Погледнете го историскиот момент. Бунтовниците влегоа во палатата на Асад


Сириските бунтовници утринава објавија дека ставиле крај на 24-годишното авторитарно владеење на претседателот Башар ал Асад во првата објава на државната телевизија по молскавична офанзива која го изненади светот, а сирискиот премиер најави дека е подготвен да соработува во трансферот на власта и повика на избори. Сириските бунтовници рано утринава влегле во претседателската палата во […]

Автобусите од ЈСП утре ќе возат по неделен возен ред


Автобусите од јавниот превоз утре поради државниот празник „Св. Климент Охридски“ ќе сообраќаат по неделен возен ред, соопштуваат од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. – Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно […]

Бунтовниците ја прогласија Сирија за слободна, Асад побегна од Дамаск


 Бунтовниците во Сирија влегоа во главниот град Дамаск, без да наидат на сериозен отпор. Непосредно пред тоа, сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска заминал од Дамаск со авион, напуштајќи го градот во непознат правец, потврдија за „Ројтерс“ двајца високи офицери на сириската армија, пренесува Скај њуз. Според Рами Абдел Рахман, директор на Сирискиот центар за мониторинг […]

ЛА Галакси стана шампион во МЛС по рекорден шести пат


Екипата на Лос Анџелес галакси ноќеска го победи Њујорк ред булс со 2:1 во финалето на плејофот на американската лига – МЛС. Џозеф Пејнтсил и Дејан Јовелиќ беа стрелци на головите за домаќините, Шон Нилис погоди за Њујорк. Лос Анџелес Галакси по шести пат го освои фудбалското првенство на САД. Ова е рекорд меѓу тимовите […]

Врачување на државната награда „Св. Климент Охридски“


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска напладне ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година. Универзитетската професорка Маја Бојаџиевска ќе ја добие нарадата во областа на воспитанието и образованието, а во областа на културата и уметноста годинава се наградени писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази. Државната награда […]

Денеска и утре бесплатен паркинг на повеќе локации во Скопје


За време на државниот празник „Свети Климент Охридски“, денеска и утре, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“, односно во зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.  – Редовна наплата ќе се врши во зона А0 – Водно, во катните гаражи „Беко“ и „26ти Јули“ и на јавните паркиралишта: […]

Променливо облачно, врнежи од дожд попладне и во текот на ноќта


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови од државата, каде што ќе наврнат и над 15 литри на квадратен метар. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.  Ќе дува слаб до умерен, […]

МНР ги повикува нашите државјани да заминат од Сирија


Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија  ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава,  да ја напуштат во прва можна прилика. Исто така, апелира да се одложат сите патувања кон оваа држава. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности […]

Дамаск пред паѓање, Трамп порачува: Ова не е наша борба!


Претседателот Доналд Трамп додека беше во Париз напиша пост на „Х“  околу ситуацијата во Сирија порачувајќи дека тоа не е битка на САД и тие ќе останат настрана. „Опозициските борци во Сирија, во потег без преседан, тцелосно зазедоа многу градови, во мошне координирана офанзива и сега се на периферијата на Дамаск, очигледно подготвувајќи се да […]

Сиљановска Давкова не замина на отворањето на Нотр Дам поради дефект на владиниот авион


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова не замина во Франција на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз поради дефектот на владиниот авион, соопшти вечерва кабинетот на претседателката. -Во врска со информациите на дел од медиумите дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова учествува на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, кабинетот […]

Зеленски: Состанокот со Трамп беше „добар и продуктивен“


Непосредно пред церемонијата на повторното отворање на катедралата Нотр Дам, францускиот претседател Емануел Макрон беше домаќин на средбата со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.Зеленски изјави дека средбата на тројцата лидери била „добра и продуктивна“. I had a good and productive trilateral meeting with President @realDonaldTrump and President @EmmanuelMacron at the […]

Макрон ги спои Зеленски и Трамп во Париз


Доналд Трамп, избран за американски претседател е втората „ѕвезда“ на денот, покрај вечерашното отворање на Нотр Дам во Париз, после големиот пожар кој ја погоди катедралата.Негов домаќин е Емануел Макрон кој го прими во Елисејската палата со срдечен стисок на рацете, покрај накитената новогодишна елка во дворот и неколку застанувања пред камерите со повторни поздравувања, […]

(ВИДЕО) Пет години по пожарот отворена катедралата Нотр Дам, иконата на Франција


ПАРИЗ – Емануел Макрон сфаќа дека, кога сè друго не успева, може да се пофали со раскошот и церемонијата на Франција. Тој, исто така, знае дека ако има еден човек на светската сцена кој ќе му помогне во тоа, тоа е Доналд Трамп. Значи, нема посовршен момент, само три дена по колапсот на неговата тримесечна […]

Пет интересни факти за Нотр Дам


Зад величественоста на катедралата, за која биле потребни 182 години да се изгради помеѓу 12 и 14 век, лежат некои изненадувачки приказни. Од средновековните митови до современите мистерии, еве пет посебни работи што треба да ги знаете за оваа знаменитост во Париз: Срце на Франција, буквално Важноста на Нотр Дам оди подалеку од нејзината архитектура […]

Отворањето на Нотр Дам во живо


Пет години откако беше опожарена, катедралата Нотр Дам вечерва повторно ги отвори своите врати. Во точно 19:10 часот, првпат по пет години, повторно заѕвонеа камбаните на катедралата кои светските лидери и граѓаните собрани на плоштадот ги слушаа во тишина. Службите за итни случаи кои помогнаа да се спаси готското ремек-дело и луѓето вклучени во реставрацијата […]

Касами до ДУИ: Спијте мирно, албанските прашања се во сигурни раце


Откако за 11 декември е закажана седницата на која Уставниот суд ќе одлучува за Законот за јазиците, од опозицијата пристигнаа бројни критики и обвинувања кон власта.На нив реагираше  претседателот на Беса, Билал Касами, кој изјави дека додека ДУИ беа на власт не се интересирале за албанските прашања, но сега, кога дојде време за одговорност, го […]

Кошта прати писмо до лидерите на ЕУ околу Западен Балкан


Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, упати писмо до лидерите на ЕУ во пресрет на претстојниот состанок на Европскиот совет и Самитот ЕУ-Западен Балкан, кои ќе се одржат подоцна овој месец во Брисел. Тој нагласи дека проширувањето на ЕУ е главна геополитичка инвестиција и дека моменталниот геополитички контекст бара нов поттик за ангажманот на ЕУ […]

Богатството на членовите на администрацијата на Трамп поголемо од БДП на 160 земји


Кога Доналд Трамп по вторпат ќе положи заклетва на 20 јануари, тој не само што ќе стане најбогатиот претседател во американската историја со имот од околу шест милијарди долари, туку ќе ја предводи и најбогатата влада во светот. Богатството на идните лидери на американската администрација се проценува на повеќе од 346 милијарди долари, што го […]

Насилно влегол во планинарскиот дом Караџица и го запалил


Непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден алат влегол во планинарскиот дом „Караџица“ во селото Црвена Вода, скопско, и предизвикал пожар, објави МВР во дневниот полициски билтен. Известен бил јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Според искуството, ваквите пожари се дело на урбаната мафија кога „расчистува“ терен за градење.

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви


Откако РЕК Битола објави дека се раскинува тендерски договор со „Марковски компани“ за ископ на јаглен во вредност од 43 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ вели дека подизведувач во оваа набавка била фирма на семејството на поранешниот премиер Зоран Заев. Според владејачката партија, десетици милиони евра се апсорбирани од блиските фирми на Заев преку слични тендерски договори […]