Промоција на каталогот „100 предмети од збирките на Археолошкиот музеј“


НУ Археолошкиот музеј денеска напладне ќе промовира каталог „100 предмети од збирките на Археолошкиот музеј“ објавен под покровителство на Министерството за култура и туризам.  Од институцијата наведуваат дека изданието е сведоштво за долгогодишната посветеност кон истражувањето, зачувувањето и претставувањето на нашето културно богатство. -Ова издание е резултат на тимска работа, љубов кон археологијата и желба […]

Делови од Долно Лисиче и Бардовци денеска без струја


Дел од корисниците од село Долно Лисиче во општина Аеродром, на потегот од надвозникот кон селото, денеска од 8:00 до 14:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 10:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „1770“ во населбата Бардовци во општина Карпош. Како што информира Регионалниот […]

Претежно облачно со магливо утро по котлините


Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно со појава на магла по одделни котлини, а во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 27 февруари 2025 година, 58-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 307 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 12 минути, а ќе зајде во 17 часот и 22 минути. Денов трае 11 часа и 9 минутa. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Трамп: ЕУ е создадена за да ги „зафркне“ САД. Им наметнувам царини од 25 отсто


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одлучил да воведе царини од 25 отсто на увозот од Европската унија, пишува Фајненшл тајмс. Тој остро го критикуваше блокот, велејќи дека ЕУ е „основана за да ги ‘зафркне’ САД“. „Донесовме одлука и наскоро ќе ја објавиме. Ќе биде 25 проценти“, рече американскиот претседател за време на состанокот на […]

Поради сообраќајка со жртва пренасочен сообраќајот на патот Битола – Прилеп


Поради случена сообраќајна незгода со жртва пренасочен е сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп кај местото викано „Беровци“ кај бензинската пума на „Макпетрол“. Како што информира АМСМ, од 20:10 часот сообраќајот е пренасочен по стариот пат од Битола кон Прилеп.

ЦУК: Спасен повреден чешки планинар, скијач, на Шар Планина


Во координирана акција на повеќе субјекти од Системот за управување со кризи, доцна попладне и во почетокот на ноќта, бил спасен чешки планинар, скијач, на Шар Планина, кој бил повреден, инфромира ЦУК. Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово информираше дека денеска (26.02.2025 година) во 16.42 часот на Единствениот повикувачки број 112 на ЦУК […]

Аморим е добро заштитен доколку Јунајтед реши да го отпушти на лето


 Рубен Аморим има многу тешки први месеци во Манчестер Јунајтед и иако се чини дека неговата работа во моментов не е директно загрозена, се зголемуваат критиките дека тимот не забележува напредок под негово водство. Неодамна се дозна дека клубот им платил на поранешниот менаџер Ерик тен Хаг и на неговиот персонал 10,4 милиони фунти како […]

Чистка во американското разузнавање: Отпуштања поради непристојна комуникација и сексуални пораки


Директорката на американската Национална разузнавачка служба Тулси Габард соопшти дека над 100 разузнавачи биле отпуштени откако користеле заштитен владин комуникациски канал за размена на сексуални пораки, наместо за доверливи информации. – Ова е кршење на довербата и непочитување на основните правила на професионализам, изјави Габард во интервју за Фокс њуз. – Сите ќе бидат отпуштени, […]

Дарко Димитриев избран за спортист на годината во Кавадарци


Дарко Димитриев од Центарот за боречки вештини „Будо“, вечерва беше избран за спортист на годината во Кавадарци за 2024 година. Во организација на Сојуз на спортови,  беа доделени пехари и во неколку други категории за спортски достигнувања. На настанот беа посочени бројните спортски успеси и медали. Беа доделени благодарници, наградени млади и надежни таленти, јуниори, […]

Русија за пресудата за Додик: Загрозена стабилноста на Балканот


Судот на Босна и Херцеговина донесе пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, и вршителот на должноста директор на „Службен весник на РС“, Милош Лукиќ, кои беа обвинети за непочитување на одлуките на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит. Додик е прогласен за виновен, додека Лукиќ е ослободен. Според пресудата, Додик е осуден на една […]

Во Албанија продадени 10 тони мандарини со пестициди вратени од Хрватска, денеска уапсени три лица


Мандарините кои хрватските власти ги вратија во периодот од 29 ноември до 11 декември 2024 година, откако анализите покажаа дека содржат пестициди опасни по здравјето на луѓето, не биле уништени, туку продадени на локалниот пазар. – Околу ова прашање Обвинителството на Берат веќе подолго време водеше истрага, која беше завршена денеска, со приведување на три […]

МАНУ презентираше Предлог-стратегија за геолошки истражувања во Министерството за енергетика


Академици од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја презентираа новата Предлог-стратегија за геолошки истражувања и одржливо искористување на минералните суровини за периодот 2025-2045 која е во завршна фаза од изработка, по што ќе следи јавна расправа и нејзино усвојување од страна на […]

(Видео) Вучиќ: Срамна е пресуда против Милорад Додик, еве ме кон Бања Лука


Српскиот претседател Александар Вучиќ за првпат зборуваше од авион на пат за Бања Лука, откако претседателот на Република Српска Милорад Додик беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана да се занимава со политика од Судот на БиХ поради  непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит. – Ја завршивме седницата на Советот за […]

Промена на сопственичките удели на „Гаспром“ и „Гаспромњефт“ во Нафтената индустрија на Србија


Рускиот „Гаспромњефт“ го намали својот сопственички удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС) од 50 на 44,84 проценти, додека „Гаспром“ го зголеми својот удел од 6,15 на 11,30 проценти, покажуваат податоците објавени на Белградската берза. „Гаспромњефт“ е ќерка-фирма на рускиот енергетски гигант „Гаспром“, а трансакцијата се случува во пресрет на стапувањето во сила на американските […]

Халкбанк предупредува на зачестени измамнички пораки и апелира за внимателност


Халкбанк АД Скопје информира дека во изминатиот период сѐ почести се обидите за неовластено прибирање лични и финансиски податоци на граѓаните. Се испраќаат лажни СМС или електронски пораки до поширок круг граѓани од земјата, во кои се злоупотребува името на банката. Истите содржат линк до измамничка веб-страница или прикачен документ со намера за измама. Целта […]

ЗНМ го повикува МВР да реагира на заканите од Латас до новинари и медиуми


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) најостро ги осудуваат јавните објави на поранешниот уредник на една национална телевизија, Драган Павловиќ Латас, кој во изминатите денови преку приватна страница на социјалната мрежа Фејсбук таргетира новинари од неколку медиуми, злоупотребувајќи приватни фотографии од нивните профили и користејќи ги […]

Центарот за култура од Делчево доби 600 илјади денари за годишната програма


Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево денеска ги соопшти проектите за кои конкурираше и доби поддршка со  Годишната програма на Министерството за култура и туризам за 2025 година. Како што истакнаа од установата, најмногу средства добија проектите кои Центарот за култура ќе ги реализира во фолклорната дејност, околу 570.000 денари. Парите […]

Колку пари има вкупно во светот и колку би имал секој ако рамномерно се поделат?


Дали некогаш сте си поставиле хипотетичко прашање: колку пари има во светот по човек? Дефинирањето на „вкупните светски пари“ е сложен процес, бидејќи постојат различни начини за нивно пресметување. Овде се користи глобалната понуда на пари М2 на крајот на 2024 година, според податоците на CEIC. Инфографикот и табелата подолу даваат одговор колку пари има […]

Социјалните мрежи треба законски да се регулираат и во Македонија


Содржините објавени на социјалните мрежи мора да станат предмет на регулација бидејќи станаа главен извор на информирање, но и дезинформирање на граѓаните, а на второто најмногу подлегнуваат младите.  Ова се дел од заклучоците произлезени од денешната панел-дискусијата „Справување со дезинформациите на социјалните мрежи – предизвици и перспективи“ во организација на Институтот за медиуми и аналитика […]