Истражување: Граѓаните најчесто гласаат по етничка линија, секој седми е член на политичка партија


 Во Северна Македонија најчесто се гласа по етничка линија. Висок е процентот на граѓани кои се декларирале како членови на политички партии, а дури третина од нив на ланските избори учествувале на собири или јавни настани организирани од политичка партија. Жените и младите се помалку вклучени во политичките процеси, покажува Компаративното истражување на изборните системи […]

Продолжува судењето на жената од Кратово што ги уби сопругот и свекорот


Во Oсновниот суд во Куманово продолжи рочиштето против 36-годишната Вангелица Илијевска, која во јуни лани ги уби сопругот и свекорот во домот во Кратово. Обвинителството бара да се осуди по член 123 од Кривичниот законик, додека нејзината одбрана тврди дека таа, постапувала во нужна одбрана. На денешното рочиште беа сослушани вештите лица од психијатрија и […]

Средба Божиновска – Габриел: Енергетската иднина поддржана од ЕИБ


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари средба со Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициска банка (ЕИБ), на која дискутираа за тековните и идни проекти во енергетскиот сектор, со посебен акцент на интерконекторот за гас кој ќе поминува низ земјава.  На средбата Божиновска ја истакнала важноста на овој проект за енергетската […]

Холандија мора да го намали загадувањето со азот или ќе биде казнета со 10 милиони евра, реши Суд во Хаг


Владата на холандскиот премиерот Дик Схоуф мора да ги засили напорите за намалување на загадувањето со азот во заштитените природни области во Холандија согласно целите за ограничување на емисиите на штетни гасови до 2030 година или ќе се соочи со казна во висина од 10 милиони евра, реши денеска холандски Суд.  Со пресудата, изречена врз […]

Двајца убиени во напад во парк во Баварија


Во баварскиот град Ашафенбург две лица загинаа, а неколку се тешко повредени во напад што се случи во паркот Шонтал. Според првичните информации, околу 11:45 часот со остар предмет биле нападнати неколку лица. Полицијата соопшти дека тројца возрасни и едно дете се повредени, објави Билд. Набргу потоа било потврдено дека две лица загинале, а според […]

Неколку помалку познати виновници кои можат да ви ги оштетат белите дробови – а ви се наоѓаат дома


Белите дробови се витален орган кој го снабдува телото со кислород и го отстранува јаглеродниот диоксид од крвта. Верувале или не, просечниот здрав човек вдишува околу 11.000 литри воздух секој ден. Некои често споменувани фактори на ризик кои го компромитираат здравјето на белите дробови се добро познати, како што се пушењето (не само активно, туку […]

Општина Центар забрани учениците да користат телефони на часови


Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар донесе низа препораки кои основните општински училишта имаат прифатено да ги спроведуваат со цел зголемување на безбедноста на учениците и подобрување на образовниот процес во центарските училишта. „Сите основни училишта на територија на општината прифатија да се забрани користење на мобилните телефони од почеток до крај на наставата, […]

Принцот Хари ја реши тужбата против британските таблоиди на Руперт Мардок со „значителна“ отштета


Принцот Хари ја реши својата тужба против News Group Newspapers, компанијата во сопственост на Руперт Мардок која го издава The Sun и претходно објавена сега веќе непостоечката News of The World. Спогодбата, објавена во средата, вклучуваше „целосно и недвосмислено“ извинување и признавање на престапот од НГН. Новинската компанија се извини за своите постапки, велејќи дека […]

Европа во Давос, Македонија во Вашингтон


  Светскиот економски форум во Давос, еден од најзначајните глобални настани што секоја година традиционално се одржува во јануари во познатиот швајцарски туристички центар, годинава беше заобиколен од македонски претставници. Дали поради отсуство на покана, или пак, поради определување други приоритети и желбата да се биде блиску до планетарниот настан број еден – инаугурацијата на […]

Трамп го помилува Рос Улбрихт, основач на „Патот на свилата“, осуден на доживотен затвор


  Американскиот претседател Доналд Трамп објави помилување за 40-годишниот Рос Улбрихт, кој во 2015 година беше осуден на доживотен затвор за создавање на даркнет-страницата „Патот на свилата“, каде илегално се тргуваше со дрога и оружје. Трамп за ова напиша на својата социјална мрежа Truth Social вечерта на 21 јануари, дека помилувањето на Рос Улбрихт е […]

