Собранието ги разреши директорите на Агенцијата за администрација и на Агенцијата за квалитет во високото образование


Собранието попладнево во рамки на 34. седница ја донесе Одлуката за разрешување на директорот на Агенцијата за администрација Спасе Глигоров и на неговиот заменик Агрон Сефери. Донесена беше и Одлуката за разрешување на директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование Расим Зуфери.  Пред изгласувањето на одлуките претходеа куси расправи.   Талат Џафери и Блерим Беџети […]

Австрија: Пропаднаа разговорите за нова влада, крајната десница се откажа


  Лидерот на австриската крајна десница Херберт Кикл се откажа од својата шанса да формира нова коалициска влада во Виена, откако преговорите со конзервативната Народна партија (ОВП) пропаднаа. Лидерот на Партијата на слободата (ФПО), Кикл, преку писмо го извести австрискиот претседател Александар Ван дер Белен за неговата одлука, велејќи дека иако неговата партија се сретна […]

Во Грција делумно излетал од шини дел од товарен воз на пругата Гевгелија за Солун, линијата може да остане затворена два месеци


  Дел од втората локомотива на товарен воз што сообраќал од Гевгелија за Солун, синоќа делумно излетал од шините во близина на градот Поликастро во северна Грција, а според генералниот секретар на синдикатот на вработени во Организацијата на грчките железници (ОСЕ) поради нанесената штета на шините за околу две месеци ќе биде затворена рутата Скопје-Солун, […]

Инфлацијата во САД расте четврти месец по ред


  Инфлацијата во САД се зголеми четврти месец по ред во јануари во услови на нов пораст на трошоците за храна и енергија, што веројатно ја постави основата за една година за забавување на растот на потрошувачките цени, бидејќи претседателот Трамп воведува огромен број увозни царини. Основната мерка за инфлација, исто така, забрза. Некои економисти […]

Странските инвеститори со години се соочуваат со исти проблеми, најголем е недостигот на работна сила


Од постојните странски инвеститори во државава лани 38 отсто имале зголемен обем на работа, а 62 отсто намален. Дури 51 отсто од нив се соочиле со недостиг на соодветно квалификувана работна сила, а 49 проценти имале зголемени оперативни трошоци што го истакнале како проблем, покажуваат резултатите од Анкетата за странските директни инвестиции за 2024 година […]

Мицкоски очекува „драматично поевтинување“ на производите кои имаат високи маржи


Премиерот Христијан Мицкоски очекува производите кои што се опфатени со владината мерка за ограничување на маржите да поевтинат, особено оние каде што маржите се повисоки. „Очекувам, апсолутно да. Во текот на вчерашниот ден имавме седница на Владата на којашто од страна на министерот за економија и труд добивме исцрпен брифинг, но истовремено би рекол и […]

Прилепскиот Совет донесе одлука за меѓуопштинска соработка за регионална депонија во Новаци


Прилепскиот Совет на денешната седница  едногласно го прифати предлогот за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу општините Новаци, Прилеп, Битола, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Битола, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод како дел од процесот за отворање на Регионалната депонија во Новаци. Оваа одлука на Советот доаѓа по […]

Вулканот Килауеа на Хаваите повторно почна да исфрла лава


Вулканот Килауеа на Хаваите, еден од најактивните во светот, повторно почна да исфрла лава на Големиот остров во тој архипелаг, објавија денеска американските медиуми. Овој вулкан, на околу 320 километри од главниот град Хонолулу, исфрла лава наизменично речиси два месеци, од 23 декември, пренесува „Ен-би-си њуз“. Засега ниту едно населено место не е во опасност […]

Почина Лукреција Брешковиќ, позната по улогата во серијата „Вила Марија“


Хрватската актерка Лукреција Брешковиќ починала на 85-годишна возраст во Загреб. Брешковиќ е родена на 30 август 1940 година во Дубровник. Гимназија и средното музичко училиште завршила во Дубровник, а дипломирала соло пеење во 1964 година на Музичката академија во Загреб. Започнала да настапува додека била студентка како член на ансамблот „Музика Нова“, потоа член на […]

Од Џо Кокер до Мараја Кери: Ова се номинираните за влез во Рокенрол холот на славните


