Драматични снимки од пожарот во Лос Анџелес: Изгоре познат ресторан, гори гимназија позната од филмовите …


Шумскиот пожар што беснее кај богат дел на Лос Анџелес, уништува домови и предизвикува сообраќаен метеж, додека 30.000 луѓе се евакуирани под огромните облаци од чад што прекри голем дел од градот. Изгореа најмалку 510 хектари од областа Пацифик Палисадес, меѓу Санта Моника и Малибу, соопштија властите откако веќе предупредуваа за екстремна опасност од пожар […]

Франција нема да прави отстапки во преговорите за финансирање на европската одбранбена индустрија


Францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну изјави дека Париз нема да направи никакви отстапки во преговорите со Европска Унија за создавање механизам за финансиска поддршка на европската одбранбена индустрија. – Улогата на Европската комисија е, и треба да биде, да го поддржи забрзаниот и поедноставен развој на европските одбранбени индустрии, а не да ги […]

Трудо: Канада нема да стане дел од САД


Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби „економска сила“ за да ја направи Канада 51-та американска држава. -Нема шанси Канада да стане дел од Соединетите Држави. Работниците и заедниците во двете наши земји имаат корист од тоа што меѓусебно се најголеми трговски и […]

Делови од Велика Британија зафатени од поплави


Обилниот дожд предизвика поплави во делови од Англија, а поради снегот привремено се затворени аеродромите во Манчестер и Ливерпул, северозападна Англија и во Абердин, североисточна Шкотска Изминатите денови беа издадени над 200 предупредувања за опасност од поплави откако се излеаја реките. Предупредување за поплави опасни по животот е издадено за реката Соар во Лестершир. Неколку […]

Димитриевски со Валенсија избори осминафинале во Копа дел Реј


Валенсија синоќа го победи Елденсе во 1/16 финалето од Купот на Шпанија со 2:0. На натпреварот одигран на стадионот „Нуево Пепико Амат“ во Елда голот на гостите успешно го сочува македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски. Двата гола беа постигнати во првото полувреме. Прво Серхи Канос го отвори резултатот, а потоа Диего Лопез го удвои водството на […]

Сообраќајот тековно, во зимски услови


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Мостот на рекаta Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен […]

Американската администрација отвори истрага за 2,6 милиони возила на Tесла


Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата отвори истрага за 2,6 милиони возила на Tесла поради извештаите за несреќи за кои постои сомневање дека биле предизвикани од системот за далечинско управување. Оштетените возачи изјавиле дека, користејќи го тој систем, имале премалку време да избегнат судир. Новата истрага доаѓа откако Националната управа за безбедност […]

Поради шумски пожар, 30.000 луѓе се евакуирани во близина на Лос Анџелес


 Шумски пожар беснее низ луксузниот дел на Лос Анџелес уништувајќи домови и предизвикувајќи сообраќаен метеж додека 30.000 луѓе се евакуирани. Најмалку 510 хектари од областа Пацифик Палисадес меѓу Санта Моника и Малибу изгореа, соопштија властите, откако веќе предупредуваа за екстремна опасност од пожар поради силните ветрови по долга суша. Американски медиуми јавија за голем број […]

Во последната недела од нејзиниот мандат, Камала Харис ќе ги посети Сингапур, Бахреин и Германија


 Американскaтa потпретседателка Камала Харис планира да го заврши својот мандат со посети на Сингапур, Бахреин и Германија, соопшти нејзиниот кабинет. Патувањето, планирано да трае од 13 до 17 јануари, ќе биде последна можност за Харис да работи на предизвиците на американската надворешна политика пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари.   Иако таа […]

Специјалниот пратеник на Трамп за Украина ја одложи посетата на Киев


Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха изјави дека е откажана посетата на специјалниот пратеник на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп за Украина и Русија. Планирано беше пензионираниот генерал Кит Келог да ја посети Украина. Тој долго време беше главен советник на Трамп за одбрана. – Уверен сум дека состанокот ќе се одржи во свое […]

