Министерката Божиновска ќе учествува на Енергетски самит во Атина


Енергетската безбедност, климатските промени и транзицијата кон поодржлива економија ќе бидат во фокусот на 14-от Енергетски самит (Athens Energy Summit) што денеска ќе се одржи во Атина, а на кој ќе учествува и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, јави дописничката на МИА од Атина. Министерката Божиновска заедно со нејзините колеги од […]

Ведро и студено, преку ден сончево


Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени Целзиусови. Во Скопје, утрото ќе биде ведро и […]

Утре жешка седница на Уставниот суд


Уставниот суд од утрово ќе расправа за неколку жешки теми кои во последниот период ја окупираат јавноста. Најавата е дека денес ќе се донесе конечна одлука за оспорувањето на  Законот за данок за солидарност, за што поднесоа иницијатива  компанијата Финмак, Стопанска комора на Република Северна Македонија, ДТУ ЕТМТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ,Стопанска комора на Северо-Западна Македонија и Друштво […]

И родителите на Васил Јованов на удар на истрагата за Фросина


Говорејќи за сообраќајната несреќа во која загина 22-годишната Фросина Кулакова, шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски вечерва во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма рече дека постапката што се води против возачот Васил Јованов за ова кривично дело е проширена и со постапка за неговите родители. Додаде дека тоа е со цел […]

Зеленски ја прифати понудата на Трамп, суровини за американска помош


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја е подготвена да прими „инвестиции од американски компании“ бидејќи има минерални суровини кои широко се користат во електрониката, а за кои се чини дека американскиот претседател Доналд Трамп сака пристап во замена за американска помош. Украина, чија примарна поддршка е Вашингтон во одбраната од руската инвазија […]

Романската тенисерка Симона Халеп објави крај на кариерата


Романската тенисерка Симона Халеп објави крај на кариерата. 33-годишната тенисерка загуби од Италијанката Лусија Бронзети во првото коло на домашниот турнир во Клуж – 1:6, 1:6. По натпреварот Халеп ја соопшти својата одлука. Халеп се врати на турнејата во март 2024 година. по дисквалификацијата за допинг во есента 2022 година. Романката беше суспендирана на четири […]

Таравари: Македонија има позитивно искуство со УСАИД


 Впечатокот за УСАИД во Република Северна Македонија е позитивен, изјави министерот за здравство и еден од лидерите на ВЛЕН, Арбен Таравари, во своето интервју за Гласот на Америка. „Како градоначалник на Гостивар имавме голем број проекти реализирани преку УСАИД, главно проекти за градинки и училишта. Имаше кредибилни и сигурни проекти кои ја поддржаа многу Северна […]

ФБИ му ги откри на Министерството за правда имињата на 5.000 детективи кои работеле на нападот на Капитол


  ФБИ го исполни барањето на американското Министерството за правда да ги предаде информациите за вработените кои работеле на истрагите за немирите на Капитол на 6 јануари, според три извори запознаени со ситуацијата. Поднесени се повеќе од 5.000 имиња, велат изворите. Има повеќе од 13.000 агенти и вкупно 38.000 вработени во ФБИ. Вршителот на должноста […]

Финансиска помош од ЕУ за Молдавија за справување со енергетската криза


 Европската унија (ЕУ) денеска додели уште 250 милиони евра финансиска помош за поддршка на Молдавија во 2025 година, која се соочува со „енергетска уцена“ од Москва по прекинот на испораките на руски гас за сепаратистичкиот регион Придњестровје. – Денеска преземаме фундаментален чекор за да и помогнеме на Молдавија да ја врати контролата врз својата енергетска […]

Мислев дека е првоаприлска шега: Дончиќ за неговиот трансфер во Лејкерси


Кошаркарот на Л.А.Лејкерс, Лука Дончиќ, по пристигнувањето во Лос Анџелес одржа прес-конференција на која денеска заедно со генералниот директор на „езерџиите“, Роб Пелинка, одговараше на прашања на новинарите. Словенечкиот репрезентативец зборуваше за „трејдот“ кој го шокираше светот. Тој кажа само неколку зборови за Далас и времето поминато со Мавс, а најмногу за новиот клуб, каде […]

Ова се најбараните работни места во Европа


Дали сакате да се преселите во Европа и да се прашувате какви работни места можете да добиете таму? Инфографикот подолу ги прикажува најбараните работни места во ЕУ, врз основа на еднoгодишните онлајн огласи за работа. Податоците за оваа графика доаѓаат од Евростат, кој прегледал стотици веб-страници за вработување во 2023 година. Сепак, огласите не значат […]

Србија и Албанија ќе бидат домаќини на Европското младинско првенство во 2027 година, одлучи УЕФА


Србија и Албанија ги добија правата за домаќини на Европското првенство за играчи до 21 година на УЕФА во 2027 година, објави УЕФА. Одлуката е донесена денеска, а за два дена ќе биде извлечена и ждрепката за квалификациите за завршницата во кои ќе учествува и младинската репрезентација на Македонија. Заедничката понуда на Србија и Албанија […]

Србија должи 39 милијарди евра


Јавниот долг на Србија на крајот на минатата година изнесува 38,87 милијарди евра, што е 47,4 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти српското министерство за финансии. Српскиот буџет во 2024 година забележа дефицит од 212 милијарди динари, што претставува 2,2 отсто од бруто домашниот производ. Овој резултат е подобар од планот предвиден со ребалансот […]

Во напад на училиште во Шведска загинаа околу 10 лица – повеќе нема опасност


Нешто пред 13 часот денеска се случи напад во училиште за возрасни во централна Шведска. Пукањето се случило во Оребро, 200 километри западно од Стокхолм. Полицијата на прес-конференција соопшти дека „околу 10 лица се убиени“ и дека тоа е се што може да каже сега. Меѓу загинатите е и самиот напаѓач. Тие ја отфрлија можноста […]

Мексико почна да распоредува 10.000 војници на границата со САД


Мексико денеска почна да распоредува 10.000 војници на границата со САД, како што беше ветено во понеделникот, во замена за суспензијата на американската најава за воведување царини од 25 отсто на мексикански производи, соопшти мексиканската претседателка Клаудија Шaјнбаум. – Веќе почнавме да испраќаме трупи, изјави таа. Шaјнбаум додаде дека војниците се распоредени во држави кои […]

Од Грузија било барано да отвори втор фронт против Русија


Премиерот на Грузија, Иракли Кобахиѕе изјави дека на почетокот на војната во Украина од грузиските власти било побарано да отворат втор фронт против Русија. – Тоа ни го кажаа зад затворени врати, кога не повикаа да отвориме втор фронт. Како што покажа искуството, се потврдува дека нашиот пристап беше апсолутно исправен и оправдан, посочи Кобахиѕе, […]

Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот


Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска остварила работна средба со генералниот директор на Одборот за акредитација на високото образование на Унгарија, Петер Левенте Лакатос, кој изразил отвореност за соработка и поддршка на заложбите на македонската Влада за унапредување на квалитетот на националниот високообразовен систем. – Унгарското искуство со реорганизирање на Одборот за акредитација […]

Продажбата на пиво во Германија продолжува да паѓа. Не помогна ни европското првенство во фудбал


Продажбата на пиво во Германија падна минатата година иако земјата беше домаќин на Европското фудбалско првенство. Така, долгорочниот надолен тренд продолжи. Продажбата на пиво е намалена за повеќе од 10 проценти во изминатата деценија на најниско ниво од почетокот на 1990-тите. Официјалните бројки објавени вчера покажуваат дека германските пиварници и дистрибутери продале околу 8,3 милијарди […]

Рајфајзен банк интернационал потона во огромна загуба


Австриската Рајфајзен банк интернационал (РБИ) во вторникот прелиминарно објави дека го затворила четвртиот квартал од 2024 година со загуба, со резервации за трошоците за правните постапки во Русија, пренесе регионалниот бизнис портал СЕЕбиз. Во периодот од октомври до декември, оперативните приходи на РБИ изнесуваат 1,26 милијарди евра и се за 11,5 отсто повисоки во однос […]

Во Белорусија се споменува претседателот да се бира според кинескиот модел


  Белорусија треба да се откаже од директните претседателски избори и да се префрли на кинескиот модел, според кој шефот на државата го назначува „народното собрание“, изјави шефот на Централната изборна комисија на земјата (ЦИК) Игор Карпенко. „Јас не верувам во оваа либерална демократија. <…> Кинескиот систем е поискрен со своите граѓани, гласачи. Таму Комунистичката […]