Деновиве Рокенрол холот на славните во Кливленд објави список на уметници кои се кандидати за влез во престижното друштво. Оваа година, 8 од 15-те номинирани првпат се на гласачкото ливче. Меѓу нив Bad Company, Chubby Checker, Outkast, Maná и покојниот Џо Кокер,Black Crowes, Billy Idol и Phish , како и шест музичари, претходно номинирани: Мараја […]

Пратениците се одлепиле од реалноста кога гласале за Кривичниот закон, порача Костадиновски


Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, оцени дека пратениците кога гласале за оспорените измени на Кривичниот закон се „апстрахирале од реалноста“, што тој ја опиша како држава со „корупција од пандемиски размери, дефицит на одговорност и суфицит на неказнивост“. Тој на прес конференција соопшти дека Уставниот суд, имајќи ја во предвид реалноста во земјата и […]

Враќањето на границите на Украина пред 2014 е „нереално“, изјави американскиот министер за одбрана


  Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет во средата рече дека е „нереално“ и „илузорно“ да се стремиме кон враќање на границите на Украина како што беа пред 2014 година, кога Русија го анектираше Крим и ги поддржа сепаратистите кои зазедоа делови од источниот дел на земјата. Забелешките се досега најјасен показател дека Соединетите Држави […]

Дајмонд мол организира Саем на виното и чоколадото по повод празникот на љубовта и виното


Дајмонд мол, омилената дестинација за шопинг и забава во срцето на Скопје, оваа година подготвува незаборавно празнично искуство. По повод Денот на виното и љубовта, во периодот од 13 до 16 февруари 2025 година, посетителите ќе имаат можност да уживаат во Саемот на виното и чоколадото, каде што ќе се спојат врвни вкусови и празнична […]

Трамп го прими во Белата куќа американскиот учител ослободен од Русија


Американскиот претседател Доналд Трамп го пречека американскиот учител Марк Фогел во Белата куќа доцна синоќа, откако Фогел беше ослободен од Русија каде што беше притворен од август 2021 година поради внесување на медицински препишана марихуана во земјата. „Се чувствувам како најсреќниот човек на Земјата во моментов“, рече Фогел додека стоеше до Трамп. Фогел ги пофали […]

Ристески: Стимулираме отворање нови бизниси, самовработувања, помош на малите и средни претпријатија


На средба со стопанственици од Битола, заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска истакна дека со проекти се стимулира отворање нови бизниси, самовработување, помош на малите и средни претпријатија, а со тоа и развој на нови технологии и нови начини на производство и претприемништво.  Ристески посочи дека Министерството за економија и труд во […]

Преку системот на Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционери


Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, преку јавниот обвинител за врски на Република Северна Македонија со Европравда одржало претходно договорен онлајн состанок со претставници на специјализираниот аналитички центар на Европол надлежен за борба против корупцијата со цел разгледување на можностите за воспоставување продлабочена соработка во предмети од областа на корупцијата. – Врз основа на заклучоците […]

Со парите од ќеси, ќе се едуцира народот за правилно постапување со отпад


Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во текот на февруари ќе се одржат осум јавни презентации на националната кампањата „Позитивна промена“ која има за цел подигање на јавната свест и едукација за правилно постапување со отпадот. Презентациите ќе се одржат во по една општина од секој плански регион во државата и тоа […]

Совршен ручек: Ѓувеч на малку поинаков начин


Ѓувеч на малку поинаков начин што ќе го сака целото семејство Состојки: 4 модри патлиџани, 500 гр компири, 500 гр печурки, 3 јајца, 200 гр павлака, 1 главица кромид, 1 дл масло, 20 гр презла, 1 дл сок од домати, 30 гр пармезан, сок од 1/2 лимон, сол бибер. Подготовка: Модрите модри патлиџани измијте ги […]

Мицкоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ разговараат за промена на државниот грб


  Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска потврди дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Вреди го отвориле прашањето за промена на државниот грб.  „Ние ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што сѐ уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации“, рече Мицкоски. Првиот договор за такво нешто […]

Оскаровската Гала вечер во МНТ ќе наликува на музичко филмска бајка


Вистинска филмска магија ќе се случува на 22. февруари, сабота во МНТ во Скопје кога ќе се одржи втората Оскаровска Гала вечер. На концертот ќе бидат изведени песни кои влегле во филмската историја и биле номинирани и наградени со Оскар. Ќе ги исполнат врвни македонски пејачи, Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска (South Park), Горан Наумовски, […]