Новиот министер за финансии на САД е за зголемување на санкциите спрема Русија


  Кандидатот за министер за финансии во администрацијата на Доналд Трам, Скот Бесент, во четвртокот им рече на американските сенатори дека ќе 100 отсто ќе поддржи зголемувањето на санкциите за големите руски нафтени компании доколку новоизбраниот претседател ја поддржи таа стратегија како начин да се стави крај на војната во Украина. „Доколку некој функционер во […]

Украле дел од тревник поставен на плоштад во атинска населба


Непознати лица украле дел од новиот тревник поставен на плоштад во атинска населба, а градоначалникот Јанис Константатос преку видео објавено на социјалните мрежи коментира дека мислел дека досега видел сè и не очекувал некој да го украде тревникот, јави дописничката на МИА од Атина. Градоначалникот на општината Елинико-Аргируполи каде што се случила кражбата во видеото […]

Српските сценаристи бараат нивните дела да не се емитуваат на РТС поради „токсични и опасни коментари против студентите и уметниците“


 Извршниот одбор на Здружението на српските сценаристи реагираше по вчерашниот напад на студентка во Белград, барајќи нивните дела да не се емитуваат на РТС „поради токсични и многу опасни коментари против студентите, уметниците и академската заедница“, јавија српските медиуми. Извршниот одбор на Српското здружение на сценаристи по вчерашното „очигледно намерно удирање студентка со автомобил во […]

Премрзнати биле близначињата што починаа во Прилепско


Близначињата новороденчиња, братче и сестриче, што починаа вчера во Прилепско биле премрзнати, се вели во соопштението од прилепската Oпшта болница со проширена дејност „Борка Талески“. Според нив, вчера во 10.45 часот на Одделот за детски болести било донесено женското новороденче, кое како резултат на премрзнување, било во тешка здравствена состојба. Откако било примено, се додава […]

Почна да функционира јавниот електричен превоз во Струмица – билет 30 денари


Од почетокот на годината официјално почна да функционира јавниот електричен превоз во Струмица. Од лани од септември до крајот на годината превозот беше пробен и бесплатен, а од почетокот на новата година и официјално функционира по сите утврдени линии во градот и до населените места. Според директорот на Јавното претпријатие „Струмица транспорт“, Драги Поп Стојанов, […]

Ни Брисел ни Бугарија не навестуваат дека ќе ја сменат позицијата за уставните измени


  Вршителот на должноста амбасадор на Полска во Скопје, Мариуш Бримора, вели дека не верува оти може да биде ефективен предлогот на македенските власти за одложени уставни измени. Во интервју за „360 степени“ Бримора, зборувајќи и како претставник на полското претседателство со ЕУ, вели дека „некои сојузници на владата кои инсистираат дека тоа е возможно. […]

Ренџерите од НП „Шар Планина“ се обучија како да се справат со појава на лавини


Со цел зголемување на личната безбедност во зимски услови, неделава, ренџерите од Националниот парк (НП) Шар Планина поминаа обука за стекнување знаења и вештини при појава на лавини. Оттаму велат дека снегот, што особено годинава го има во изобилство, е постојан ризик од појава на лавини во повисоките планински подрачја, па затоа била потребата за […]

СДСМ бара одговори за умирањето деца, ВМРО-ДПМНЕ велат Филипче бил „синоним за смрт“


СДСМ и владеечката ВМРО-ДПМНе почнаа со меѓусебни обвинувања околу тоа во чиј мандат умреле повеќе граѓани , откако деновиве јавноста ја потресоа  вести за умирање на деца, вклучувајќи ги и денес двата близнаци.  „Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со голема загриженост ги следи информациите за случајот со смртта на 9-годишното дете на скопската детска клиника. Она […]

Полска е подготвена да ни помогне со експерти за ЕУ ако побараме


Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан останува приоритет на полското претседателство со Советот на Унијата, кое почна на почетокот на месецов, вели во интервју за „360 степени, вршителот на работи амбасадор на Полска, Мариуш Бримора,  во Северна Македонија. Тој уверува дека Полска не се откажала од Балканот како дел од нејзините приоритети […]

Со средствата од ЕИБ во Струга ќе се замени азбестцементната водоводна мрежа


Во рамки на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“, обезбедени од Европската инвестициска банка и Владата на Република Северна Македонија, а кои ќе се доделуваат преку Министерството за животна средина и просторно планирање, како неповратни средства на општините склучен е договор за „Замена на азбестцементната водоводна мрежа во град Струга“. Договорот […]

