери на Оскарите за 2025 година во недела, 2 март, во 19 часот.  Бери, Голдберг и Круз се минатите добитници на Оскар. Во 2001 година, за нејзината улога во Monster’s Ball, Бери стана […]

Италијанската полиција уапси 181 лице во обид да спречи враќање на мафијата во Сицилија


Италијанската полиција изврши серија рации против мафијашки кланови кои дејствуваат во и околу Палермо, Сицилија. Во големата операција учествуваа повеќе од 1.200 полицајци, а воената полиција на Карабинерите соопшти дека акцијата била насочена кон развојот на мафијата во областа. Во рациите, најголеми во последните неколку години, италијанските власти се обидоа да го спречат заживувањето на […]

Сиљановска ја поддржува интерпелацијата на членовите на Судски совет, биле „скандал мајстори“


  Претседателката Гордана Силјановска-Давкова има ист  став со премиерот Христијан Мицкоски за интерпелацијата на членовите на Судскиот совет и очекува по неа тие си поднесат оставки. „Неприфаќањето на извештајот на работата на Судскиот совет од страна на Собранието е еден чекор во нивното делегитимирање“, вели претседателката и додава дека Собранието како орган кој ги бира […]

„Ѓурологија“ во Филхармонија на 17 март – ова ќе биде ,,шио ми га Ѓуро” шоу


Без конкуренција најпосетениот стенд – ап комичар на Балканот на сите времиња, по повод 10 години од почетокот на стенд – апот ЃУРОЛОГИЈА, Бранко Ѓуриќ – Ѓура доаѓа во Скопје на 17 март во Македонска филхармонија со шоу кое се разликува од сите досегашни…., објави !Авалон“. „Ова нема да биде ЃУРОЛОГИЈА. Ова ќе биде ,,шио […]

Од распаднат задник до слепило: Нарачувале филери и ботокс од „Али Експрес“


Распаднат задник од премногу филери, некроза на носот, паднати очни капаци се само некои од последиците што козметичарки, а не доктори аплицираат ботокс и филер во Македонија „Нарачуваат филери од ‘Али експрес’ и сами дома се боцкаат“, „Ни дојде пациентка со распаднат задник од вбризган филер“, „Козметичарка ѝ дала инструкции на пациентката сама дома да […]