„Визер“: 40 авиони остануваат приземјени до фискалната 2026 година поради проблеми со моторот


„Визер“  во вторникот соопшти дека потпишал нов договор за поддршка со „Прат и Витни“ (Pratt & Whitney) од одбранбената и воздушната компанија RTX поради проблеми со моторот, додавајќи дека очекува 40 од нејзините авиони да останат приземјени до фискалната 2026 година. Нискобуџетната унгарска авиокомпанија соопшти дека „Прат и Витни“ ќе обезбеди комерцијална поддршка, вклучувајќи оперативна […]

Доларот силно порасна во 2024 година, цените на нафтата паѓаат втора година по ред


Вредноста на доларот во однос на кошничката валути утрово благо падна. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 107,95 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 107,99 поени. Цела оваа година тој индекс пораснал за 6,5 отсто. Истовремено, курсот на доларот […]

„Политико“ го прогласи Путин „губитник на годината“ по третпат


Европски „Политико“ го прогласи рускиот претседател Владимир Путин  за „губитник на годината“ по третпат. Ако е за утеха, во таа група се најдоа и Емануел Макрон и Олаф Шолц, претседателот на Франција и германскиот канцелар.  „Дали некој се сеќава на ветувањето на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ја освои Украина во тридневна специјална операција? […]

Што ќе ни се случува во годината на змијата?


Според источниот, или како обично се нарекува кинескиот календар, влегуваме во годината на змијата. Не е прецизирано дали се работи за обична водена змија, отровница мамба, поскок, кобра, или пак за смок, или голем питон. Источните астролошки толкувања предвидуваат дека 2025 ќе биде година на остриот ум, на лукавството, на сензуалноста и скриената моќ. Ќе […]

Јана и Лука најпопуларни имиња во 2024 година


Јана е најчестото женско, а Лука најчестото машко име што им се давани на новороденчињата во земјава во 2024-та година. Според податоците на Управата за водење матични книги, меѓу најчестите имиња годинава кај новородените женски бебиња се и Хана, Софија, Дуа, Ана, Мила, Јована и Миа. Кај машкит деца, пак, најчести имиња покрај Лука се […]

Автобусите на ЈСП нема да возат попладнево? Мицкоски вели – проблемот е административен


  Авотбусите на ЈСП се паркираат во гаражите затоа што наводно, според Синдикатот останале без нафта, но премиерот Христијан Мицкоски, уверува дека проблемот е административен. „Вработените во ЈСП не доаѓаат на работа, административен е проблемот, не е проблемот дека нема количини на нафта. Апелирам и до раководството на ЈСП и до раководството на Градот Скопје, […]

Четворица ученици од штипското училиште „Тошо Арсов“ спасија човечки живот


Четвртооделенците, Марко Ташков, Ристе Димитров, Михаил Трајчев и Давид Илиев од штипското Општинско основно училиште (ООУ) „Тошо Арсов“ се  млади херои кои покажаа дека вистинското знаење се мери не само со училишните успеси, туку и со неговата примена во најважните моменти од животот. Овие деветгодишни деца пред три дена во паркот во населбата Осми Ноември […]

Во земјава минатата година се доселиле вкупно 3.176, а се отселиле 2.377 лица


Во земјава минатата година се доселиле вкупно 3 176, од кои 2 654 странци, а се отселиле 2 377 лица, од кои 2 034 македонски граѓани, покажува Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија за 2024 на Државниот завод за статистика. Најмногу од доселените странци се од Европа – 2 527, од кои 2 049 од […]

Продолжува бесплатниот превоз за студентите, Владата ќе префрли 120 милиони денари на ЈСП-Скопје


Бесплатениот автобуски превоз за студентите во Скопје ќе продолжи и во 2025 година, откако Владата денеска на седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП – Скопје обезбедени со релоцирање од буџетот на Министерството за образование и наука. – Претходната Влада три години не обезбедуваше средства за оваа намена и […]

Граѓаните на Нов Зеланд ја дочекаа Новата 2025 година


Новата 2025 година пристигна во Нов Зеланд, а во Окленд беше пречекана со огномет со кој им беше одадена почит на домородните племиња, јавува Би-Би-Си. Новата година во соседна Австралија ќе пристигне за нешто повеќе од 1 час, а во пристаништето во Сиднеј ќе биде пречекана со традиционален огномет на кој ќе присуствуваат околу милион […]

