Тројца повредени во верижниот судар синоќа на Скопската обиколница кај Смилковското езеро


Три лица се повредени во верижен судар што се случи синоќа на скопската обиколница кај Смилковското езеро во кој учествувале три автомобили, камион и автобус, соопшти МВР. -На 22.01.2025 околу 20.20 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница Скопје, клучка Бутел кај Смилковско езеро кон Арачиново, се случила сообраќајна незгода во која учествувале […]

Саудиска Арабија планира да вложи 600 милијарди долари во САД


Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ријад во следните четири години сака да вложи 600 милијарди долари во САД. Но, тој не прецизираше во што ќе инвестира Саудиска Арабија, бидејќи САД изминатите години се помалку се потпираа на саудиската нафта, која беше основа на […]

(Видео) Нов пожар се шири во Калифорнија, регионот повторно е под црвен аларм


Опасноста од пожар останува на критично ниво во Јужна Калифорнија, каде што илјадници жители добија наредба да се евакуираат поради пожарот што останува надвор од контрола во близина на Кастаик во северниот дел на округот Лос Анџелес. Пожарот што ги зафати окрузите Лос Анџелес и Вентура изгоре повеќе од 9.000 хектари и е нула отсто […]

ЕУ ќе и обезбеди на Украина финансиска помош од 35 милијарди евра


Во 2025 година, Европската унија ќе и обезбеди на Украина 35 милијарди евра финансиска помош како дел од кредитната иницијатива Г7 ЕРА и програмата „Украински средства“, најави потпретседателот на Европската комисија и европски комесар за трговија Валдис Домбровскис. „ЕУ ќе обезбеди финансиска поддршка на Украина преку кредитната иницијатива Г7 ЕРА и помош за Украина во […]

Трамп потпиша извршна наредба за запирање на мигрантите да влезат преку јужната граница на САД


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за запирање на влегување на мигранти во САД преку јужната граница со Мексико, соопшти Белата куќа. Документот им наложува на Одделот за домашна безбедност, Министерството за правда и Стејт департментот да го забранат влезот на илегалните мигранти преку јужната граница, да ги вратат во татковината и да ги […]

Рекордни 8,2 тона кокаин запленети во Колумбија


Колумбиските безбедносни сили запленија 8,2 тона кокаин во пристаништето на градот Буенавентура на пацифичкото крајбрежје, што претставува едно од најголемите количества запленета дрога во историјата на земјата, соопшти претседателот Густаво Петро, пренесува ДПА. „Националната полиција заплени 8,2 тона кокаин во пристаништето Буенавентура,“ објави Петро на социјалната мрежа Икс. „Ова е една од најголемите заплени на […]

Брисел го задржува здивот пред првиот потег на Трамп


Доналд Трамп повторно се врати во Белата куќа, заканувајќи се дека ќе го урне светскиот поредок и ќе изгради нова американска империја, од Панама до Гренланд. И, засега, европските политичари и бирократи решително одбија да реагираат со бурно негодување. Реакцијата на огнениот инаугуративен говор на Трамп од ходниците на Европската комисија во Брисел е пригушена. […]

Писториус: Можно е Русија во 2029 – 2030 година да нападне земја-членка на НАТО


 Министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус вчера изјави дека постои теоретска можност Русија да се обиде да нападна земја-членка на НАТО во периодот 2029 – 2030 година. – Воените експерти многу внимателно ги следат случувањата во Русија. Воената индустрија таму значително се развива, се произведуваат многу тенкови и авиони, што значи дека значително растат […]

Швајцарски градови мета на руски хакери за време на Светскиот економски форум


 Руски хакери го нападнаа кантонот Шафхаузен во северна Швајцарија и градовите Женева и Сиера и ги парализираа нивните веб-страници, јавија синоќа швајцарските медиуми. Информациската служба на Шафхаузен, работејќи со надворешен провајдер, успеала целосно да се одбрани од нападот и работата на управата не била загрозена, се наведува во соопштението. Националниот центар за кибер безбедност предвиде […]

Познати девет од 12 екипи кои нема да играат во плејофот на Лигата на шампионите


По одигрувањето на натпреварите од 7. коло од фудбалската Лига на шампиони, познати се девет екипи кои нема да можат да влезат во плејофот. Без шанси за следната фаза во елитното фудбалско натпреварување се: Болоња, Спарта, Лајпциг, Жирона, Црвена ѕвезда, Штурм, Салцбург, Славија и Јанг Бојс. Моментално се во зоната на плејофот, се ПСВ, Клуб […]

Гутереш: Бандите во Хаити можат да ја преземат престолнината


Бандите во Хаити би можеле целосно да ја преземат престолнината Порт-о-Пренс, што би довело до целосен колапс на државната власт, доколку не се обезбеди дополнителна меѓународна поддршка за ослабената национална полиција, предупреди генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. Во извештај презентиран на синоќешната седница на Советот за безбедност, Гутереш изрази загриженост за влошената состојба во […]

САД ги прогласи Хутите за „странска терористичка организација“


Претседателот на САД, Доналд Трамп го прогласи јеменското движење на Хутите, познато под името „Ансар Алах“ за странска терористичка организација, соопшти Белата куќа. Со тоа предвидени се построги санкции, од тие што беа воведени од администрацијата на Џо Бајден, кон Хутите како одговор на нејзините напади врз комерцијалните бродови во Црвено Море и врз американските […]

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци


 Поради магла, намалена видливост од 50 до 100 м има на планинскиот премин Страцин, Битола, Прилеп, Македонски Брод, Кочани, Делчево, Струмица и Петровец, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови,по претежно влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна […]

Трамп го избра Шон Каран да биде новиот директор на Тајната служба


Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го избрал Шон Каран за директор на американската Тајна служба. Каран беше дел од обезбедувањето на Трамп во време на обидот за атентат во Батлер, Пенсилванија, минатиот јули.  „Тој ја демонстрираше својата голема храброст кога го ризикуваше сопствениот живот за да ме спаси од куршум на атентатор во Батлер, […]

Пентагон ќе распореди дополнителни 1.500 војници на границата со Мексико


Американската армија ќе испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико, соопшти Белата куќа два дена откако претседателот Доналд Трамп потпиша указ за миграцијата, Дополнителните трупи вклучуваат 500 маринци, како и екипажи на армиските хеликоптери и разузнавачки аналитичари. Тие ќе им се придружат на 2.200 активни воени лица и илјадници војници на Националната гарда, кои […]

Милијардерот Блумберг ќе го финансира телото на ОН за климата по повлекувањето на САД


Милијардерот Мајкл Блумберг објави дека неговата фондација ќе се вклучи во финансирањето на телото на ОН за климатски промени, откако претседателот Доналд Трамп објави дека САД ќе се повлечат од Парискиот договор. Интервенцијата на Блумберг има за цел да обезбеди Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC) да остане целосно финансирана и покрај тоа […]

Концертот „Филхармонија на кирилица“ без солист


Македонската филхармонија вечер, под диригентство на Борјан Цанев, ќе го одржи концертот „Филхармонија на кирилица“, но без солист. Пијанистката Нина Костова го откажала својот настап од здравствени причини, а поради краткото време за наоѓање друг солист, на овој концерт ќе биде изведена само симфониска музика и ќе оди во еден дел без пауза. На програмата […]

Дел од Општина Центар без вода


Без вода денеска од 9 часот ќе биде градинката „Кочо Рацин“ и дел од корисниците лоцирани на улиците „Питу Гули“, „Ацо Караманов“,„Димитар Пандилов“, „Ганчо Хаџипанзов“ и дел од „Караорман“ во Општина Центар. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект од ф-200 милиметри на улицата „Питу Гули“ број 5.  Водоснабдувањето […]

Делови од Ѓорче Петров, Сарај и Зелениково без струја


Без струја денеска од 9:00 до 14:00 часот ќе останат дел од жителите од скопското село Кондово.  Во периодот од 8:30 до 15:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улиците „Стоби“, „Пробиштипска“, „Мице Козар“ и „Социјалистичка зора“ во Општина Ѓорче Петров. Без струја од 9:00 до 15:00 часот ќе […]

Отворање на изложбата „Дијалог преку уметност“ во Софија


Изложбата „Дијалог преку уметност“ на професори од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и професори од Националната уметничка академија од Софија вечер ќе биде отворена во галеријата „Академија“ во Софија. „Дијалог преку уметност“ е втор настан преку кој Националната ликовна академија и Факултетот за ликовни уметности Скопје при Универзитетот […]