Владата решена да го разреши Коцевски, со реална или измислена причина


До Советот на јавни обвинители досега не е доставен предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски – изјави претседателката на Советот, Душица Димитриеска, по вчерашната одлука со која Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на републичкиот јавен обвинител. Додаде дека во врска со иницијативата Советот ќе постапува согласно […]

Македонија има хероини кои ќе ги инспирираат новите генерации


Во присуство на хероини од сите генерации и претставници од семејствата на силните жени што веќе не се меѓу нас, синоќа  (11 февруари) во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, беше промовирана новата книга за деца и млади „Се викам храброст“. Книгата, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 50 инспиративни приказни од […]

Падот на млекопроизводството е резултат на погрешни политики, смета Трипуновски


Имаме сериозен пад на млекопроизводството и тоа е резултат на погрешни политики, смета министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Тој рече дека тоа било во минатото, а изминатите шест – седум месеци како власт, нагласи, работат интензивно за да се врати сточарството, како и млекопроизводството, меѓу другото. Тој одговарајќи на пратеничко прашање, демантираше […]

Прес-конференција на Уставен суд и претседателот Дарко Костадиновски (во живо)


Прес-конференција на претседателот на Уставениот суд Дарко Костадиновски. Уставниот суд денеска на седница одлучи да поведе постапка за измените на Кривичниот законик, соопштија од судот.

Етногастрономијата и винскиот туризам се шанса за македонската туристичка понуда


Еногастрономијата не е само уметност на вкусовите, туку и мост што ги поврзува традицијата и современоста, локалното и глобалното. Со инвестирање во инфраструктурата, образованието и маркетингот, државата може да стане регионален лидер во еногастрономската индустрија. Еногастрономскиот туризам има потенцијал и претставува клучен фактор за стимулирање на локалните економии, што е особено важно за една мала […]

Паника на пазарот: Цените на кафето достигнаа највисоко ниво на сите времиња


Фјучерсите за кафе Арабика достигнаа рекордно високо ниво 13-та трговска сесија по ред. Извештаите за систем за суво и топло време што се формира над регионите на кафе во Бразил помогнаа да се зголемат цените, бидејќи земјоделците во најголемиот светски производител не сакаат да продаваат, известува Clix. „Конечно, започна паниката, цените ќе продолжат да растат. […]

Уставниот суд поведе постапка за измените на Кривичниот законик


  Уставниот суд одлучи да поведе постапка за измените на Кривичниот законик, соопштија од судот. Одлуката следува по денешната седница на која Уставниот суд расправаше за иницијативата за измените на Кривичниот законик од септември 2023 година кои вклучуваа намалување на казните за функционерите, што предизвика реакции и спротивставени мислења за уставноста на законот. Мнозинството од судиите на седницата […]

Дурмиши: Во октомври и ноември се бележи пад на цените заради мерките на Владата


Пратеничката Дијана Тоска од Европскиот фронт на денешната собраниска седница од министерот за економија труд, Бесар Дурмиши побара да појасни како е дојдено до бројките дека има намалување на цените во малопродажбата кога анализите сè уште не се готови, а граѓаните се жалат на високите цени. Министерот Дурмиши напомена дека уште во октомври биле преземени […]

Шведската влада: Училиштата и предучилишните установи ќе мора да ги зголемат безбедносните мерки


Сите шведски училишта и предучилишни установи ќе мора да направат безбедносни планови со цел да ги задржат неовластените лица подалеку од нивните простории, соопшти денеска шведската Влада. „На пример, тоа би можело да вклучува… регистар за упис, контроли и систем за заклучување на вратите“, рече министерот за образование Јохан Персон, но додаде дека на училиштата […]

„На небото има реки“ – пристигна новиот роман на Елиф Шафак во ТРИ


„На небото има реки“, најновиот роман на турско-британската современа авторка Елиф Шафак од денес на македонски јазик во ТРИ. „Слоевито како бранови и прекршено и течно како животот, делото на Шафак носи бистри екокоментари за (не)грижата кон водните извори и за катастрофите кои ќе нѐ поплават, ако не ги смениме своите лоши навики. Популарноста на […]

Мицкоски: Најпрвин економски да зајакне државата, а потоа да се отвораат конзулати во Корча и на други места


  Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека стратегија на Владата е најпрвин економски да се зајакне земјава, а потоа од консолидираните пари да се отвори македонски конзулат не само во во Корча, туку и во други земји во светот. „Резултат на таа економска бездна во која што ние се наоѓаме се токму оние 180 евра буџет […]

Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов за убиството на Емилија Пешева


Основниот суд во Штип денеска му изрече доживотна казна затвор на Фадил Зејнелов за убиството на 29-годишната Емилија Пешева.  На претходното рочиште пред два дена сега осудениот Зејнелов призна вина за убиството на неговата партнерка Пешева. Како што кажа тогаш, мотивот за извршеното убиство на 1 ноември минатата година е неверство.  Обвинителот и адвокатите на […]

Деветнаесет филма во трка за „Златна мечка“ на Берлинале


Берлин – Во Берлин утре почнува 75. Меѓународен филмски фестивал „Берлинале“. За главната награда „Златна мечка“ за најдобар филм се натпреваруваат 19 остварувања од целиот свет. Фестивалот ќе го одбележи првото издание со Триша Татл на чело. Татл ги замени поранешните двојни директори на фестивалот Карло Чатријан и Мариет Рисенбек. Татл беше последен шеф на […]

Казни за загадувачите во Струмица


Општинскиот инспекторат за животна средина продолжува со изрекување казни за загадувачите во Струмица според законите за животна средина и управување со отпадот. Како што информираа од Општина Струмица, вчера од двата извршени инспекциски надзори кај две компании констатирани се неправилности и инспекторите им наложиле да ги отстранат истите. Едно лице вчера било затекнато од комуналните […]

„Макстил“ ќе си ги бара 4,3-те милиони евра од солидарниот данок, најверојатно ќе ги прости каматите


Скопски „Макстил“, компанијата која плати најголем износ за солидарен данок од дури 4,3 милиони евра, нема намера да ѝ ги прости овие пари на државата, иако, најверојатно ќе се откаже од побарувањето за камати што инаку ѝ следува. Исто така, подготвени се да разговараат за динамиката за поварт на овие средства со Министерството за финансии. […]

Константинос Тасулас избран за претседател на Грција


Поранешниот претседател на грчкиот парламент, Константинос Тасулас, денеска е избран за нов шеф на државата, а ќе ја наследи Катерина Сакеларопулу, чиј петгодишен мандат истекува во март, објави порталот „Катимерини“. Шеесет и шестгодишниот Тасулас, адвокат и татко на две деца, е пратеник од 2000 година, а претходно раководеше со Министерството за култура и ја извршуваше […]

Астрономски феномени во 2025 година: Од смешковци на небото до големи затемнувања


2025 година носи спектакуларни астрономски настани кои ќе ги воодушеват љубителите на вселената и ноќното небо. Од ретки затемнувања, метеорски дождови, до специјално небесно „смајли“. Еден од најубавите астрономски феномени во годината не очекува на 25 април. Во раните утрински часови, тенката полумесечина на Месечината што опаѓа ќе се усогласи со Венера и Сатурн, формирајќи […]

Кремљ: Русија никогаш нема да ги замени украинските територии за области под контрола на Киев во Курск


Кремљ денеска соопшти дека Русија никогаш нема да разговара за размена на украинските територии што ги зазеде за областите под контрола на Киев во руската област Курск. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за весникот Гардијан дека тој има намера да и понуди на Русија размена на територии за да се стави крај на војната, вклучувајќи […]

Пожар избувна во куќа во центарот на Штип


 Во куќа на улицата „Мирче Ацев“ во централното градско подрачје на Штип претпладнево избувна пожар. Нема повредени во пожарот. Десет пожарникари со три возила го гаснеа пожарот, кој ја зафати кровната конструкција на куќата. Според информациите од командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов пожарот е ставен под контрола.  Дополнително ќе се утврдува за причините на пожарот. 

Мнозинство од уставните судии ги спори измените на Кривичниот закон


Расправата во Уставниот суд за измените на Кривичниот закон, со кој се спасија од одговорност околу 800 обвинети, се уште трае. Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски кажа дека измените на Кривичниот законик со кои преку ноќ се запреа кривичните гонења за корупција направиле непоправлива штета на правниот поредок и невиден упад во судскиот систем. […]