Паметниот избор на акции носи атрактивни приноси, вели инвестицискиот советник Костадиновски


Минатата година се покажа како екстремно позитивна за вложување во акции и со паметен избор на квалитетни акции се остварија атрактивни приноси, затоа што вложувањето во акции е реален и опиплив имот, порача Коста Костадиновски, овластен инвестициски советник од Капитал Ассет Менаџмент на традиционалната Годишна инвеститорска средба. „Во услови на дополнителна претпазливост поради глобалните случувања […]

Себастијан Курц ја обвини Меркел за подемот на АфД во Германија


  Себастијан Курц не можеше да одолее на нагонот да каже: ти реков. Поранешниот австриски канцеларк изјави за германскиот таблоид „Билд“ во коментарот објавен во петокот наутро дека политиката на отворени граници на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел е директен катализатор за подемот на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), која е на второто […]

ИСОС: Повеќе од 4.700 професионални сметководители се усогласени со законот, но поединци сеуште работат во сива зона


Официјалните податоци покажуваат дека, со крајот на јануари 2025 година, вкупно 4767 сметководители и овластени сметководители во земјава, навремено и уредно ги исполниле сите свои законски обврски и со тоа се стекнале со право на потпишување на годишни сметки и успешно се внесени во базата на податоци на Централниот регистар. Споменатата бројка претставува повеќе од […]

Преживеан од холокаустот ќе го врати германскиот орден поради гласањето со АфД


  Еден 99-годишен преживеан од холокаустот изјави дека ќе му го врати сојузниот орден за заслуги на германскиот претседател во знак на протест поради пратениците што го усвоија предлогот против имиграцијата во парламентот со поддршка на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД). Албрехт Вајнберг, чии родители беа убиени во Аушвиц, изјави за „Гардијан“ дека е […]

Додека Македонците бојкотираат и протестираат, Мицкоски слави


Додека граѓаните се организираат да ги бојкотираат денес маркетите поради превисоките цени, а други ќе ја блокираат „Партизанска“ поради прегазената Фросина Кулaкова, премиерот Христијан Мицкоски слави. Според фотографиите што гордо ги објавуваат тој и неговите сопартијци на социјалните мрежи Мицкоски веќе два дена оди по цркви и по манастири за да го слави верскиот празник […]

Дванаесет земји на ЕУ бараат од ЕК да ги заштити европските избори од странско мешање


Брисел – Дванаесет земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ги Франција и Германија, побараа од Европската комисија (ЕК) да ги искористи своите овластувања според Законот за дигитални услуги за да го заштити интегритетот на европските избори од странско мешање. Во писмо до ЕК, министрите за европски прашања на Франција, Германија, Холандија, Белгија, Кипар, Хрватска, Чешка, Данска, Грција, […]

Хрватската СДП ќе помага во изработката на новата програма на СДСМ


  Делегација од највисоко ниво на СДСМ, првиот и вториот човек, Венко Филипче и Фани Каранфилова-Пановска, беше во Загреб, Хрватска, на средби со раководството на Социјалдемократската партија на Хрватска, со претседателот Синиша Хајдаш Дончиќ, со потпретседателот Ранко Остојиќ и со меѓународниот секретар, Каролина Леаковиќ. На средбите се разговарало на поддршката на СДП и соработката во градењето […]

Девојка искасана од куче во кругот на Државна клиника


Во текот на вчерашниот ден до полицијата пристигнале повеќе пријави за каснување од бездомни кучиња на подрачјето на Скопје. На 30.01.2025 во 14.15 часот во Полициската станица Центар, К.Г.(24) од Струмица пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била касната од куче скитник. На 30.01.2025 во 17.00 часот во Полициската станица […]

(Видео) Парното поскапува за 5 отсто, вели Бислимоски


Парното во Скопје ќе поскапи за 5,03 отсто, соопшти денеска претседателот на регулаторната комисија Марко Бислимоски. Како што пресмета Бислимоски, семејство кое имало трошок за парно од 2.100 денари, сега ќе има сметка од 2.200 денари. Цената за која денеска е одлучено, ќе се применува од 1 февруари. Проследете ја прес-конференцијата во живо: Топлинската енергија […]

Левица за новите членови на АВМУ: Нетранспарентно, политички и наместено


Левица реагираше денес на изборот на новите членови на АВМУ нарекувајќи го нетранспарентен, политички, наместен и со кандидати кои не ги исполнуваат законските услови.   „ Противзаконско е именувањето за членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Афрона Верзиволи и Нафије Селмани, кои се политички истакнати личности преку политички партии од […]

