ДУИ прашува каде завршиле 1,2 милиони евра од граѓаните на Чаир


Изјавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека 1,2 милиони евра собрани од даноците на граѓаните на Чаир не се знае каде се потрошени, според ДУИ, претставува огромен скандал и бара итна и транспарентна истрага. „Обвинувањето дека толку голема сума јавни средства нема јасна намена укажува на сериозна злоупотреба на народните пари и скандалозно лошо […]

СДСМ денес ќе предаде докази против Меџити во Владата


СДСМ преку писмено соопштение извести дека денеска  во Владата ќе му достави документи на премиерот Христијан Мицкоски за скандалот со Меџити. „СДСМ чувствува одговорност да реагира веднаш откако премиерот Мицкоски јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата“, велат од партијата. Од СДСМ најавија и изјава пред […]

Бил Клинтон ја откри најмрачната тајна на Путин


Почетокот на претседателскиот мандат на Владимир Путин беше означен со голема катастрофа на нуклеарната подморница Курск, кога загинаа 118 луѓе. Поранешниот американски претседател Бил Клинтон откри 25 години подоцна дека има докази дека Путин ги жртвувал своите морнари за да ги чува нуклеарните тајни на Русија подалеку од Америка.Тоа беше најсмртоносната подморска несреќа во руската […]

Дете удрено со мотор зад „Скопјанка“, жителите бараат соодветна сигнализација на улицата


Дете е удрено со мотор на уличка зад Трговскиот центар „Скопјанка“ во скопски Аеродром. Ова беше споделено во фејсбук групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“ каде беше побарано токму оваа улица да биде соодветно означена со сообраќајни знаци и пешаки премин.  Граѓаните велат дека иако е еднонасична, по улицата се вози во двата правци на одреден дел.  […]

„Волво“ удри во семафор, па во пешак синоќа на „Гологанов“, возачот избегал


Полицијата со детали за сообраќајната несреќа што се случи доцна синоќа, половина час пред полноќ. – На 24.02.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Њуделхиска“, патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, удрило во семафор и во пешакот Г.Ц.(52) од Скопје, по што возачот го […]

„Тоа не е точно“: Трамп за пишувањата дека се затвора американската база во Александруполи


Тоа не е точно, одговори американскиот претседател Доналд Трамп, во однос на натписите во медиумите дека САД ќе ја затворат воената база во грчкиот град Александруполи, откако претходно се консултираше со државниот секретар Марко Рубио и државниот секретар за одбрана Пит Хегсет, јави дописничката на МИА од Атина. За време на средбата со францускиот претседател […]

Модернизацијата на охридскиот аеродром и реконструкцијата на Воената болница ќе ја финансира ТАВ


Проектот за модернизација на охридскиот аеродром и реконструкцијата и адаптација на Воената болница во вредност од 12, 7 милиони евра ќе го финансира компанијата ТАВ како обврска што ја има од Договорот за концесија. Нелогично е зошто досега никој од претходните Влади не побарале од компанијата да ги заврши обврските од договорот, истакна вицепремиерот Александар […]

Прв попис во Ирак по 40 години – популацијата нараснала до 46,1 милиона жители


Според првиот попис во Ирак спроведен по речиси 40 години, земјата има 46,1 милиони жители. Во 2009 година, проценетата бројка на жители во земјата беше 31,6 милиони. Ирачките власти го нарекоа бројот на населението пресвртница и рекоа дека тоа ќе обезбеди основни податоци за идно планирање и распределба на ресурсите. Тие наведоа дека пописот дава […]

Средба на Ангеловска-Бежоска со Марникс ван Рај: Политиките на централната банка придонесуваат за макроекономската стабилност


Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со Марникс ван Рај, заменик извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој е во посета на нашата земја во рамките на редовната мисија на ММФ за оцена на макроекономските политики на земјата. На средбата се зборуваше за политиките на централната банка во изминатиот период на последователни кризи, како и […]

Стариот струмички театар се гради 11 години, ново ветување дека ќе биде завршен догодина


 Годинава ќе продолжи изградбата на стариот струмички театар, кој почна да се гради кон крајот на 2014 година и треба да биде предаден во употреба до крајот на 2026 година. Ова го најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на прогласувањето на Гевгелија за град на културата за оваа година на почетокот на февруари. […]

Меѓународен тендер во Грција за истражување и експлоатација на јаглеводороди во Јонското Море


