Нафтата и златото поскапеа по падот на режимот во Сирија


 Европските берзански индекси ја започнаа неделата со раст, додека на пазарите истовремено е забележан раст на цената на нафтата, златото и пченицата. Порастот на цената на нафтата и златото, меѓу другото, е последица на несигурноста по повод натамошниот развој на ситуацијата на Блискиот Исток по падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија, пренесува […]

Научниците го открија одговорот: Ова се крајните граници на ултрамасивните црни дупки


Ако пресметките се точни, тоа значи дека веќе успеавме да ја откриеме најголемата ултрамасивна црна дупка Научниците веруваат дека во центарот на сите големи галаксии демнат супермасивни црни дупки, космички џинови со маси милиони или дури милијарди пати поголеми од масата на Сонцето. Но, некои црни дупки ги надминуваат дури и овие огромни маси и […]

Од малолетни девојчиња и жени крадел пари во Центар и Аеродром – во притвор е


 Определен е притвор за 26-годишник осомничен за најмалку пет кривични дела  против имотот – разбојништва и тешки кражби, врз жени и малолетни девојчиња во Центар и Аеродром, при што се стекнал со противправа имотна корист од околу 100 000 денари. – Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишник осомничен дека […]

Министерството за правда на Јужна Кореја воведе забрана за патување во странство на претседателот Јун Сук-Јол


Јужнокорејското Министерство за правда воведе забрана за патување во странство на претседателот Јун Сук-Јол во рамки на истрагата поврзана со минатонеделното прогласување воена состојба во државата. Јужнокорејската полиција, обвинителството и Агенцијата за борба против корупцијата побараа воведување забрана, во момент кога се проширува истрагата за покренување евентуални обвиненија за бунт во врска со воведувањето воена […]

Конте по поразот од Лацио: Овој натпревар јасно покажа дека Наполи е на добар пат


 Тренерот на Наполи, Антонио Конте е задоволен од изданието на неговиот тим и покрај поразот (0:1) од Лацио во 15. коло од Италијанското фудбалско првенство. – Не сум незадоволен или разочаран. Денешниот натпревар јасно покажа дека сме на добар пат. Се обидуваме да ја контролираме играта и додека ја поседуваме топката, создаваме ситуации кои му […]

САД подготвуваат нова воена помош за Украина во вредност од 988 милиони долари


САД подготвуваат пакет од дополнителна воена помош за Украина во вредност од 988 милиони долари, соопштија синоќа од Стејт департментот. Износот е речиси половина од преостанатите 2,21 милијарда долари во рамките на Иницијативата за помош за безбедност на Украина (УСАИ).   Средствата од УСАИ ќе бидат насочени кон набавка на муниција за високомобилните артилериски ракетни […]

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка


Најстудено изутрина е на Попова Шапка  каде се измерени – 4 степени Целзиусови, по што следуваат со -1 Лазарополе, 0 Маврови Анови и Крушево, 1 Тетово, Крива Паланка, 2 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп и Берово, 3 Охрид и Дебар, 4 Претор, Штип, Виница, Куманово, Велес и Кавадарци, 5 Демир Капија и Струмица и 6 […]

“London Sessions”: Новиот албум на Влатко Стефановски на дигитална платформа


Гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски ја воодушеви публиката со третиот сингл од новиот албум „London Sessions“ кој веќе е достапен на сите дигитални платформи! Синглот „Gipsy Song“ е снимен во легендарното Abbey Road Studio 3 во Лондон, а е придружен со одлично видео кое го прикажува создавањето на песната во овој иконски простор. Таму е создаден […]

Западните медиуми го коментираат соборувањето на режимот на Асад


Вашингтон – Соединетите Американски Држави изразија надеж за мирен трансфер на власта откако викендов беше соборен долгогодишниот сириски претседател Башар ал Асад, чиј режим се распадна под нападот на вооружената исламистичка бунтовничка група Хајат Тахрир ал-Шам, објави утрово „Вашингтон пост“.  Изданието го цитира американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој во синоќешната изјава го осуди режимот […]

