Новогодишно обраќање на Мицкоски: 2025 ќе биде година на развој и оптимизам


  Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во новогодишно обраќање порача дека 2025 ќе биде „година на развој, раст и подобар живот за сите“, како „година на надеж, оптимизам, успеси и многу работа“. Тој во пораката посочува дека за некого работите можеби не оделе со посакуваната брзина, но како што вели, „нема покус пат, туку има […]

Живееме во свет на искривени вредности: новогодишна порака на Сиљановска


  Во годинава што изминува бевме сведоци на многу порази и падови, но и на успеси, хуманост, меѓусебна помош и поддршка. Новата година секогаш буди оптимизам, надеж и раѓа нови можности. Како и во вашите животи, и во мојот, има и подеми и падови, но и стотици причини и мотиви да не се откажуваме. Ние […]

Толкуте напади против Груби ќе му помогнат да добие азил, вели професорот Калајџиев


  Откако во понеделникот побара оставки на ДКСК поради предметот со деиректорот на АНБ, Бојан Христовски, професорот на Правниот факултет Гордан Калајџиев денеска преку социјалните мрежи порача дека прфетераното зборување за Артан Груби од владините структрури може да му помогне на поранешниот вицепремиер да добие азил. Каде и да се наоѓа. „Нѐ удавија со Груби! […]

Како да бидеме конкурентна туристичка дестинација: Неопходни се инвестиции, креативен маркетинг и нова стратегија


Сумираните туристички резултати годинава покажуваат континуиран раст на туризмот во земјава. Прва според реализирани посети за десет месеци, вкупно  262.404, е Турција, по што следуваат Србија, Германија, Грција, Бугарија, Холандија Полска, Романија, САД и Хрватска. Вкупниот девизен прилив од туризмот во БДП во првите три квартали е со раст од три отсто споредбено со истиот […]

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни


Во земјава годинава е забалежан раст на бројот на увезени и продадени нови и половни возила. Според податоците на Царинска управа, до декември годинава се увезени 49 462 патнички возила, од кои 12 170 нови и 37 293 половни.  Има значително зголемување во однос на 2023 година, кога биле увезени вкупно 43 212 автомобили, од […]

Зимски распуст за учениците, второто полугодие од 20 јанаури


За учениците во основните и средните училишта почнува зимскиот  распуст од учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари.  Учебната 2024-2025 ќе заврши традиционално на 10 јуни. Нема да биде продолжена како минатата учебна година, кога за основците заврши на 17 јуни,  бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани […]

Огништа од „Брако“ за вечерните забави на „Винтерфест“ во Велес


Фабриката БРАКО обезбеди огништа за забавите во вечерните часови на манифестацијата Винтерфест, која во изминатите денови се одржува во Младинскиот парк во Велес, во организација на општината, како дел од предновогодишната атмосфера во градот. Одличната забава на велешани БРАКО годинава ја направи потопла, преку специјално изработени огништа кои општинските служби соодветно ги распоредија низ паркот, […]

Бесплатен паркинг во центар за новогодишните и божиќните празници


Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани. Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2025 година (среда) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ […]

Бејлс и Дуплантис најдобри во 2024


Лозана – Американската гимнастичарка Симон Бејлс и шведскиот натпреварувач во скок со стап Арманд Дуплантис се најдобри спортисти во 2024 година, во изборот на Меѓународната асоцијација на спортски новинари (AIPS). Бејлс и Дуплантис убедливо победија во гласањето на 518 новинари од 111 земји, откако американската гимнастичарка освои двојно повеќе поени од второпласираната шпанска фудбалерка Аитана Бонмата, […]

Од дом во Лондон украдени накит и чанти „Хермес“ вредни повеќе од 12 милиони долари


Полицијата трага по провалник кој украл накит вреден повеќе од 10 милиони фунти (12,5 милиони долари) во северозападен Лондон во она што се смета дека е една од најголемите кражби од британски дом. Лондонската метрополитенска полиција соопшти дека натрапник нападнал дом во областа Авенија Роуд – една од најексклузивните адреси во британската престолнина. Провалникот влегол […]

Во Хрватска од утре се наплаќаат тенките ќеси за овошје и зеленчук


ОД 1 јануари 2025 година, во Хрватска, се воведува плаќање на лесните најлонски ќеси кои се наоѓаат во продавниците главно во секторите за овошје и зеленчук. Минатата недела трговските синџири „Конзум“ и „Студенац“ најавија дека ќе наплаќаат по 1 цент, а сега и другите трговци ги објавија своите цени. „Цената на многу лесни пластични кеси […]

Две лица повредени во сообраќајка на патот Струмица-Радовиш


Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на крстосницата за селото Василево. Според информацијата од СВР Струмица, во несреќата учествувале автомобил „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.П.(47) од село Градашорци, струмичко и „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(21) од село Владевци, Струмичко. Во […]

Новогодишно обраќање на Шолц: Не дозволувајте сопственици на социјални мрежи да одлучуваат за изборите во Германија


Берлин  – Германскиот канцелар Олаф Шолц во своето новогодишно обраќање ги повика граѓаните да не дозволуваат „сопствениците на социјалните медиуми“ да одлучуваат за исходот од германските избори, откако извршниот директор на „Х“, Илон Маск, постојано ја поддржуваше екстремно десничарската Алтернатива за Партијата на Германија (AфД). Шолц изјави дека само германските граѓани имаат моќ да одлучат […]

Без вода дел од општините Ѓорче Петров и Чаир


Без вода денеска од 9 часот се дел од жителите на комплексот „Александрија“ во Општина Ѓорче Петров. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект од ф-150 милиметри на улицата „Ацо Шопов“, кај бензинската станица „Лукоил“.  Поради дефект во шахта на улица „Благоја Паровиќ“ 12Б, денеска од 9:20 часот без […]

„Дедо Мраз дојде со воз“ и ја оживеа магијата на Железничката станица


Несекојдневно, добро смислено и уште подобро изведено, годинава многу дечиња го дочекаа Дедо Мраз во Скопје, кој дојде со воз, преку  мултимедијалниот новогодишен настан „Дедо Мраз дојде со воз“, што деновиве се одржува на Железничката станица во Скопје. На перонот број 1, толку тајновит и надреален, како што по некој ден ќе исчезне и главниот […]

Во Берово утрово најстудено, -7 степени, во Маврово најмногу снег


Најстудено утрово е во Берово каде што се измерени седум степени под нулата. Како што соопшти УХМР, минусни температури во 8.30 часот се измерени и во Битола -5,  -4 степени во  Струмица, Тетово, Скопје-Петровец и Демир Капија, -3 во Кавадарци, Штип, Прилеп и Велес, -2 степена во Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови и Крива Паланка, -1 […]

Знаете ли зошто сме поубави во огледалото отколку на фотографиите?


Експертите ја откриваат причината за оваа појава. Американскиот психолог со полско потекло, добитник на наградата на Американската психолошка организација за исклучителен научен придонес во психологијата, Роберт Зајонтс, преку различни експерименти докажа дека луѓето реагираат позитивно и веруваат само во она што најдобро го знаат. Кога човек ќе ја погледне својата фотографија, тој неволно се споредува […]

Стари верувања: Што смее, а што не смее да се прави за Нова година?


Има многу суеверија поврзани со нов почеток кои траат со години и кои донекаде не спречуваат од нашите намери. Новата година е симболичен почеток или дури продолжување на некои настани на различен начин за секој од нас. Кога часовникот отчукува полноќ, тогаш се врти нова страница од животот, на која запишуваме се што сакаме да […]

Пет години по пандемијата СЗО се уште чека податоци од Кина за Ковид-19


Пет години откако беа регистрирани првите случаи на ново белодробно заболување во кинескиот град Вухан, Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека се уште очекува целосна соработка од Пекинг за да се разјасни потеклото на пандемијата Ковид-19, јави ДПА. „Ова е морален и научен императив. Продолжуваме да ја повикуваме Кина да сподели податоци и пристап за […]

Министерството за финансии на САД било цел на кибер напад


Вашингтон – Американското Министерство за финансии денеска, во писмо упатено до членовите на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, соопшти дека на почетокот на декември биле цел на кибер напад, но дека доверливите документи не биле загрозени. Како што се наведува во писмото, на удар на напаѓачите биле неколку работни места во министерството, за него бил користен […]