Три безживотни тела пронајдени во неготинското село Црвени Брегови, има и 14 годишно дете


Три безживотни тела биле пронајдени денеска во неготинското село Црвени Брегови. Оваа информација за МИА ја потврдија од Јавното обвинителство. – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во неготинското село Црвени Брегови, каде во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект биле пронајдени три безживотни тела меѓу […]

Руски медиуми: Асад е во Москва, доби азил


Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад е во Москва и доби азил во Русија, изјави извор од Кремљ за руската државна новинска агенција Тас. „Асад и членовите на неговото семејство пристигнаа во Москва. Русија им даде азил врз основа на хуманитарни причини“, рекол изворот на агенцијата. „Москва смета дека е неопходно да се продолжат преговорите […]

Неподвижен човек во с. Видовиште три дена немал јадено, ЦУК ги алармира институциите


Неподвижен човек во с. Видовиште три дена немал јадено, алрмираше денеска Центарот за управување со кризи, каде што информацијата ја добиле преку единствениот број за итни случаи 112. Но, и покрај алармантната ситуација, многу од наделжните институции кревале рамења и велеле дека не се надлежни, а други, пак, го чекале првиот работен ден да дејствуваат.  […]

Свечена академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“


Во Музејот на македонската борба за самостојност вечерва се одржува Свечена академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“- 8 Декември. Најавено е обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова која е покровител на академијата. На академијата се присутни претседателот на Собранието Африм Гаши, членови на Владата, поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов, поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, […]

ВМРО-ДПМНЕ го обвини ДУИ дека „сее магла“, порачува да ја слушнат изјавата на Мицкоски


Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираше на акцијата на ДУИ пред Уставен суд, односно на чувањето „Старжа на јазикот“ обвинувајќи дека оваа партија „сее магла“. „ДУИ да ја слушнат изјавата на претседателот Мицкоски, да не сеат магла, иако знаат дека во среда нема да се случи ништо“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. Од таму додаваат ДУИ „на овој начин […]

Трамп: Украина не треба да очекува ист обем на воена помош од САД како во времето на Бајден


 По промената на власта во Вашингтон, Киев не би требало да смета на истиот обем на воена помош кој беше достапен за време на администрацијата на Џозеф Бајден, рече новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за Ен-Би-Си Њуз. Тој, меѓу другото, истакна дека Украина „веројатно“ треба да очекува дека поддршката од САД ќе се […]

ДУИ ќе чува „Стража на јазикот“ пред Уставен суд „ден и ноќ“ до седницата на 11 декември


Пред Уставниот суд попладнево се собраа активисти на опозициската Демократска унија за интеграција, кои, како што најави партискиот функционер Арбер Адеми, ќе останат таму до 11 декември кога треба да се одржи седница за Законот за употреба на јазиците. Адеми рече дека со иницијативата „Стража на јазикот“ со деноноќно присуство пред Уставниот суд застануваат во […]

Делегација на Општина Битола кај збратимениот француски град Епинал, на славата Св. Никола


 Делегација на Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, заедно со секретарот Борче Димитровски и почесниот конзул на Франција во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ, престојува збратимениот град Епинал каде се слави тамошниот верски празник и патрон на градот Св. Никола. Од Општина Битола соопштија дека за време на посетата макеедонската делегација заедно со збратимените градови […]

Дефектот на владиниот авион се случил на 3 декември, од Владата сметаат дека треба да се купи нов


Владиниот авион со кој претседателката Гордана Сиљановска-Давкова требаше да лета за Париз на отварањето на реновираната катедрала Нотр Дам, се расипал на 3 декември. Со него патувал претседателот на Собранието Африм Гаши во Стокхолм, Шведска. За време на подготовката на авионот за лет кон Скопје и редовните активности и проверки на аеродромот во Стокхолм утврдена […]

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков  е новиот претседавач со Советот на министри за култура на ЈИЕ


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, викендов во Херцег Нови, имаше свое обраќање на состанокот на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа-јакнење на културата во функција на одржливиот равој (КОМОКОСЕЕ) на кој Република Северна Македонија и официјално го презеде од Црна Гора претседавањето со ова значајно тело во период од една година. Во […]

Државната награда „Св. Климент Охридски“ врачена на годинашните добитници


 Во Собранието на Република Северна Македонија денеска беше врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година чии лауреати се универзитетската професорка Маја Бојаџиевска, во областа на воспитанието и образованието, и писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази – во областа на културата и уметноста.  Одлуката за годинашните добитници на наградата ја […]

Норис победи на последната трка од годинешнава сезона во Формула 1 во Абу Даби


 Возачот на Мекларен, Ландо Норис, попладнево победи на Големата награда на Абу Даби, последната трка од сезоната во Формула 1 во 2024 година. Дваесет и петгодишниот Британец стартуваше од пол-позицијата и по четврти пат оваа година заврши на првото место. Возачите на Ферари, Карлос Сајнц и Шарл Леклерк ги освоија второто и третото место. Формула […]

„Фајнанс тинк“: Што го придвижи растот на БДП, Буџетот во третиот квартал речиси врамнотежен


Во третиот квартал од 2024, БДП се зголеми за 3% на годишна основа, продолжувајќи го забрзувањето кое отпочна претходно. Тоа е во линија со очекувањата изразени во претходниот Макроекономски монитор, посочучуваат од економскиот институт „Фајнанс тинк“ (Finance Think). Забрзувањето е водено од благото забрзување на приватната потрошувачка (1.9%) и значајното интензивирање на јавната потрошувачка (13.3%). […]

Работилница: Македонија е во државите со висок ризик за мултипла склероза


Северна Македонија е во државите со висок ризик и се приближува на бројката од 100 заболени лица со мултипла склероза на 100.000 жители. Само во Битола има околу 100 регистрирани лица со мултипла склероза, информираа од Здружение на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Битола“. Според Нико Јанков, претседател на „Мобилност“-Битола на лицата со мултипла склероза […]

На бојното поле загинале 43.000 украински војници, руските загуби се над 198.000, вели Зеленски


Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска соопшти дека од почетокот на целосната инвазија од Русија загинале 43.000 украински војници, а 370.000 се ранети. „Украина од почетокот на војната загуби 43.000 војници на бојното поле. Забележани се 370.000 случаи на медицинска помош за ранети, при што 50 отсто од ранетите повторно се враќаат во војска. Ги […]

Српскиот БДП порасна за 3,8 отсто, инфлацијата е повисока отколку во ЕУ


Реалниот бруто домашен производ (БДП) на Србија во десетте месеци од 2024 година се зголеми за околу 3,8 отсто, а инфлацијата е повисока отколку во сите земји на ЕУ, освен Романија, се наведува во најновиот број на списанието „Макроекономска анализа и трендови“. Како што се наведува во магазинот, Србија оваа година е меѓу најбрзо растечките […]

Големи се шансите дека Асад загинал во авионска несреќа, тврдат сириски извори за Ројтерс


Авион на „Сирија ер“ полета од аеродромот во Дамаск во моментот кога објавија дека главниот град го зазеле бунтовниците, покажуваат податоците на веб-страницата „Флајтрадар“. Авионот прво полетал кон крајбрежниот регион на Сирија, упориште на алавитската секта на Асад, но потоа направил остар пресврт и полетал во спротивна насока неколку минути пред да исчезне од мапата. […]

Завршена е првата фаза на градежните работи на новиот мегапарк во општина Карпош


Завршена е првата фаза на градежните работи на новиот мега-парк во општина Карпош, зелен појас кој се простира на површина од 86.000 метри квадратни. Се уреди и исчисти запуштениот простор кој беше непристапен и обраснат, а сега прераснува во парк со чија реализација како проект и дел од програмата „За модерно Скопје“, се делува со […]

Инженери од МАКО СИГРЕ ја посетија биогасната електрана „Сарамзалино“


Инженери од реномираното стручно здружение МАКО СИГРЕ ја посетија биогасната електрана „Сарамзалино“, заедничка инвестиција на фирмите Централинвест-Скопје, Агриа-Велес и АСПП-ПАК-Охрид. Инженерите од МАКО СИГРЕ, кои работат во различни делови од електроенергетиката во земјава, се интересираа за технологијата на работа на биогасната електрана, опремата која е вградена, нус производите од процесот на производство на електрична енергија, […]

Русија: Асад ја напушти земјата и нареди мирно предавање на власта


 Руското Министерство за надворешни работи денеска објави дека сирискиот претседател Башар ал Асад ја напуштил функцијата и земјата откако наредил мирно предавање на власта. Во соопштението, Министерството не наведува каде се наоѓа сега Асад. Министерството истакна дека Русија не учествувала во дискусиите околу неговото заминување. Се наведува дека руските воени бази во Сирија се ставени […]