Од највисоките функционери на ФБИ побарана оставка или ќе бидат отпуштени


Вашингтон – Од високите функционери на американското Федерално истражно биро (ФБИ) е побарано да поднесат оставка или да се повлечат од нивните челни позиции во Бирото или ќе се соочат со отказ, изјавија три неименувани добро информирани извори за Си-Би-Ес. Извори рекоа дека високи функционери во седиштето на ФБИ се одговорни за надгледување на врвните […]

Во Шпанија откриен нов вирус кој го пренесуваат комарците


Шпански научници открија нов вирус кој го пренесуваат комарците – вирусот Синдбис, кој не е фатален, но предизвикува симптоми како треска, главоболка и болки во зглобовите и осип на кожата. Научниците го откриле вирусот кај комарците во Андалузија, а претпоставуваат дека е во Шпанија од 2017 година, но до сега не бил откриен бидејќи истражувањето […]

Другарка на Фросина што загина на „Партизанска“ пред 10 години: „Почувствував болка како кога ја загубив мојата Фросина“


  Исидора Јакимовска е млада девојка од Крива Паланка, која пред 10 години, во 2015, на улицата „Партизанска“ кај Универзална, ја загуби својата најдобра другарка, Фросина Цековска (19). Фросина тогаш беше прегазена од возач под дејство на алкохол, кој ја удрил девојката додека поминувала на пешачки премин. „Денес, кога прочитав дека повторно на истата улица, […]

Жртвите на комунистичкиот режим во Источна Германија ќе добиваат повисоки пензии и компензација


Берлин – Жртвите на комунистичката партија која владееше со поранешната Германска Демократска Република (ГДР) ќе добијат поголема финансиска поддршка, одлучи Бундестагот, јави ДПА. Мерката, која вчера едногласно беше усвоена, предвидува зголемување на пензиите од 330 на 400 евра. Дополнително, средствата ќе се зголемуваат автоматски секоја година и повеќе нема да бидат врзани за потребите на […]

Расчистено убиство во Кавадарци, осомничен и приведен е кавадарчанец


Министерството за внатрешни работи информира дека е расчистено убиството што се случи на 22 јануари во Кавадарци, а осомничениот е приведен. – На 30 јануари во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.П.(42) од Кавадарци. Тој се сомничи дека на 22 јануари во нејзиниот дом со гушење ја убил неговата партнерка […]

Денеска и утре релативно топло, од недела вечер дожд и опаѓање на температурите


Утре ќе биде се уште релативно топло, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а попладне облачноста ќе се зголеми. Во недела ќе се задржи облачно, а потоа кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник особено претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од повремен […]

Денеска ќе се протестира во Скопје и Неготино за прегазената Фросина


  Граѓаните преку социјалните мрежи се организираат за протест на булеварот „Партизански одреди“ спроти пекарницата „Силбо“ во Скопје каде што беше прегазена 22-годишната студентка од Неготино Фросина Кулакова. Протестот е закажан за денеска во 13 часот. На него ќе се бара да се подигне безбедноста во сообраќајот, но и одговорност за судијата кој му го […]

Полска министерка предлага воведување „такса за влез во ЕУ“ како извор на нови приходи за блокот


Полската министерка за развојни фондови и регионална политика Катаржина Пелчињска-Налеч се заложи за изнаоѓање „нови извори за финансирање на ЕУ“, кои би можеле да вклучат и воведување на дигитален данок или „такса за влез“ во блокот.  – САД и Велика Британија воведуваат такви давачки, па зошто да не се разгледа воведување такса за влез во […]

Осомничениот возач за смртта на Фросина платил 18.000 денари за претходната сообраќајка и не бил кривично гонет


  Против 20-годишниот возач што ја усмрти младата Фросина на „Партизанска“ во Скопје претходно имало пријави за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за сообраќајна незгода во која едно лице се здобило со полесни повреди. Осомничениот бил во притвор, а потоа Основниот кривичен суд Скопје одлучил да му […]

Концерт под свеќи со виолончелистот Петар Пејчиќ и „Профундис“ на 22 март


По распродадениот премиерен концерт минатата година, традиционалниот „Candlelight“ спектакл под свеќи повторно ќе ги воодушеви љубителите на класичната музика во Скопје. Под магијата на светлината од илјадниците свеќи, на 22 март во 20 часот, во големата сала на Македонската филхармонија, камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе ве поведе на безвременско […]