Уставниот суд ќе ги „дисциплинира“ законодавците околу цензусот за независните


Уставниот суд, со мнозинство гласови, донесе одлука и поведе постапка за оцена на уставноста на членовите 17 и 18 од измените на Изборниот законик. Претседателот Дарко Костадиновски изјави дека судот има сомнежи во уставноста на овие измени, бидејќи тие повредуваат темелни вредности како владеењето на правото и политичкиот плурализам, како и принципот на еднаквост на […]

Во Албанија минатата година запленет имот вреден 59 милиони евра


Првиот човек на СПАК, Алтин Думани, го истакна напредокот постигнат во борбата против перењето пари и организираниот криминал, откривајќи дека вредноста на запленетите и конфискувани средства за 2024 година изнесува 59 милиони евра. Според него од вкупниот износ, 10 милиони отпаѓаат на криптовалути, што „масовно се користат од криминалните организации“. Борбата на СПАК против перењето […]

Трамп капитулаторот


Како и лидерите на големите европски сили во 1938 година, Доналд Трамп и Владимир Путин се категорични дека помалата суверена сила во центарот на спорот да не биде вклучена во разговорите за сопствената иднина. Под такви поволни околности, Кремљ ги има сите причини да притисне за максимални барања Ќе успее ли американскиот претседател Доналд Трамп […]

Членовите на Судскиот совет не даваат оставки, бараат индивидуална одговорност


Тања Чачарова Илиевска,  која е меѓу петте членови на Судскиот совет за кои се поднесени поединечни интерплации до Собранието од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, нема да поднесе оставка, без оглед на исходот. -Тврдам дека најсовесно и чесно ја извршував функцијата член на Судски совет и не чувствувам ниту морална ниту професионална одговорност […]

Во Скопје од 7 март до почетокот на април ќе се слави Месецот на Франкофонијата


Со разнолика филмска програма, концерти и изложби во Скопје од 7 март до 8 април, а на 17 април и во Битола ќе се слави Месецот на Франкофонијата. Македонија е полноправна членка на оваа Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006, а во неа се обединети 93 земји. Со гала филмска вечер и проекцијата на францускиот […]

Штипски средношколци со розови маици маршираа низ улиците против врсничкото насилство


Средношколците од Средното општинско училиште (СОУ) „Коле Нехтенин“ денеска маршираа низ улиците по повод Денот на розевата маица, кога се крева гласот против врсничкото насилство. Тие во розеви маички маршираа до Основното општинско училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“ во Штип, а во оваа активност ги вклучија и учениците од ова училиште, кое е и најголемо во […]

Додик: Од денеска веќе ја нема БиХ, да дојде Вучиќ и да се договориме што ќе правиме


  Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, им се обрати на насобраните на митингот за поддршка во Бања Лука и упати сериозни обвинувања против судијата на Судот на БиХ, Сена Узуновиќ. „Кога ќе го видите Шмит, повикајте полиција за да можеме да го уапсиме и да го избркаме одовде. Тој не заслужува да помине низ […]

Жена пријавила дека ќерка ѝ била сосила држана во стан близу Гостивар


СВР Тетово информира дека вчера (25.02.2025) во 13.45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода 47 годишниот Ш.Ј. и 55 годишниот Ф.Т. од гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од 51-годишна жена од гостиварско, дека против нејзина волја од 24.02.2025 до пријавувањето ја држеле нејзината 21-годишна ќерка во стан во близина во Гостивар. […]

Муцунски се жали: Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика


Министерството за надворешни работи и надворешна трговија реагира на, како што се наведува во соопштението, „јавните напади на претседателот на СДСМ, Венко Филипче изнесени на денешната прес конференција, во текот на која изнесе низа навреди и произведе неодговорни и произволни заклучоци со кои во основа покажа недоволно познавање на меѓународната политика и целосно ги запостави […]

На црната листа на САД има 46 лица и компании од Македонија


  Соединетите Американски Држави (САД) имаат 398 активни санкции за поединци, компании и организации од Западен Балкан, според податоците од 31 јануари 2025 година, според истражувањето на Гласот на Америка. Убедливо најголем број санкции се однесуваат на Босна и Херцеговина (БиХ) – 177, потоа Србија (80), Косово (60), Северна Македонија (46), Албанија (23) и Црна […]

Трамп се закани дека ќе ги тужи медиумите кои користат информации од „анонимни извори“


 Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе ги тужи медиумите, новинарите и уредниците кои се повикуваат на „анонимни извори“. Ќе гонам некои од овие автори и уредници на нечесни книги, па дури и медиуми, за да откријам дали овие „анонимни извори“ постојат или не, објави Трамп на социјалната мрежа „Трут сошл“ (Truth Social). […]

Лавров: Испраќањето на мировници во Украина се „празни разговори“


 Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги отфрли предлозите за испраќање мировници во Украина по евентуалниот прекин на огнот, оценувајќи ги како „празни разговори“. Според него предлозите на Лондон и на Париз се обид за понатамошно разгорување на судирот и измама со цел да и се овозможи на Украина повторно да се вооружи. Лавров тврди […]

ММФ бара пензиите да се индексираат само според инфлацијата


Мисијата на Меѓународниот фонд која престојуваше во Македонија изминатите денови, во прелиминарната изјава по посетата, препорачува порастот на пензиите во иднина се ускладува со стапката на инфлацијата. Од ММФ исто така се скептични за нивото на буџетскиот дефицит, искажувајќи сомневање дека приходите ќе се зголемат онака како што е предвидено. Исто така и дека и […]

РФМ ја исплати наградата на репрезентативците за настапите на Мундијалот


 Ракометната федерација на Македонија денес ја исплати наградата во износ од три милиони денари на машката сениорска репрезентација за настапот на Светското првенство 2025. Македонската репрезентација настапи во Вараждин, Хрватска и се пласираше од прелиминарната во главната фаза од натпреварувањето. Во првиот сегмент од Мундијалот, Македонија ремизира со Унгарија, загуби од Холандија и ја победи […]

Антикорупциска казни со глоба од 200 до 500 евра 86 поранешни и сегашни функционери


  Антикорупциската комисија денеска објави список на 86 лица, сегашни и поранешни функционери, кои се казнети со глоби од 300 и 200 евра за различни работи – од недоставување информации до ДКСК до необјавување на нивната имотна состојба по завршувањето на мандатот. На овој псиок има поранешни и сегашни пратеници, поранешни министри, членови на комисии […]

Ле Риголер: Сите сме вклучени во подршката за реформа на судството


ЕУ и земјите членки ги поддржуваат реформите во судството, оти независноста на судството е едно од најважните прашања за пристапувањето во Унијата, изјави амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер. -Знаете тоа е прашање од областа на внатрешната политика, не е наше да коментираме. И сепак ќе кажам дека темата за независноста на судството не е […]

Судски совет: Не бил прекршен законот при санкционирањето на Васил Јованов


Судскиот совет денеска усвои Извештај од спроведената работна посета на Основниот кривичен суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје, при што утврди дека не бил прекршен законот при санкционирањето на Васил Јованов во случајот во кој му се судело за дрога. Јованов е обвинет и за прегазувањето на Фросина Кулакова на бул.Партизански одреди“ во Скопје. Како […]

Промовирана поврзувачка порта меѓу Бит Пазар и Старата Чаршија


Денес, општина Чаир официјално ја промовираше поврзувачката порта помеѓу Бит Пазар и Старата Чаршија. Градоначалникот Висар Ганиу вели дека ова е проект со големо значење за урбаниот и културниот идентитет на градот. „Овој современ конструкциски објект, изработен од челик и стакло, претставува функционален и естетски влез, кој создава природна врска меѓу двата најзначајни трговски простори […]

Украина сепак добила безбедносни гаранции од САД


 Украинскиот премиер Денис Шмихал го презентираше денеска нацрт-договорот за ретки метали со САД и изјави дека нацртот е формулиран на таков начин Вашингтон да ги поддржи напорите на Киев да добие безбедносни гаранции. Како што јавија агенциите, Шмихал не објасни за какви безбедносни гаранции станува збор. Шмихал додаде дека украинската Влада ќе го одобри нацрт-договорот […]

Приведен романскиот претседателски кандидат Георгеску


Романскиот проруски десничарски екстремист и поранешен претседателски кандидат Калин Георгеску денеска е приведен, објави неговиот изборен тим на Фејсбук. Не е соопштена причината за неговото приведување. Георгеску победи во првиот круг од претседателските избори во Романија на 24 ноември. Сепак, непосредно пред вториот круг гласање, Уставниот суд го поништи првиот круг поради нерегуларности во финансирањето […]