Сослушувања за потврда за номинацијата на Трамп за американски државен секретар се закажани за 15 јануари


Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат следната недела ќе одржи сослушување за потврдување на номинацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за државен секретар, изјави портпаролот на комисијата. Сослушувањето на републиканскиот сенатор Марко Рубио, висок член на Комитетот за надворешни односи и кандидат на Трамп за државен секретар, ќе се одржи на 15 јануари. Се […]

Трамп бара членките на НАТО да потрошат пет отсто од својот БДП за одбрана


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека земјите од НАТО треба да потрошат пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана, што е повеќе од сегашната цел од два отсто. -Сите можат да си го дозволат тоа, но тие треба да бидат на пет проценти, а не два проценти, рече тој за време […]

Пратениците во петок се враќаат на работа, на дневен ред интерпелациите на Меџити, Тошковски…


 Во петок пратениците се враќаат на работа, а на првата пленарна седница закажани се интерпелациите за првиот вицепремиер Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, министерот на внатрешни работи Панче Тошковски, заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени и пратеничката и претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Иљире […]

Што ќе значат современите патишта за пелагонискиот регион


Во 2025 година, преку придобивките од патиштата треба да му се случи „експанзија“ не само на стопанскиот сектор на пелагонискиот регион, туку и на социјалниот и на секојдневниот живот проследен со безбедно патување. Во пелагонискиот регион со нетрпение се очекува ветената изградба на експресниот пат Градско-Прилеп, во 2025 година, а потоа и на автопатот Прилеп-Битола, […]

Граѓаните очекуваат здравството годинава да почне нормално да функционира


Здравството конечно да почне нормално да функционира, очекуваат граѓаните во 2025 година. Министерот за здравство Арбен Таравари во изјава дадена на крајот на минатата година, го оцени здравството со осмица. Годината што измина здравството го одбележаа неколку поголеми случаи, како проблемите со компримиран воздух на комплекс клиниките „Мајка Тереза“, смртта на неколку бебиња на Детската […]

Сончево и релативно топло за овој период од годината


Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност и пониска дневна температура. Синоптичарите најавуваат минимална температура во интервал од -2 до 4 и максимална од 6 до 15 степени. Во […]

Една италијанска населба им забрани на жителите сериозно да се разболат


Италијанското село Белкастро, во Калабрија, им забрани на своите жители тешки болести поради непостоечки здравствени услуги, пишува Би-би-си. На жителите на Белкастро им е „наредено да избегнуваат какви било заболувања кои бараат итна медицинска помош“, се вели во декретот на градоначалникот Антонио Торчија. Околу половина од населението се постари од 65 години Торчија нагласи дека […]

Нови податоци за банкротите во Германија: Проблем е што повеќето се големи компании


Стечаите на компаниите во Германија достигнаа нивоа од периодот на финансиската криза во 2009 година, предупреди Институтот за економски истражувања во Хале (IWH). „Се движиме во опсег каде што (банкротите) во одделни месеци лесно би можеле да достигнат највисоки нивоа во последните 20 години“, рече Штефен Мулер, раководител на истражување за стечај во IWH. „За […]

Трамп не ја исклучува можноста од испраќање војска да ги заземе Гренланд и Панамскиот канал


Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска зборуваше од неговата резиденција во Мар-а-Лаго, Флорида и одговараше на прашања на новинарите. „Можете ли да му дадете гаранција на светот дека нема да употребите економска или воена сила додека се обидувате да ја преземете контролата врз тие области?“, го праша новинарот. „Не“, кратко одговори Трамп. Неговата неочекувана изјава доаѓа […]

УЕФА може да воведе санкции за ПСЖ поради долг кон Мбапе


 ПСЖ се соочува со санкции од УЕФА поради долг кон поранешниот напаѓач на тимот Килијан Мбапе, пренесува L’Equipe. Според изворот, на 20 декември адвокатите на фудбалерот испратиле тужба до највисоката жалбена комисија на Француската фудбалска федерација со барање да се воведат санкции за парискиот клуб. Според прописите на Европската фудбалска федерација, ПСЖ е должен до […]