Четврто гласање за претседател на Грција


Атина – Пратениците во грчкиот Парламент претпладнево по четврти пат ќе гласаат за претседател на Грција, а со оглед на тоа што на денешното гласање потребно е еден од кандидатите да добие најмалку 151 глас и со фактот што поранешниот собраниски спикер и кандидат од Нова демократија Константинос Тасулас при првите три гласања доби 160 […]

Белата куќа го разреши генералниот инспектор на УСАИД


Вашингтон- Белата куќа го разреши генералниот инспектор на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) Пол Мартин. Генералните инспектори вршат надзорни функции и имаат задача да спречат измама и злоупотреба во владините служби.  Maртин беше назанчен на функцијата во 2023 година. Отказот го добил по е-пошта, јавија американските медиуми. Канцеларијата на Мартин во понеделникот објави извештај во […]

Измените на Кривичниот законик од 2023 година на седница на Уставен суд


Уставниот суд денеска на седница ќе расправа за оспорениот Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик од 2023 година, по поднесена иницијатива од претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов. Во иницијативата, Трајанов наведува дека оспорените законски измени се спротивни на владеењето на правото, заштитата на правото на сопственост и еднаквоста која ја промовира Уставот. […]

Дончиќ донира половина милион долари на Лос Анџелес


Лос Анџелес – Новата суперѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, направи голем гест на благодарност откако даде донација од 500.000 долари, наменети за хуманитарна помош по шумските пожари кои ја опустошија Јужна Калифорнија и особено Лос Анџелес. -Беше толку тажно да се види и да се дознае за разорната штета што шумските пожари ја […]

Реал Мадрид го победи Манчестер Сити, Јувентус и Борусија Дортмунд ги добија првите натпревари од плејофот во ЛШ


Манчестер – Спектакуларен натпревар одиграа синоќа Манчестер Сити и Реал Мадрид.  „Граѓаните“ двапати водеа на „Етихад“, но европскиот првак дојде до пресврт во последните минути од натпреварот.  Победи остварија и Јувентус и Борусија Дортмунд, како и Пари Сен Жермен во првиот дуел од 18 часот и 45 минути. Резултати од првиот натпревар од плеј-офот во […]

Студено утро, преку ден умерено до значително облачно


Наутро студено, преку ден умерено до значително облачно. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има повремени локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 12 февруари 2025 година, 43-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 322 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 34 минути, а ќе зајде во 17 часот и 3 минути. Денов трае 10 часа и 29 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина, нема да изгрее […]

Таравари: ВЛЕН ги задржа сите позиции што ги имаше ДУИ во одбраната


Министерот за здравство Арбен Таравари ги коментираше обвинувањата на ДУИ за намалување на застапеноста на Албанците во Министерството за одбрана. Во емисијата „Дијалог те Лајми“ Таравари рече дека ВЛЕН ги зачувал сите албански позиции во Министерството за одбрана од времето на ДУИ. „Министерот за одбрана ми рече, ги имате  сите позиции што ги имаше ДУИ. […]

Утре ГТЦ без вода


Од „Водовод и канализација“ Скопје известуваат дека утре (среда) поради уличен дефект Ф-80мм на ул. „Филип Втори“ пред ГТЦ во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ГТЦ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8 часот до санирање на дефектот.             

Косовското Обвинителство започнува истрага заради техничките проблеми на сајтот на ЦИК


Основното Обвинителство во Приштина ја овласти косовската полиција да започне истрага за паѓањето на веб-страницата на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово, што се случи за време на пребројувањето на гласовите од парламентарните избори одржани во неделата. „Соопштуваме дека Основното обвинителство во Приштина ја овласти косовската полиција да преземе истражни дејствија или мерки во соработка […]

СДСМ за ограничување на маржите: ВМРО-ДПМНЕ донесе мерки кои во опозиција ги критикуваше


Опозициската СДСМ денеска реагираше на најавената мерка на Владата за ограничување на маржите на основните прехранбени и непрехранбени производи, оценувајќи дека под притисок на јавноста донесе мерки кои како прв опозиционер жестоко ги критикуваше. „Со носење на мерки за замрзнување на маржите, Мицкоски конечно реши да ги признае сите економски политики и мерки на СДСМ […]

Утре или најдоцна задутре Министерството за економија треба да ја достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите


Министерството за економија утре или најдоцна задутре треба да ја достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи до Владата. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вечерва изјави дека ќе бидат опфатени производите од есенската потрошувачка кошничка надололнети со непрехранбени производи кај кои се зголемени високи маржи.   – Ќе има околу 100 […]

Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон


Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во писмена изјава дадена по одлуката на Владата да покрене постапка за негово разрешување вели дека секогаш работел согласно закон. – Од она што имав прилика да го прочитам по медиумите, причина за одлуката на Владата била тоа што изборот на раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје бил наводно незаконски. […]

Пожар во куќа откри дека жената која живеела во неа ја нема и никој не знае каде е


СВР Велес превзема мерки за пронаоѓање на 82 годишната М.А од село Бистрица, општина Чашка, чија куќа целосно изгоре во пожар на 5 февруари вечерта околу 22 часот. Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, на местото на настанот вечерта на 5 февруари во селото Бистрица, излегле јавен обвинител и увидна екипа […]

Силен земјотрес во Далмација, луѓето во паника бегаат од домовите


Силен земјотрес вечерва го погоди северот на Далмација во Хрватска. Во 18 часот и 43 минути сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа силен земјотрес со епицентар на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица. Магнитудата на земјотресот бил 4,8 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил VI степени според ЕМС. Засега нема […]

По земјотресите на Санторини, морето во Измир се повлекло 200 метри


По серијата земјотреси во Санторини, морето во Измир и многу други места долж брегот на Егејското Море се повлече за повеќе од 200 метри, објавија турските медиуми. Морето се повлекува од 8-ми февруари, а денес се повлече за повеќе од 300 метри во областа Чешме и пристаништето Алачати, а нивото на водата во областа Дикили […]

Русија е подготвен да произведува авиони од петта генерација Су-57 во Индија


 Портпаролот на рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“ изјави дека Русија е подготвен да произведува борбени авиони од петта генерација Су-57 во Индија за потребите на индиските воздухопловни сили. Тој додаде дека производството на авионите би можело да почне уште годинава, ако Владата на Индија го прифати предлогот. – Изработката на авионите во Индија, со […]

Турција ги укина ограничувањата за увоз од Сирија


Турција ги укина ограничувањата за увоз на стоки од Сирија, објави портпаролот на Сириската управа за копнени и морски премини, Мазен Алуш. Изјавата е дадена по средбата меѓу Алуш и претставници на турското Министерство за трговија. По падот на режимот на Башар ал Асад во декември минатата година, Турција и Сирија се договорија да ги […]

Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа


Разузнавачката служба на Данска во денешниот извештај наведува дека Русија може да биде целосно подготвена за војна против Европа пет години од завршувањето на војната во Украина. Во извештајот се посочува дека врз основа на анализите за заканите, САД нема да учествува заедно со земјите-членки на НАТО во таквата војна. Според данската разузнавачка служба Русија […]

Роули: Апсурдно е да не може да се отпушти полицаец обвинет за силување


Комесарот на лондонската полиција Марк Роули изјави дека е апсурдна судската одлука да не може полицајците да добијат отказ дури и ако се обвинети за силување или други тешки кривични дела. Неговата изјава уследи откако денеска Врховниот суд ја поништи одлуката за одземање на дозволата на наредник, кој беше обвинет за силување и имаше други […]