Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2024 година на авторите Методи Хаџи-Андов, Сашо Андријевски, Игор Сугарчев и Димитар Стефановски, од проектантското биро „Параметар студио“, за проектот Мултинаменски комплекс во општина Петровец, Скопје. Големата годишна награда традиционално ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, под покровителство на претседателот […]

Фицо: Прекинот на испораките на руски гас ќе ја чини Европа 120 милијарди евра


Прекинот на испораките на руски гас преку Украина ќе ја чини Европа 120 милијарди евра во периодот 2025-2026 година, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо. – Оваа одлука на украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ја чини ЕУ околу 50 милијарди евра гас и уште 70 милијарди електрична енергија произведена од гас, рече Фицо во видео […]

САД воведоа санкции против најбогатиот човек на Грузија и де факто владетел на земјата


  Соединетите Американски Држави воведоа санкции против Биѕина Иванишвили, основачот и почесен претседател на грузиската владејачка партија Грузиски сон и поранешен премиер на земјата. Иванишвили е на списокот на Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАЦ), се вели на веб-страницата на Министерството за финансии на САД. Целиот имот на Иванишвили лоциран во САД или под […]

Обвинителството контра Тошковски: Немаме известување дека Васко Ковачевски е недостапен


  До Обвинителството и предметните обвинители до денеска нема доставно документ дека осомничениот е недостапен на органите на прогонот, реагираат од Основото јавно обвинителство на изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој претходно денеска рече дека е вчудоневиден што не е побарана мерка притвор за поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски, кој е […]

„Политико“: Третата светска војна би можела да започне на овој мост


Граничен мост покриен со снег меѓу две средновековни тврдини во рускојазичниот дел на Естонија може да стане почетна точка на Третата светска војна, пишува „Политико“. Градот Нарва, лоциран долж границата меѓу Естонија и Русија, е во центарот на напорите да се спротивстави на, како што велат властите, речиси постојаните провокации од Москва – од заглавување […]

Во Травник убил маж кој пред десет години му го убил синот


Маж на возраст од 36 години убиен е вчера во гадот Караула кај Травник во Босна и Херцеговина. Денес, ден по убиството, Klix.ba дознава дека убиството всушност било дело на одмазда за злосторството што го потресе Травник пред речиси десет години. Имено, според информациите со кои располага Klix.ba, осомничениот, кој синоќа беше уапсен поради основано […]

Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка


Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Куманово – Крива Pаланка во атарot на Младо Нагоричане, соопшти денеска СВР Куманово. Седуммина биле повредени, петмина полесно, двајца биле задржани во Oпшта болница Куманово, соопштија од итна помош Куманово. Сообраќајната несреќа во полицијата била пријавена во 12:15 часот. – На магистралниот […]

Турски Бајкар ја купува италијанската авиокомпанија Пјаџо Аероспејс


Турската компанија Бајкар денеска соопшти дека ќе ја купи италијанската авиокомпанија „Пијаџо Аероспејс“, а дека продажбата е одобрена од италијанското Министерство за претприемништво и производниот бренд „Произведено во Италија“. Бајкар, најголемата светска компанија за вооружени беспилотни летала (UAV), ја даде најдобрата понуда на меѓународниот тендер за купување на Piaggio Aerospace. „Piaggio Aerospace“ е познат по […]

Изборот на Националната комисија за учебници што треба да го врши Владата отвора простор за политизација и манипулација


  Собранието попладнево во рамки на 28-та седница го донесе Законот за престанување на важењето на Законот за основање национална агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија. За некои точки од дневниот ред немаше претрес и произнесување зашто се уште течат комисиските расправи, а за некои, како што истакна потпретседателот на Парламентот Антонио Милошоски, дополнително […]

Врне снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот


 Врнежи од снег со послаб интензитет вечерва има во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информира АМСМ. Се уште важи забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по […]

Стапката на невработеност во Словенија е највисока во последните речиси четири години


