Во Белгија од 1 јануари забрана за продажба на еднократни „вејпови“


 Со цел да се заштитат младите, ќе биде забранета продажбата на еднократни „вејпови“, кои се фрлаат по употреба бидејќи нивните батерии не можат да се полнат и траат до пет дена кога се користи уредот. Компанијата „Паф“ (Puff Bar), која произведува дел од тие уреди чија продажба ќе биде забранета, има широк спектар на вкусови […]

Албанија ќе биде домаќин на НАТО самитот во 2027 година


 Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека Тирана ќе биде домаќин на НАТО самитот во 2027 година. На годишниот состанок, Рама истакна дека Албанија станува „меѓународно почитувана и ценета земја“. Тој најави и дека Албанија ќе го организира Самитот на Европската политичка заедница на 16 мај 2025 година. – Присуството на американскиот претседател и сите лидери […]

Кавани ќе ја заврши кариерата во Бока Јуниорс


Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани (37) најави денеска дека неговиот сегашен клуб Бока Јуниорс ќе биде последен во кариерата. Договорот на Кавани со аргентинскиот гигант истекува во декември 2026 година. „Веќе кажав дека кариерата ќе ја завршам во Бока и мислам дека ќе ја почитувам таа одлука“, изјави Кавани во интервју за „Дарио Оле“ „Мораме многу […]

Нови цени на горивата од полноќ


Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, на седницата одржана на 30.12.2024 година, донесе одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт. Според одлуката, од полнок ќе важат следниве цени: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,00 (денари/литар) – Моторен […]

Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив


Амбасадорката на САД во државава Анџела Агелер, во одговор на новинарско прашање за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој како осомничен за случајот „Државна лотарија“ е во бегство,  денеска изјави дека нема коментар во однос на тоа што се случува со Груби, но порача оти е важно луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела.  […]

ОЈО донесе наредба за распишување потерница и предложи притвор за Васко Ковачевски


Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и определи мерка притвор во траење од осум дена за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 милиони евра. Применувајќи ги одредбите од Законот за кривична постапка, предметните јавни обвинители до МВР, […]

За еден месец солунското метро го користеле над еден милион патници


Атина – Над еден милион патници го користеле метрото во Солун во првиот месец откако беше пуштено во употреба, според заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија Костас Јулекас, јави дописничката на МИА од Атина. Јулекас информираше дека откако почна метрото да функционира на 30 ноември, за 30 отсто се зголемила […]

Мицкоски сака да го окупира судството преку неуставно распуштање на Судскиот совет, реагираат од СДСМ


„Режимот дефинитивно се враќа. Најавите на Мицкоски дека владата планира да го распуши Судскиот совет со разрешување на 5 членови е чекор кон целосна окупација на судството од стрна на власта. Мицкоски сака судството да го стави под негова контрола“, реагираат од СДСМ на изјавите на премиерот. „Ова значи газење на демократијата, газење на уставната […]

Германија го обвини Илон Маск за обид за мешање во изборите


Германската влада го обвини американскиот милијардер Илон Маск за обид да влијае на германските избори што ќе се одржат во февруари, преку статии што ја поддржуваат екстремната десница, партијата Алтернативата за Германија (AfD), иако тие сугерирале дека тие се “глупости”, пренесува Ројтерс. Маск, кој ќе биде надворешен советник во новата администрација на Доналд Трамп, ја поддржа […]

Протест пред српската амбасада во Скопје – младите се солидаризираа со студентите во Србија


Неколку млади лица денеска се собраа пред Амбасадата на Република Србија во Скопје, во знак на солидарност со српските граѓани и студенти, кои блокираат факултети и бараат правда. Протестот беше во организација на Здружението за едукативен развој „Еквалис“, а се одржа како поддршка за студентите во Србија, кои последните неколку недели протестираат револтирани од трагедијата […]

„Индипендент“: Филип Сејмур Хофман е најдобар глумец на 21 век


Лондон – Британски „Индипендент (Independent)“ објави листа на најдобрите глумици и глумци на 21 век, на којашто се најдоа 60 филмски ѕвезди. Тим од новинари се собраа за да ја создадат листата. Според нив, се работи за произволен и субјективен список, каде што постои можност изборот да не им се допадне на љубителите на седмата уметност. „За да […]

