Муртезани: Мора да го штитиме процесот од натамошна билатерализација, таа станува проблем и за самата ЕУ


Мора да го штитиме процесот на пристапување кон ЕУ од натамошна билатеризација, бидејќи таа станува проблем и за самата Европска Унија, вели во интервју за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани. -Билатерализацијата на процесот на пристапни преговори во Европската Унија не станува проблем само за земјите кандидати, туку почнува да станува сериозен проблем и […]

Герасимовски: Донесовме рекорден буџет за 2025 година, дури 45 проценти предвидени за капитални проекти


 Советот на Општина Центар на 43. седница со 18 гласа „за“,  два „воздржани“ и ниеден „против“, го усвои буџетот за 2025 година. Проектираниот основен буџет е рекорден, со вкупна сума од 1.086.250.000 денари. Од овој износ, дури 45 проценти се наменети за капитални проекти, додека преостанатите 55 проценти ќе се користат за тековно и оперативно […]

Во Велика Британија одложени десетици летови поради густата магла


Десетици летови денеска беа одложени во Велика Британија поради густата магла која ја намалува видливоста на само 100 метри во некои делови од земјата, соопштија метеоролозите. „Воведени се привремени ограничувања на воздушниот сообраќај поради маглата што предизвикува слаба видливост. Некои летови може да бидат одложени во текот на денот“, изјави портпаролот на лондонскиот аеродром Гетвик. […]

„Вино и винил“ денеска на Сараиште во Охрид


На месноста Сараиште во стариот дел на Охрид за денеска е закажано третото издание на Новогодишниот базар „Вино и винил“, во организација на Културолошка иницијатива „5 до 12“. Настанот е од хуманитарен карактер и сите собрани средства ќе бидат донирани за акцијата „Пакетчиња за сите дечиња”. Покрај останатото, за посетителите се обезбедени греано вино и […]

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови


Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер кој во регионот на Штип достигнуваше брзина до 45 километри на час. Изутринава времето е сончево со мала до умерена локална облачност. Најстудено беше на Попова Шапка кае е измерена температура од – 7 степени Целзиусови по што следат Крушево со […]

Објавени пет јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави пет јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. Првиот јавен повик се однесува за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектар, додека пак другите четири се однесуваат за доставување понуди […]

Светот во 2024/ Една од најтешките години за британското кралско семејство


Изминатата 2024 година беше турбулентна за британското кралско семејство. На почетокот на годината кралот Чарлс и Кејт Мидлтон во јануари беа хоспитализирани во рок од неколку дена за потоа да биде соопштено дека имале рак. Кралот и принцезата од Велс значително го забавија темпото, при што Кејт изврши само неколку обврски, а кралот Чарлс го […]

Скијачки центар Михајлово се отвора в среда, најавен и превоз од Кавадарци


 Скијачки центар Михајлово се отвора в среда, најавен е и превоз од Кавадарци, од страна на  јавното претпријатие „Градски превоз”, по официјален возен ред што ќе биде објавен деновиве.  Градоначалникот Митко Јанчев вели дека од оваа зимска сезона, овде ќе може да се ужива во зимските спортови, покрај во убавините на природата на Кожуф планина. […]

Прогласени најдобрите каратисти за 2024


 На 27.12.2024 на пригодна свеченост на Универзитетот Скопје, Македонската традиционална карате федерација ги прогласи најдобрите каратисти за 2024 година. Во сениорска конкуренција првото место го поделија браќата Дејан и Аљоша Недеви, исто како и кај сениорките првото место го поделија Берта Милевска и Јадранка Недева. Дамјан Донев беше прогласен за најдобар младинец, а Матеј Мангаровски […]

Кои хороскопски знаци се совршено друштво за патување?