Стапката на невработеност на Меѓународната организација на трудот (МОТ) во Словенија во ноември се зголеми седми месец по ред на највисоко ниво од почетокот на 2021 година, покажаа денешните прелиминарни податоци на Заводот за статистика на Република Словенија. Стапката на невработеност на МОТ се искачи на 5,2 од 4,9 проценти во октомври. Стапката беше највисока […]

Собранието го одобри Предлогот за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва


По скратена постапка во Собранието е донесен Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва кој е заснован на Реформската агенда, која е составен дел на Планот за раст на земјите од Западен Балкан, усвоен од Европската Унија, информира министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.  -Според Реформската агенда, конкретно делот 4.1.5. Реформи […]

Имало најмалку еден тресок пред азербејџанскиот авион да падне, изјави преживеан патник


  Патник од авионот на „Азербејџан ерлајнс“ кој се урна во Казахстан изјави за Ројтерс дека имало барем еден силен тресок додека се приближувал до својата првобитна дестинација Грозни во јужна Русија. Летот Ј2-8243 се урна во средата во огнена топка во близина на градот Актау во Казахстан, откако се пренасочи од област во јужна […]

Станиќ на местото на Канатларовски, разрешени селекторите на младинските репрезентации


Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го назначи денеска Горан Станиќ за нов селектор на репрезентацијата до 21 година на местото на Драган Канатларовски, кој е разрешен од должноста заедно со селекторите на селекции до 15, 16, 17 и 19 години. Станиќ, кој е актуелен тренер на прволигашот Работнички, во минатото беше селектор […]

Состојбата со хидроакумулациите загрижувачка, во ТЕЦ „Осломеј“ има недостиг на јаглен…


Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија ја одржа втората седница, на која беа разгледани повеќе теми од значење за електроенергетскиот сектор, со посебен акцент на моментната состојба на снабдувањето со електрична енергија во земјата. На седницата присуствувале членовите на Комисијата од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Регулаторната комисија за […]

Црна Гора ќе го екстрадира во Америка До Квон, јужнокорејскиот „крал на криптовалутите“


Јужнокорејскиот државјанин До Квон, кој беше уапсен во Црна Гора, ќе биде екстрадиран во САД, одлучи црногорскиот министер за правда Бојан Божовиќ. Од Министерството за правда на Црна Гора е потврдено дека Божовиќ ја потпишал одлуката за екстрадиција на До Квон, попознат како крал на крипто валутите. Екстрадицијата на До Квон ја побарале Јужна Кореја […]

Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените, одлуката за замрзнување на цените е подготвена


Владата засега нема да донесе одлука за замрзнување на цените, бидејќи како што може да се забележи уште од вчера на полиците на маркетите има намалување на цените на производите, кои се покачија во изминатиот месец, информираше на денешната прес-конференција министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. На трговците им порача дека доколку продолжат со […]

Драмски театар со попуст од 50 отсто за блок билети за седум претстави


Драмски театар Скопје годината ја заврши со премиерата на претставата „Фамилијата Адамс“ и со желби за среќна и успешна Нова 2025 година за својата публика подготви празнични блок билети за репертоарот во месец јануари. По дочекот на Новата 2025 година и по обележувањето на Божиќ во своите домови, Драмски ги отвора вратите за публиката со […]

Протестен марш против аерозагадувањето утре во Скопје


Здружената иницијатива „Зелен хуман град“, утре во 12:30 часот, ќе одржи протестен марш пред Министерството за животна средина и просторно планирање. Оттаму, ќе се маршира кон Собранието на Република Северна Македонија, потоа кон Владата, а протестот ќе заврши пред бараките на Град Скопје. – Поминаа речиси три недели од претходниот протест, две недели од доставените […]

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за изјавата на Мицкоски дека бил следен


 Јавното обвинителство веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, во врска со информациите кои ги изнесе на собраниска седница за пратенички прашања дека претходната власт физички го следела него тогаш како предводник на најголемата опозициска партија, оти наводно бил лидер на паравоена формација.   -Јавното обвинителство веќе […]