Русија ја обвини Украина за „енергетски тероризам“


  Kремљ ја обвини Украина дека спроведува „енергетски тероризам“ и претставува опасност за енергетската безбедност на Европа, по обидот за напад со беспилотно летало на дел од големиот гасовод што носи руски резерви за Турција. Русија ги обвини и САД дека сакаат да го саботираат Турскиот тек, последниот гасовод што носи извоз на руски гас […]

Мисајловски: Прагот од 5 отсто за одбрана е невозможен


Најавите за вложување 5 отсто од БДП за одбрана, што е повеќе од двојно од сегашната цел за трошоците на Северноатлантската алијанса, е сериозна сума што ќе претставува проблем за многу европски земји, вклучително и нашата земја. Сепак, Македонија низ периодот што следува со издвојувањето за воено-одбранбениот сектор ќе направи обид издатокот да достигне 3 […]

Трговците со забелешки за Законот за нефер трговски практики


Во следниот период се очекува поинтензивна работа на Комисијата за заштита од конкуренцијата околу Законот за нефер трговски практики. Комисијата е комплетирана и за се она што што ќе биде утврдено како неправилност во однос на Законот, има пропишано законски одредби што ќе треба да се спроведат. Министерството за економија и труд е задолжено за […]

Милениците на Пентагон стравуваат дека нови играчи ќе им го земат „колачот“ од одбраната


Одбранбената индустрија на САД се подготвува за потреси откако во Белата куќа ќе влезе Доналд Трамп.Последниот пат, тој лично интервенираше во набавките за одбрана – потег што го остави „Боинг“ со големи загуби. Извршните директори сега се загрижени за поголемо нарушување: одбранбената хиерархија е потресена од фатот дека профитабилни договори сега  им се доделуваат на […]

Критична состојбата на момчето од Волково по струјниот удар


Критична е состојбата на момчето од Волково, кое вчера качено на цистерна-вагон доживеало струен удар, велат од Ургентниот центар. – Пациентот примен преку Ургентниот центар вчера со изгореници е во критична состојба и хоспитализиран на интензивна нега. Медицинските тимови ја пружаат потребната здравствена заштита, согласно медицинските протоколи и прават максимални напори за спасување на неговиот […]

Финансова полиција со кривична пријава против три физички и две правни лица за фалсификување или уништување деловни книги


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против три физички и две правни лица поради основани сомненија дека ги сториле кривичните дела фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст.2 од КЗ на РМ, Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.1 и ст.2, Фалсификување службена исправа […]

Патничкиот сообраќај на грчките аеродроми зголемен за 9,3 отсто во 2024 година


 За 9,3 отсто се зголемил патничкиот сообраќај на сите 39 аеродроми во Грција во 2024 година, споредбено со една година претходно, додека сообраќајот на авиони се зголемил за 7,6 проценти, согласно официјалните податоци од Службата за цивилно воздухопловство, јави дописничката на МИА од Атина. Поконкретно, бројот на патници на грчките аеродроми во периодот јануари – […]

Бербок ја критикуваше сопствената влада околу колебливоста за помошта за Украина


  Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја критикуваше сопствената влада за нејзината неодлучност во врска со помошта за Украина, сигнализирајќи длабока поделеност во привремениот кабинет и растечки несогласувања меѓу главните политички партии во услови на жестока изборна кампања. „Германија како целина моментално не се гледа како движечка сила за мировната политика во Европа, […]

(ВИДЕО) Еди Рама клечел пред Мелони и ја нарекол „височество“


  Косовските медиуми јавуваат дека албанскиот премиер Еди Рама клекнал пред италијанската премиерка Џорџа Мелони за време на нивната посета на Абу Даби, подарувајќи ѝ марама како роденденски подарок и нарекувајќи ја „Ваше височество“. Како што може да се види од видеото, Рама дури се обидел да и ја стави марамата над главата како хиџаб. […]

Кога да се користи меко, а кога тврдо брашно?


Поделбата на брашното на меко и тврдо ни е можеби најпозната. Таа мала поделба ни кажува како се мелело брашното во производството и е клучна за да функционираат нашите рецепти. Тврдото брашно го користиме во ситуации кога не сакаме многу брзо да ја впие влагата, па затоа е одличен избор кога сакаме да ја посипиме […]