Кос: Ако Украина „напредува“ како Македонија, ќе стане членка на ЕУ во 2045


Проширувањето на Европската унија е процес заснован на заслуги, а не на временска рамка, изјави денеска европската комесарка за проширување Марта Кос na дискусијата „Enlarge to Prosper: Will Europe Grow?“ на Светскиот економски форум во Давос. „Знаете, понекогаш слушам, земјите од Западен Балкан, тие чекаат толку долго. Не се работи за тоа колку долго чекаат. […]

Србија ќе бара продолжување на роковите за излегување на рускиот капитал од НИС


Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ денеска изјави дека Србија ќе бара продолжување на роковите за завршување на сите операции во врска со излегувањето на рускиот капитал од НИС. Таа нагласи дека во интерес и на американската и на руската страна е да се најде решение за Нафтената индустрија на Србија (НИС), […]

Холивудската легенда Типи Хедрен го прослави 95-тиот роденден среде борбата со деменција


Типи Хедрен, ѕвездата на класикот „Птиците“ на Хичкок и мајка на актерката Мелани Грифит, го прослави својот 95-ти роденден , опкружена со семејството – прилика што Грифит ја овековечи во видео објавено на Инстаграм. Објавата претставува редок јавен настап за Хедрен откако и беше дијагностицирана деменција, поради што наводно ја заборавила целата нејзина успешна кариера. […]

Работодавачите во БиХ протестираа по одлуката за минимална плата


Бројни претставници на бизнисот  денеска се појавија пред зградата на Владата на ФБиХ за да протестираат против одлуката на Владата за зголемување на минималната плата за работниците изјавија дека се незадоволни од оваа одлука. Според слободна проценка на босанските медиуми, на собиорт имало меѓу една и две илјади луѓе. Меѓу присутните главно биле работодавци, но […]

Русите ќе мора да си одат од Сирија, новите власти го раскинаа договорот


  Новото раководство на Сирија стави крај на договорот со кој Русија ѝ даде долгорочно воено присуство во медитеранското пристаниште Тартус. Пристаништето Тартус е единствената руска поморска база надвор од поранешниот Советски Сојуз и одигра клучна улога во военото присуство на Москва во Медитеранот, но според сирискиот опозициски весник „Шаам“, повикувајќи се на Министерството за […]

ЕУ нема да го моли Трамп, ќе бара друга опција


  ЕУ не е расположена да моли за поволен третман наспроти агендата на американскиот претседател Доналд Трамп „Америка на прво место“. Наместо тоа, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен  ја нацрта оптимистичката визија за ЕУ ​​како економски тешкаш што ги победува САД во многу клучни аспекти и е отворена за бизнис со земји […]

СДСМ прашува дали роднините на директорот на СОЗР се вмешани во криминали


  Опозициската СДСМ денеска продолжи да поставува прашања за наводниот скандал за државен тендер од 3,5 милиони евра поврзан со роднини на директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовоски. Организацискиот секретар на партијата, Мартин Костовски, ги постави овие прашања: „Дали лицето Дарко Гашиќ, негов роднина, кој има регистриано фрима на иста […]

Пожари повторно ќе се гасат со способноста на пожарникарите, за пилоти ќе почекаме


 Потребно е време за да има системски решенија за справување со пожари, поплави, земјотреси во земјава, како и создавање на една функционална институција. Во наредниот период освен ад хок решенија кои ќе се преземат од страна на институциите во делот на превенцијата ќе создадеме систем којшто ќе биде функционален и којшто за една, две-три години […]

Синер го победи Де Минор и се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен


Мелбурн – Светскиот рекет број еден Јаник Синер ( за кого трае истрагата за допинг) денес го победи Австралиецот Алекс Де Минор во четвртфиналето на Австралија Опен со резултат 6:3, 6:2, 6:1. Мечот траеше 1 час и 50 минути. 23-годишниот Синер имаше 2 асови и реализираше 1 брејк од 1. Австралиецот направи 2 аса, 1 […]

Трамп ја нападна дивјачки свештеничката која побара „милост“ за малцинствата


Американскиот претседател Доналд Трамп удри во средата по свештеничката која директно го повика да покаже милост кон имигрантите и ЛГБТК+ луѓето. За време на инаугуративната молитвена служба во вторникот во националната катедрала во Вашингтон на која присуствуваа Трамп, потпретседателот Џеј Ди Венс и нивните семејства, свештеничката Маријан Буд одржа проповед во која апелираше до Трамп […]