Со одлука на министерот за животна средина и енергетика на Грција Теодорос Скилакакис распишан е меѓународен тендер за доделување лиценца за истражување и експлоатација на јаглеводороди во јужниот дел на Јонското Море, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Министерството за животна средина и енергетика на Грција, тендерот се однесува на морските […]

Доаѓа промена на Gmail која ќе влијае на милијарди корисници


Google се подготвува да го промени процесот на пријавување за речиси две милијарди корисници на Gmail, како дел од големата безбедносна надградба на својата услуга за е-пошта. Методот на СМС текстуална порака што Google го користи за да го потврди идентитетот на корисниците на Gmail ќе биде укинат во следните неколку месеци. Ќе биде заменет […]

Марс некогаш имал плажи и крајбрежја како оние на Земјата


Научниците и истражувачите објавија нови информации кои ги утврдиле со анализа на податоците од Марс, наведувајќи дека Црвената планета некогаш имала плажи. Иако Марс во моментов не изгледа како планета со плажи и услови за живот, кинескиот ровер Zhurong забележал докази за древно крајбрежје. Според меѓународниот тим на истражувачи, гребените се доказ за древни плажи […]

Финансиски хороскоп за март! Добивка за Овенот, нов извор на приход за Водолиите


Дознајте што ви подготвиле ѕвездите на финансиски план во месец март. Овен (21 март – 19 април) Март носи стабилност во финансиите. Можни се неочекувани приходи или добивка. Сепак, бидете внимателни со импулсивно трошење и внимателно планирајте го вашиот буџет. Бик (20 април – 20 мај) Овој месец очекувајте стабилни финансии. Размислете за долгорочни инвестиции […]

Полска ги подигна авионите како резултат на жесток руски напад врз Киев


Само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин прави сѐ за да ја прекине војната во Украина, неговите сили го нападнаа Киев. Како што пренесуваат руските медиуми Русија ја гаѓаше украинската престолнина од воздух, повредувајќи една 44-годишна жена и оштетувајќи неколку куќи, според украинските власти. Целосниот опсег на нападот […]

Трамп ја укина наредбата за пријава на кршење на меѓународното право со оружје испорачано од САД


Администрацијата на Трамп ја укина наредбата од времето на Бајден со која се бараше да се пријават потенцијални прекршувања на меѓународното право поврзани со оружје што Америка им го доставила на сојузниците, вклучително и Израел, информираа двајца американски функционери. Станува збор за Меморандумот за национална безбедност-20, кој поранешниот претседател Џо Бајден го потпиша во февруари […]

Манчестер јунајтед ќе го намали персоналот и ќе ги затвори канцелариите ширум светот


Раководството на Манчестер јунајтед планираат големи отпуштања меѓу својот скаутинг персонал. Тоа е дел од следната рунда на намалувања во клубот, пишува Лук Едвардс во „The Telegraph“. Сопствениците на клубот размислуваат и за затворање на канцеларии ширум светот, вклучувајќи ја филијалата во Лондон и канцелариите во странство, како што е Хонг Конг. Претходно беше објавено […]

Галатасарај ќе покрене кривична постапка против Мурињо


Истанбул – Галатасарај го критикуваше тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо по натпреварот од 25. коло во турскиот шампионат (0:0). По натпреварот, Мурињо изјави дека во еден инцидент претставниците на противникот „скокале на клупата како мајмуни“. – Од самиот почеток на својата работа во Турција, Мурињо постојано дава погрдни изјави за турскиот народ. Неговите изјави од неморални […]

Подемот на радикалната и екстремната десница во Европа


Рекорден резултат на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) на парламентарните избори во неделата е продолжување на подемот на радикалната, националистичка или екстремна десница во последните години во Европа, пишува Франс прес. На власт во Италија и Унгарија Во Италија, Џорџија Мелони, чија тврдодесничарска популистичка партија „Браќата на Италија“ извојува историска победа на парламентарните […]

Си игра ли Мицкоски американско-руски рулет


Можат претседателите на најмоќните светски велесили, Доналд Трамп и Владимир Путин, да ја кројат светската и европската мапа како што сакаат, штом на пристојна одалеченост внимателно со воздржаност им е на припомош и кинескиот претседател Ши Џинпинг. Можат да склучат мир по нивна мерка кој до каде ќе се протега. Им се може  да прогласуваат […]