Зеленски ги разреши од должноста заменикот на неговиот шеф на кабинет и двајца началници на регионални администрации


Киев – Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, го разреши Роман Машовац од функцијата заменикот на неговиот шеф на кабинет. Во соопштението од Кабинетот на Зеленски се наведува дека Роман Машовц беше назначен на функцијата заменик шеф на кабинет на претседателот на Украина на 22 февруари 2020 година, пренесува Укринформ. Освен Машовац, Зеленски ги разреши и шефовите […]

Новата 2025 прв ќе ја пречека Кирибати, а последен Бејкеровиот Остров


Милиони луѓе во светот на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови или во семејна атмосфера во домовите ќе ја испратат 2024 и ќе ја пречекаат Новата 2025 година. Новата година први ќе ја пречекаат жителите на пацифичката островска држава Кирибати (во 11 часот по македонско време), а во 2025-та последен, […]

Шалтерите за наплата, за рекламација и операторите на ЈП Водовод и канализација – Скопје денеска ќе работат до 15.30 часот


ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје, дека 31.12.2024 година (вторник), шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат, од 07:30 до 15:30 часот. 01.01.2025 година (среда),  е неработен ден.

Моделот Дејл Хадон почина од труење со јаглерод моноксид. Еве што да знаете за „невидливиот убиец“ и неговите симптоми


Случаите на очигледно труење со јаглерод моноксид ја зголемуваат загриженоста за „невидливиот убиец“ оваа празнична сезона на патувања. На Божиќ, четиричлено семејство од Масачусетс беше пронајдено мртво во нивната викендичка во Њу Хемпшир; најмалку една од смртните случаи е припишана на труење со јаглерод моноксид. А во петокот, манекенката и актерка Дејл Хадон (76) беше […]

Прекинато водоснабдување за корисници од улиците „Бањалучка“ и „Женевска“ во Карпош


Екипи на ЈП Водовод и канализација-Скопје утрово ќе го санираат дефектот поради кој корисниците на улицата „Бањалучка“ и дел од улицата „Женевска“ во општина Карпош од 1 часот по полноќ немаат вода. Од ЈП Водовод и канализација известија дека прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект ф 100 мм на ул. „Бањалучка“ бр.24.

Пит и Џоли постигнаа договор за развод по осум години драма


Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа договор за нивниот развод осум години откако ѕвездата од Марија поднесе барање за прекин на нивниот двегодишен брак, наведувајќи ги непомирливите разлики. Џоли (49) и Пит (61) потпишаа договор за развод во понеделникот, 30 декември, според адвокатите на Џоли. „Пред повеќе од осум години, Анџелина поднесе барање за развод […]

Македонска музика за пречекот на Новата 2025 во Скопје


Музичката програма за испраќање на старата и пречекот на Новата 2025 година во главниот град вечер ќе биде со македонски изведувачи. „Празнична магија 2025“ на плоштадот „Македонија“ организира Град Скопје. Новогодишниот концерт ќе почне во 19.30 часот со настап на Сара Мејс. Од 20.30 часот ќе настапи групата „Љубојна“, а потоа и „Ареа“, од 22 […]

Водата да биде прв избор, советуваат од ИЈЗ за претстојните празници


Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излезе со препораки за правилна хидратација за време на празниците. Се препорачува водата да биде прв избор, да се избегнуваат слатките пијалаци и алкохолот. – За време на празниците, луѓето се опуштаат во исхраната и пиењето. Меѓутоа, ова „опуштање“, за жал, не е „ајде, само денес“, туку трае околу триесет […]

Судот издаде налог за апсење на претседателот на Јужна Кореја


  Суд во Јужна Кореја одобри налог за апсење на суспендираниот претседател на земјата, Јун Сук Јеол, кој беше отповикан поради неговата несреќна одлука да воведе воена состојба на почетокот на овој месец, соопштија истражителите. Одлуката на Јун да прогласи воена состојба доцна на 3 декември ја втурна четвртата по големина азиска економија во најлошата […]

Канаваро назначен за нов тренер на Динамо Загреб


Загреб– Поранешниот дефанзивец на италијанската фудбалска репрезентација Фабио Канаваро е назначен за нов тренер на Динамо Загреб, соопшти хрватскиот клуб. „Неговата харизма, шампионското педигре и жедта за успех го прават идеален кандидат. Канаваро го знае тимот, лигата и предизвиците што претстојат“, се вели во соопштението на Динамо. Канаваро, кој претходно оваа година кратко време го […]

Утрото ведро и студено, преку ден сончево, до 14 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Утрото ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Минималната температура ќе се движи од -7 до 3, а максималната од 7 до 14 степени. Во Скопје утрото ведро и студено со појава […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 31 декември 2024 година, 366-иот ден во годината.  Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 2 минути, а ќе зајде во 16 часот и 12 минути. Денов трае 9 часа и 10 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во 7 часот и 50 минути,  а ќе […]

Пожар во скопската населба Маџир Маало


 Пожар вечерва избувна во стара напуштена куќа на улицата „Охридска“ во скопската населба Маџир Маало. Куќата се наоѓа до станбена зграда чии жители се надвор пред објектот. На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје кои работат на гасење на пожарот. Од Територијалната противпожарна единица информираат за МИА дека на терен интервенираат […]

Германија ќе се соочи со зголемена невработеност во 2025 година


Невработеноста во Германија најверојатно ќе се зголеми во Новата година, прогнозираше во понеделник официјалниот Институт за истражување на вработувањето (ИАБ) од неговото седиште во Нирнберг. Барометарот IAB падна во декември четврти месец по ред, достигнувајќи 99,2, најниско ниво од пандемијата. „Агенциите за вработување очекуваат невработеноста да продолжи да расте на почетокот на новата година“, рече […]

Русија и Украина разменија 300 заробеници


  Русија и Украина спроведоа голема размена на заробеници, при што најмалку 150 луѓе од секоја страна се вратија дома пред новогодишната ноќ, во размена делумно со посредство на Обединетите Арапски Емирати. „Враќањето на нашиот народ од руското заробеништво е секогаш многу добра вест за секој од нас. И денес е еден од таквите денови: […]

Вучиќ: Трамп ќе потпише извршни наредби кои ќе променат половина свет


Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека земјата мора да ја зачува независноста во одлучувањето и изрази надеж за глобални промени по јануари 2025 година. Вучиќ, за време на гостувањето во емисијата „Хит твит“ ја истакна важноста од слободарски пристап и поддршка за лидерите кои, како што рече, можат да го променат текот на глобалните […]

Гаши: Уставните измени не беа услов за предизборната коалиција на ВЛЕН


Меѓуетничките односи во нашата држава се кревки уште од независноста на нашата држава и секогаш треба да се има големо внимание на тие теми. Јас сум голем поборник на идејата на зближување на нашите народи, на зацврстување на меѓуетничките односи, така треба сите заедно да работиме во таа насока, изјави вечерва претседателот на Собранието Африм […]

МВР распиша меѓународна потерница за Васко Ковачевски


Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерва распиша меѓународна потерница за поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски. Потерницата, со фотографија на Ковачевски, е објавена на веб страницата на МВР.   -Ковачевски се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈОГОКК Скопје со Наредба бр.KO бр. 108/24 од 30.12.2024 год. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по […]

Ахмети немал контакт со Груби и не знае каде се наоѓа


  Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети вели дека нема детални информации каде e Артан Груби, откако беше јавно повикан да каже каде се наоѓа по неговата вчерашна изјава дека е на албанска територија.  „Лично немам контакт со Артан Груби и немам детални информации каде актуелно се наоѓа. Мојата изјава во текот на […]

Словенија со највисока инфлација во последните седум месеци


Инфлацијата во Словенија во декември достигна 1,9 отсто на годишно ниво, што е највисока стапка од мај, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во ноември инфлацијата изнесуваше 1,7 отсто. Цените на комуналните услуги се зголемени за 1,3 отсто во однос на истиот период минатата година, а храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 2,6 отсто. […]