Новата Европска комисија: Силни сигнали за Европа – и за Украина  


Новата извршна власт на Европската унија, предводено од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, стапи на должност во неделата (1 декември) во услови кога блокот од 27 држави се соочува со нова геополитичка реалност.   Безбедноста и одбраната во контекст на руската агресија на источното крило на ЕУ, тензиите на Блискиот Исток, слабата […]

Бајден: Асад треба да сноси одговорност, САД ќе соработуваат со партнерите во Сирија


Вашингтон – Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа истакна денеска дека сирискиот претседател Башар ал Асад „треба да сноси одговорност“ за своите постапки, како и дека САД ќе работат со своите партнери и заинтересирани страни во Сирија, помагајќи им да се справат со ризиците. Во обраќањето од Белата куќа, Бајден рече дека САД официјално не знаат каде […]

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на младите македонски поети


На Оделот за славистика при Филозофскиот факултет во Љубљана се промовираше двојазичната илустрирана антологија „Ново раѓање на зборот = Novo rojevanje besede“ со поезија од млади македонски автори родени од 1991 година. Изданието, неодамна го објави Македонско културно друштво Македонија од Љубљана со финансиска поддршка на Јавниот фонд за културни дејности на Република Словенија. Словенечкото […]

Лабина Митевска европската награда за копродукција ја посвети на татка си


Лабина Митевска ја доби наградата за меѓународна копродукција на Еуримаж 2024, која ја слави нејзиниот исклучителен придонес за копродукцијата и влијателните сојузи што ги изградала низ годините. „Горда сум што сум дел од европскиот филм и фала на сите овде што правите прекрасни, извонредни филмови кои ќе го променат светот, рече Лабина Митевска, примајќи ја […]

Променливо облачно, магла по котлините и услови за слаб локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени. Во Скопје […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 9 декември 2024 година, 344-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 22 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 50 минути, а ќе зајде во 16 часот и 2 минути. Денов трае 9 часа и 12 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина изгрее во 12 […]

(Видео) Полн воз од Сплит до Загреб заглави во снегот во Лика: „Чекаме два часа“


Денеска нешто по 15 часот воз на Хрватски железници тргна од Сплит за Загреб, а потоа заглави во снегот во Лика. Како што јави Далмација Данас, возот бил полн во моментот кога се заглавил во снегот бидејќи врз него паднала гранка при што се скршило стаклото на локомотивата. „Два часа чекаме замена, авотбус или воз“ […]

Чарлс и Камила ја објавија божиќната честитка, позираат во градината на Бакингемската палата


Британскиот крал и кралица ја објавија овогодинешната божиќна честитка. На официјалниот Инстаграм профил на Чарлс и Камила е објавена честитка. Двојката насмеана позирала во градината на Бакингемската палата. Откриле дека фотографијата е направена во април. На фотографијата Чарлс е облечен во сив костум, бела кошула и сина вратоврска, додека Камила е облечена во син фустан […]

Трите починати лица во Црвени Брегови на возраст од 71 и 66 години и еден малолетник


Трите починати лица што беа пронајдени во неготинското село Црвени Брегови биле на возраст од 71 и 66 години и еден малолетник, а нивните тела се предадени за обдукција, потврдија вечерва за МИА од СВР Велес.   – Првичната  информација е дека во 16.35 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во објект во село […]

Додик хоспитализиран поради акутни болки


Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска е хоспитализиран во Белград поради акутни болки, соопшти вечерва неговиот кабинет. Според првата дијагноза, се додава, по потребните подготовки, следи оперативен зафат на хранопроводникот и желудникот. „За здравствената состојба на претседателот на Република Српска јавноста ќе биде навремено информирана“, се наведува во соопштението. 

„Оваа периферија повторно да ја претвориме во центар на образованието“, порача Силјановска Давкова на академијата по повод „Св. Климент“


 Ако сакаме македонското општество да биде праведно и солидарно, а Македонија да ја  направиме пристојно место за живеење мора да се навратиме на вредностите на Свети Климент Охридски, порача претседателката Гордана Силјановска Давкова на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, што се одржа вечерва во Музејот на македонската борба за самостојност во […]