Цените на гасот на европската берза ТТФ во 2024 повисоки за 45 отсто


Цените на гасот на европската берза ТТФ годинава пораснаа за околу 45 отсто и се очекува да продолжат да растат, особено поради прекинот на испораката на руски гас преку Украина од 1 јануари. Гасот што се испорачува преку Украина претставува помалку од пет проценти од вкупните потреби на Европа за овој енергенс, но неговата загуба […]

Ѓоковиќ со победа ја отвори новата сезона


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (АТП – 7.) на стартот од новата сезона го совлада Австралиецот Ринки Хиџиката (АТП – 73.) со 6:3, 6:3 и со победа во првото коло на АТП турнирот 250 во Бризбејн ја почна соработка со неговиот нов тренер Енди Мареј. Ѓоковиќ (37) не се соочи со ниту една „брејк“ топка во […]

(Во живо) Мицкоски и Јаневска за бесплатниот превоз на студентите


Владата на денешната седница, донесе одлука бесплатниот јавен превоз на студентите да продолжи и следната учебна година, за што префрлени се 120 милиони денари на Градот Скопје, односно на ЈСП, за да може оваа мерка непречено да се одвива и следната учебна година. Според премиерот Христијан Мицкоси превозот за студентите е една од поголемите ставки […]

Коцка мраз на една точка на телото и изобилство од среќа


Древниот кинески метод го регенерира целото тело. Човечкото тело е совршен механизам, машина која работи како часовник кога ќе му се затегнат сите завртки. Но, со текот на годините се трошат, полека попуштаат и започнуваат разни тегоби. Кога би имало едно копче за кликнување и сè да помине. Верувале или не, тоа копче на нашето […]

Кристофер Хил: Србија оди во правилна насока


  Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, за новогодишното издание на весникот „Блиц“ изјави дека се чувствува охрабрен и смета дека Србија оди во правилна насока, а сигурен е дека поради овие зборови ќе добие пораки на омраза. Хил рече дека Србија има амбиција, има луѓе кои се амбициозни и мора да се спореди со […]

Роксана Стојанов, балерина од Македонија е нова главна танчерка во Париската национална опера (видео)


Во саботата на 28 декември, Роксана Стојанов, балерина по потекло од Македонија, блесна во главната улога на балетот „Пакита“ во кореографија на Пјер Лакот, во Националната опера на Париз, Франција.  Како што налага традицијата, директорот на Националната опера во Париз, Александар Неф, излезе на сцената за самиот да ја соопшти веста пред публиката која присуствуваше […]

Светот во 2024 низ фотографии


  Годинава што изминува беше трагична во многу нешта. Војната во Украина продолжи со несмалено темпо. Израел речиси ја срамни Газа со неговите постојани воздушни ракетни напади, ги уби сите лидери на Хамас. Потоа, Израел го десеткуваше Хезболах во Либан, убивајќи ги неговите лидери. Како резултат на ова сирискиот режим на Хафез ел Асад колабираше […]

Од патарина инкасирани 64,7 милиони евра


Oд јануари до 20 декември годинава остварен е вкупен промет од наплата на патарина, продажба и надополнување на електронски уреди, надополнување преку веб порталот како и од наплата на патарина преку проектот Отворен Балкан во висина од 3.981.392.760 денари, или 64.738.094 евра, информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).  Учеството на електронската […]

СДСМ ќе биде силен глас на граѓаните, новогодишна порака на Венко Филипче


  Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во новогодишото обраќање до граѓаните се навраќа на годината на поразот на изборите, за промената во во неа, за владеењето на новите власти и предизвиците за изднината. Во својата порака Филипче, меѓу другото, вели: „2024 година беше година на предизвици за СДСМ, година во која научивме […]

На кого Путин му честиташе Нова година: На списокот Вучиќ, Ердоган и Орбан


Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин упати новогодишни и божиќни честитки до лидерите на многу земји, меѓу кои и српскиот претседател Александар Вучиќ, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и унгарскиот премиер Виктор Орбан. Според соопштението објавено на официјалната веб-страница на Кремљ, Путин упатил честитки до лидерите на земјите кои традиционално се сојузници или одржуваат конкретни […]