Понекогаш оние со кои патуваме го дефинираат нашето расположение. Некои се за истражување, некои за лежење и престој во хотелот. Проверете кои знаци се, по карактер, најинтересните партнери за патување. Шест знаци совршени за друштво на пат, рангирани од 6-то до 1-во место кое го зазема кралот на спонтаноста и забавата – Овенот 6. Девица […]

Прекинато водоснабдувањето за корисниците на ул. „Атанас Бабата“, „Јосиф Михајловиќ“ и дел од „Прохор Пчински“


 Корисниците од ул. „Атанас Бабата“, „Јосиф Михајловиќ“ и дел од „Прохор Пчински“ денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето поради уличен дефект од Ф-60мм на ул. „Атанас Бабата“ 10 во населба Чаир, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:15 часот до санирање на дефектот.

Протестен марш против аерозагадувањето во Скопје


Здружената иницијатива „Зелен хуман град“, денеска ќе одржи протестен марш пред Министерството за животна средина и просторно планирање. Оттаму, ќе се маршира кон Собранието на Република Северна Македонија, потоа кон Владата, а протестот ќе заврши пред бараките на Град Скопје. – Поминаа речиси три недели од претходниот протест, две недели од доставените барања, а одговор […]

Ново обвинение за струшкиот градоначалник, одземен му е пасошот и друга исправа за преминување граница


Основното јавно обвинителство Струга до струшкиот суд достави предлог за определување мерки на претпазливост за градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, односно одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска тој повремено да се јавува во Судот. Мерките се побарани поради опасност од бегство, имајќи предвид дека во текот на вчерашниот […]

Ќе стане ли кафето луксуз во 2025 година? Цената се зголемува, продажбата во опаѓање


Ќе стане ли кафето луксуз во 2025 година, е прашањето што се наметна по низата информации во светски рамки дека производителите се потешко доаѓаат до суровина, а компаниите кои вршат преработка и продажба се соочуваат со зголемени трошоци.  Според најновите истражувања, зголемените трошоци за набавка на кафе, како резултат на климатските промени, ги потикнуваат компаниите […]

Зеленски: Неколку ранети севернокорејски војници загинаа во украинско заробеништво


Севернокорејските војници, „неколку“ од нив кои беа ранети и заробени на фронтот, загинаа во украинско заробеништво, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој ја обвини Русија дека обезбедува „минимална безбедност“ на севернокорејските војници испратени од Пјонгјанг во Москва како воена помош. „Неколку севернокорејски војници загинаа денеска. Нашите војници успеаја да ги фатат. Но, тие беа […]

Собраќајното решение за крстосницата на булеварот „Васко Карангелевски“ заглавено во лавиринтите на институциите


Поради институционалниот ќорсокак на локалната самоуправа, Град Скопје и Секторот за внатрешни работи (СВР), крстосницата на булеварот „Васко Карангелевски“ и улицата „Коста Новаковиќ“ во општина Аеродром е без вертикална сообраќајна сигнализација и претставува опасност за сите учесници во сообраќајот, особено загрозувајќи ја безбедноста на 1.400 ученици од ООУ „Љубен Лапе“ кои секојдневно ја поминуваат.  Од […]

Трамп се противи на забраната на ТикТок


Доналд Трамп го повика Врховниот суд на САД да го суспендира федералниот закон за ТикТок со кој би се забранила популарната социјална мрежа или би се присилила на продажба, и рече дека како претседател ќе бара „политичко решение“ за проблемот. ТикТок и неговиот сопственик „БајтДенс“ ( ByteDance) се борат да ја задржат популарната апликација достапна […]

Бројот на бездомници во САД се зголеми за рекордни 18 отсто


Соединетите Американски Држави забележаа рекорден пораст од 18 отсто во бројот на бездомници минатата година, поттикнати од фактори како што се недостапни станови, висока инфлација, системски расизам, природни катастрофи и зголемена имиграција, објави во петокот американското Министерство за домување и урбан развој. Проблемот со бездомништвото се влошува во САД, со вообичаената глетка на сиромашни луѓе […]

Видео-конференциска врска со македонските мировници


Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска традиционално ќе се одржат две предновогодишни активности на Министерството за одбрана и Армијата: видео конференциска врска со македонските мировници во присуство на членовите на нивните семејства и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на Армијата. Претседателката и врховен командант на Армијата Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана […]

Наутро студено и магливо, преку ден сончево


Времето денеска изутрина ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал […]