Објавен јавeн повик за доделување на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“


Сојузот за младинска работа (СМР) го објави јавниот повик за доделување на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“, наменета за последимпломски академски студии по младинска работа. Оваа стипендија е востановена во чест и спомен на Билјана Василевска Трајкоска, истакната активистка и лидерка во областа на младинската работа, која со својата визија, посветеност и енергија даде значаен придонес […]

Нови земјотреси регистрирани во морскиот дел во близина на грчкиот остров Санторини


Во текот на ноќта во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос повторно беа регистрирани низа земјотреси, од кои четири со јачина од над четири степени, додека во текот на денот ќе се одржи нов состанок со учество на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за процена на ситуацијата, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот […]

Гренланд распиша избори на 11 март


Гренландскиот премиер Муте Егеде објави дека на полуавтономната данска територија ќе се одржат општи избори на 11 март, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп покажува интерес за купување на арктичкиот остров. Главните прашања во изборната кампања се очекува да бидат аспирациите на Гренланд за независност и односите со Данска и САД, како и кревката економија што […]

Во Гвантанамо слета првиот авион со мигранти од САД


Првиот авион со мигранти слета во заливот Гвантанамо во рамките на кампањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за сузбивање на илегалната имиграција, Авион Ц-17 вчера полета од Ел Пас во Тексас со десет мигранти, кои се сомничат дека се припадници на венецуелската банда Трен де Арагва. Авионот синоќа слета во Гвантанамо.

Замолчување на науката: Како Трамп го преобликува јавното здравство на САД


Епидемиолошките податоци станаа недостапни, медицинските препораки повеќе не се достапни, а случаите на инфекција со туберкулоза се под радар: по враќањето на Доналд Трамп на власт, американските лекари и научници се најдоа на непознат терен. „Тоа не се памети“, изјави за АФП гинекологот Натали ДиЧензо, членка на здружението Лекари за репродуктивно здравје. „Во медицинската и […]

Хамас се огласи за планот на Трамп да ја преземе Газа: „Рецепт за хаос“


Палестинската милитантна група Хамас реагираше на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Газа од страна на САД и принудното преселување на Палестинците. Идејата на Трамп е „рецепт за создавање хаос и тензии во регионот“, изјави портпаролот Сами Абу Зухри за повеќе медиуми. „Нашите луѓе во Појасот Газа нема да дозволат овие планови […]

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“


Во јануарскиот број на руското списание „Иностранаjа литература“, во кое се обjавуваат наjзначаjните дела од современата светска литература во превод на руски преведувачи е обjавена поезиjа за деца од македонските писатели Бошко Смакоски, Васил Пуjовски, Волче Наумчески, Васил Куноски, Цане Андреевски, Киро Донев и Панде Маноjлов. Преводот на песните на руски го направи Олга Панкина […]

Политичкото коцкање на Фридрих Мерц спектакуларно не успеа. Каде оди Германија?


Тектонските плочи се поместуваат во германската политика. Изминатата важна недела ја втурна земјата во неизвесност – и не само за исходот од предвремените општи избори на 23 февруари. Мејнстрим партиите се меѓусебно фатени за гуша, додека екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) е радосна. Заштитниот ѕид („Brandmauer“) против екстремната десница, кој се одржува од крајот […]

Дел од печатот во светот за намерата на Трамп да го „преземат“ Појасот Газа


Претседателот Доналд Трамп сака САД да го преземат Појасот Газа и да го развијат економски. Колку е ова реално е под знак прашалник – во секој случај, овој потег веројатно нема да го смири расположението во кризниот регион, пишува „Зидојче цајтунг“. Веќе неколку дена на бројни фотографии и видеа се гледа како десетици илјади Палестинци […]

Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиште за возрасни во Шведска, меѓу кои и напаѓачот


Најмалку 11 лица се убиени во пукање во центар за образование на возрасни во градот Оребро, Шведска, соопшти утрово полицијата. Осомничениот сторител е еден од загинатите, а се уште не се знае точно колку лица се повредени во вчерашниот напад. „Сe уште немаме целосна слика за бројот на повредени“, рече портпаролот на полицијата, додавајќи дека […]

Мексико нема да дозволи САД да испраќаат мексикански мигранти во Гвантанамо


Мексико нема да дозволи САД да испраќаат мексикански мигранти во Гвантанамо и претпочитаат директно да ги примат, изјави вчера мексиканскиот министер за надворешни работи Хуан Рамон де ла Фуенте. Според шефот на дипломатијата, ова се наведува во дипломатската нота испратена од мексиканската влада до американската амбасада во Мексико. САД вчера го испратија првиот воен авион […]

Во Битола изложба на фотографии „Идни спомени“ на Дамијана Ристевска


Во Центарот за култура во Битола вечерва ќе биде отворена изложбата на фотографии „Идни спомени“ чиј автор е Дамијана Ристевска, ученичка во четврта година во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Фотографиите на Ристевска се со уметнички израз и ги претставуваат ликовите низ социјалната средина во гимназијата. Преку нејзините фотографии може да се почувствува атмосферата и енергијата […]

Рубио ги обвини Никарагва, Венецуела и Куба дека предизвикуваат миграциска криза


Државниот секретар на САД, Марко Рубио синоќа ги обвини владите на Никарагва, Венецуела и Куба дека се „непријатели на човештвото“ и оти предизвикуваат миграциска криза во регионот. – Овие три режими кои постојат во Никарагва, Венецуела и во Куба се непријатели на човештвото и создадоа миграциска криза. Да немаше такви режим, немаше да има миграциска […]

Повикот на Трамп – САД да го преземат Појасот Газа – предизвика остри реакции


 Изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе воспостават контрола врз Појасот Газа откако Палестинците ќе бидат преселени на друго место, предизвика остри реакции. Високиот претставник на палестинското исламистичко движење Хамас, Сами Абу Зухри, го опиша повикот до жителите на Газа да заминат како „протерување од нивните земји“. „Сметаме дека тоа е рецепт за […]

Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин и другите сили за завршување на тригодишната војна. Зеленски, на прашање на британскиот водител Пирс Морган за можноста за преговори со Путин, одговори дека тоа бби го направил „ако тоа би бил единствена опција која може да донесе мир на […]

Без струја дел од корисниците во општините Ѓорче Перов, Чаир и Чучер Сандево, без вода дел од корисниците во Карпош и Кисела Вода


Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците во општините Ѓорче Перов, Чаир и Чучер Сандево, а без вода дел од корисниците во Карпош и Кисела Вода. Од 09:00 до 11:00 часот, без струја ќе останат објектите во кругот на поранешниот стопански објект на „Велурфлок“ во населбата Хром, општина Ѓорче Перов. Од 09:00 до […]

Трамп ги ковертираше наредбите во случај да биде убиен


„Ако го сторат тоа, ќе бидат уништени. Тоа ќе биде крајот“, рече Трамп во Овалната соба додека ја потпишуваше наредбата за повторно да се изврши максимален притисок врз Техеран. Трамп упати предупредување до Иран како одговор на прашањето за можноста таа земја да се обиде да го убие. Трамп рече дека не сака да ја […]

Разговор со Иван Шопов во Градската библиотека во Скопје


Во спомен-собата „Т’га за југ“ на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, денеска со почеток во 19 часот ќе се одржи разговор со писателот и преведувач Иван Шопов. Неговата збирка раскази „Зентрифуга“ е прогласена за книга на месецот и е дел од кампањата „Читаме современи македонски автори“. „Зентрифуга“, издание на „Бегемот“, е збирка раскази полни […]

Најмалку 20.000 федерални работници ја прифатиле досега понудата на Трамп за заминување со отпремнина


Најмалку 20.000 федерални вработени ја прифатија понудата за отпремнина што претседателот Доналд Трамп и ја упати на целата федерална работна сила пред крајниот рок в четврток, јавија американските медиуми повикувајќи се на претставник на Белата куќа. Тоа претставува околу 1% од повеќе од два милиона федерални вработени, и е под целта на Белата куќа за […]

Трамп поддржува трајно населување на Палестинците, САД „ќе воспостават контрола над Газа“


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги поддржи напорите за трајно преселување на Палестинците од Појасот Газа во места каде што ќе можат да живеат без страв од насилство. Поздравувајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа, првиот странски лидер кој го посети Трамп откако тој ја презеде функцијата минатиот месец, американскиот претседател […]