Снежните врнежи предизвикаа сообраќаен хаос во Велика Британија и Германија


Обилните снежни врнежи и замрзнат дожд предизвикаа сериозни проблеми со транспортот на многу места во Европа, особено во Велика Британија и Германија. Во северните делови на Англија, на надморска височина над 300 метри, се забележани снежни наноси до 40 сантиметри. Постојат стравувања дека некои населени места би можеле да останат отсечени од остатокот од светот. […]

Синдикатот бара измена на Законот за мобинг, од 2013 година досега 25 обраќања до ССМ по овој основ


Измените на Законот за заштита од вознемирување на работното место или носењето на нов закон останува отворено прашање иако иницијативата за измени е започната уште пред три години. Од Сојузот на синдикати на Македонија во изјава за МИА велат дека постапката за анализа на потребата од изготвување на нов закон е почната и е формирана […]

Глоуб енд Мејл: Канадскиот премиер Трудо се очекува да поднесе оставка од лидерската функција во партијата


Се очекува канадскиот премиер Џастин Трудо да поднесе оставка како лидер на Либералната партија, потенцијално уште денеска, јави весникот „Глоуб енд Мејл“. Според извори од канадскиот весник, Трудо ќе се повлече пред клучниот состанок на владејачката партија кој треба да се одржи в среда. Не е познато ниту дали Трудо ќе се повлече и од […]

Без вода дел од Студеничани


Поради уличен дефект денеска без вода се корисниците од улиците 1 и 2 во село Студеничани. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека водоснабдувањето е  прекинато од 07:40 часот до завршување на работните активности.

Прилепчанката Јакелиќ со безгранична љубов за своите и за згрижените деца


За празниците е најрадосна. И за католички, и за православен Божик. И за Нова Година. Прилепчанката Соња Јакелиќ го „светна“ домот. За своите четири деца, за четирите внуци и за двете деца згрижени во нејзиниот дом. А низ годините ги имала барем десетина згрижени. Соња Јакелиќ веќе 20 години згрижува деца без родителска грижа. Досега, […]

За Бадник студено утро, сончево преку ден


Времето денеска наутро ќе биде студено со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Преку ден се очекува да биде сончево со мала до умерена локална облачност, да дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната од 6 до 12 степени. […]

Северна Кореја изврши балистички ракетен тест за време на посетата на Блинкен на Сеул


Северна Кореја денеска лансираше балистичка ракета која паднала во Јапонското Море, информираат јужнокорејските вооружени сили. Според последните информации, станува збор за ракета со среден дострел. Јапонската крајбрежна стража потврди дека ракетата паднала надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија. Ова е прв ракетен тест на Северна Кореја по два месеца. Тестот беше спроведен во момент […]

Хамас подготвен за ослободување заложници како дел од договор


Хамас изрази подготвеност да ослободи 34 заложници кои ги држи во Појасот Газа, како „прв чекор“ од договор за прекин на огнот со Израел. Сепак, израелските власти изјавија дека сè уште не добиле список од палестинското исламистичко движење. Претставник на Хамас изјави дека групата од 34 заложници вклучува „жени, болни лица, деца и постари“ меѓу […]

Синоќа почувствуван земјотрес


Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во Скопје и северозападните делови од државата.  Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 23:12 часот со епицентар на 24 километри северозападно од Скопје со Рихтерова магнитуда од 2,8 степени.

Златен глобус 2025: Доминација на „Бруталист“ „Емилија Перез“ и „Шогун“


 Филмовите Бруталист (The Brutalist) и Емилија Перез (Emilia Pérez), како и серијата Шогун, доминираа на синоќешното доделување на наградите „Златен глобус“, со што почна и овогодишната сезона на награди. Нискобуџетната епска драма The Brutalist, која ја раскажува приказната за архитект кој го преживеал холокаустот, освои три награди: најдобар филм во категоријата драма, награда за најдобар […]

Во 2024 година најмногу пријави за труења со храна и за производи со поминат рок


Внатрешниот промет на храна од неживотинско и животинско потекло, од почетокот на 2024 година заклучно со ноември бил покриен со околу 30 000 контроли кај оператори во рамки на редовните, вонредните и реализирани надзори. Како небезбедни се уништени педесеттина тони храна, за отстранување поради утврдени недоследности се издадени околу 2 000 решенија, а изречени се […]

Почина фотографката Горанка Матиќ, хроничарот на животот во Србија и Југославија


Влијателната фотографка Горанка Матиќ, присутна на медиумската и уметничката сцена повеќе од четири децении, почина вчера во Белград на 76-годишна возраст по кратко боледување, јави агенцијата ФоНет. Матиќ, родена во Марибор во 1949 година, заврши историја на уметност на Филозофскиот факултет во Белград. Нејзиното име е синоним за хроничарот на животот во Србија и Југославија […]

Зеленски тврди дека Лукашенко му се извинил на почетокот на војната


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека белорускиот претседател Александар Лукашенко му се извинил веднаш по почетокот на војната, бидејќи Русија ја нападнала Украина преку белоруска територија, пренесува „Укринформ“. – Разговарав со Лукашенко на телефон во првите денови од војната и тој се извини. Ми рече: ‘Не бев јас, Путин испалуваше ракети од мојата територија.’ Ова […]

МААЕ информира за силни експлозии близу нуклеарната централа Запорожје


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) информира за силни експлозии во близина на Запорожје АЕЦ. Оваа информација се совпаѓа со извештаите за напад со дрон врз тренинг центарот поврзан со украинската атомска централа, која е под контрола на Русија од март 2022 година – веднаш по почетокот на војната. – Нема жртви ниту оштетувања на […]

Православните христијани го слават Бадник


Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Одбележувањето на Бадник во Скопје ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Кум на годинашното одбележување е Радомир Макеларски, кој ќе го понесе ќупот за […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради бадникарските манифестации


 Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен денеска на подрачјето на град Скопје каде по повод христијанскиот празник Бадник  ќе се одржат повеќе манифестации. Свечен собир на Кумовите бадникари ќе се одржи на платото пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадниковите поворки од пред Оштина Кисела Вода, по ул.„Петар […]

Салата „Работнички“ по 50 години целосно се реновира


Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски на неговиот Фејсбук профил информираше дека салата Работнички се реконструира во пон ек и според највисоки стандарди. „Култната сала Работнички ќе блесне во ново руво! Реконструкцијата се одвива во полн ек и според највисоки стандарди. Го прошируваме теренот, наместо бетонски клупи поставуваме нови седишта, соблекувални, туш кабини, подно греење, кров […]

Николоски најави директни летови од Скопје за Амстердам и Париз


Годинава ќе се отворат уште четири нови директни авионски линии од скопскиот аеродром. Тоа се директните летови за Амстердам и за Париз, се преговара со Катар Ервејз за нивна авио линија од Скопје и веројатно годинава Скопје ќе стане третиот град на Балканот, по Белград и Истанбул, од каде ќе се изведуваат прекуокеански летови. Ова […]

Над 1.400 професори застанаа зад студентите што протестираат во Белград


Повеќе од 1.400 професори, соработници и истражувачи на универзитетите во Србија потпишаа петиција за поддршка за студентите кои се во блокада.Тие исто така јавно го осудуваат секој обид на властите да ги заплашат студентите. Професорите, соработниците и истражувачите од универзитетите ширум Србија се обратија до граѓаните со  соопштение. „Ние, професори, соработници и истражувачи универзитети ширум […]

Сообраќајот околу Мавровското езеро нормализиран, од Бунец до Леуново наизменично се пропуштаат возила


Метежот и колоните од автомобили кои попладнево се сосзадоа по локалниот пат околу Мавровското езеро се расчистени и сообраќајот се одвива во зимски услови. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи за МИА потврди дека вакви состојби се појавуваат во период кога има зголемен број на туристи. – Вообичаено во зимскиот период сообраќајот се регулира со […]