ЛА Галакси стана шампион во МЛС по рекорден шести пат
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2024/12/mls-la-galaxy.png)
Екипата на Лос Анџелес галакси ноќеска го победи Њујорк ред булс со 2:1 во финалето на плејофот на американската лига – МЛС.
Џозеф Пејнтсил и Дејан Јовелиќ беа стрелци на головите за домаќините, Шон Нилис погоди за Њујорк.
Лос Анџелес Галакси по шести пат го освои фудбалското првенство на САД. Ова е рекорд меѓу тимовите во лигата.
Претходно, тимот последен пат ја освои титулата во 2014 година.