Жесток напад на Пленковиќ врз Милановиќ


  Хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, во понеделникот изјави дека неговата парија не е задоволна од резултатите од првиот круг на претседателските избори, на кои нивниот кандидат Драган Приморац освои едвај 19,35 отсто од гласовите. Андреј Пленковиќ зборуваше што понатаму во претседателската трка. „Денес започна вториот круг, кампањата продолжува, ќе му дадеме […]

Рудник САСА ја продолжи традиција на поддршка за локалната заедница и своите вработени


Покрај поддршката што ја дава во текот на целата година, во пресрет на новогодишните и божиќните празници Рудник САСА реализираше неколку активности со цел да ги награди своите вработени и да придонесе сите во локалната заедница да ја почувствуваат радоста на празниците. И оваа година сите вработени во Рудник САСА добија новогодишен бонус и пригодни […]

Анѓушев и Шалев предновогодишно со работниците на „Брако“


Сопствениците и менаџери на „Брако“, Кочо Анѓушев и Благој Шалев, предновогодишно ги посетија производните погони во фабриката и на сите работници им посакаа среќни празници и добро здравје во новата 2025 г, лична и семејна среќа, заеднички деловен успех и нов елан на работните места за новите проекти на „Брако“. Фабриката „Брако“ ја заврши 2024г […]

Отфрлена жалбата на Трамп за пресудата од 5 милиони долари на Е Џин Керол


  Федералниот апелациски суд ја потврди пресудата од 5 милиони долари што Е Џин Керол ја доби против Доналд Трамп кога поротата прогласи дека новозибраниот американскиот претседател е виновен за сексуална злоупотреба, а подоцна и клевета на поранешната колумнистка, јави Ројтерс. Одлуката беше донесена од тричлениот судски совет на Вториот Окружен Апелационен суд на САД […]

Ѓоковиќ и Кирјос за прв пат играа заедно во двојки. Победија (видео)


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Австралиецот Ник Кирјос ги воодушевија навивачите на нивното деби во двојки во понеделникот, победувајќи ја австриско-германската комбинација Александар Ерлер и Андреас Миес со 6:4, 6:7(4), 10:8 во првото коло од турнир во Бризбејн. Поранешните големи ривали развија блиско пријателство во текот на изминатите неколку години и нивното другарство беше видливо […]

30 декември во историјата – Формиран е Советскиот Сојуз


  На 30 декември 1922 година, во постреволуционерна Русија е основан Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР), кој ја сочинува конфедерацијата на Русија, Белорусија, Украина и Транскавкаската федерација (поделена во 1936 година на републиките Грузија, Азербејџан и Ерменија). Позната и како Советски Сојуз, новата комунистичка држава беше наследник на Руската империја и првата земја во […]

Клиничка болница- Штип должи 160 милиони денари


 Штипска Клиничка болница годината ја завршува со долг од 160 милиони денари. Мирјана Ефтимова економист во Клиничка болница-Штип вели дека во моментов најголемиот им екон Центарот за тарнсфузиологија, а изнесува 30 милиони денари. Таа вели дека имаат доспеани долгови и за набавка на лекови и друг медицински материјал. -Штипската Клиничка болница наследи вкупен долг од […]

Картер беше човек со извонреден интегритет


Претседателството на Џими Картер е врежано во историската меморија како неуспех. Таа проценка е чудна, особено кога доаѓа од американските конзервативци; многу од омилените политики на десницата – дерегулација и безмилосна борба против инфлацијата, без разлика на цената во невработеноста – всушност беа започнати под Картер. Се разбира, колку повеќе таа малаксаност може да се […]

Тринидад и Тобаго прогласи вонредна состојба поради зголемениот криминал


Претседателката на Тринидад и Тобаго, Кристин Кангалу прогласи вонредна состојба поради зголемениот криминал, објавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од кабинетот на премиерот. Во карипската држава, составена од два острова во близина на брегот на Венецуела, е забележана „засилена криминална активност што ја загрозува јавната безбедност“, се вели во соопштението.