Јужнокорејската влада понуди колективна оставка


Владата на Јужна Кореја понуди колективна оставка поради политичката криза предизвикана од одлуката на претседателот Јун Сук Јеол да воведе вонредна состојба, соопштија денеска официјални лица. На состанокот свикан од премиерот Хан Дук-су, речиси сите министри, вклучително и министерот за финансии Чои Санг-мок и министерот за образование Ли Ју-хо, понудија колективна оставка поради политичката криза […]

Мицкоски шест месеци се бори за преговорите на Македонија со ЕУ, сѐ уште чека резултат


Во Брисел имав исклучително квалитетни средби со новата комесарка за проширување Марта Кос, со новиот претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, како и со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија (ГД НЕАР), Герт Јан Копман. Ова денеска го рече премиерот Христијан Мицкоски само неколку часа откако се […]

Монако се прошири за 3 отсто, на море си изгради копно


Познат како даночен рај и коцкарница за богатите, Монако има население од околу 39.000 – од кои речиси седум од 10 се милионери – на површина помала од њујоршкиот Централ парк. Но, втората најмала суверена држава во светот штотуку порасна за 3%. Новата „еко-област“ Маретера, која е изградена во Средоземното Море, ја проширува копнената маса […]

Индира Кастратовиќ влегува во Куќата на славните на ЕХФ


Поранешната македонска ракометна репрезентативка Индира Кастратовиќ, доби место во Куќата на славните, како второ ракометно име од Македонија, по Кирил Лазаров. Влезот во елитното друштво официјално ќе се случи на 14 декември, во пресрет на финалето од Европското првенство за жени на кое учествуваше и Македонија. Во Куќата на славните ќе влезат 7 ракометарки и […]

Осум кандидати за домаќин на Евробаскет 2029


Минхен – Осум земји поднесоа официјална кандидатура за домаќин на Европското првенство за кошаркари во 2029 година, објави денеска европскиот огранок на ФИБА. Меѓу кандидатите за 43. издание на Евробаскетот се шест поранешни домаќини и пет поранешни шампиони. „Тоа што добивме осум официјални кандидатури само покажува колкав е интересот за најважниот европски настан. Нашите национални федерации […]

Не успеа ни деветиот обид бугарските пратеници да изберат претседател на Собранието


Софија – Неуспешен беше и деветтиот обид за избор на претседател на бугарското Народно собрание. Пратениците и денеска гласаа за Силви Кирилов од ИТН и Наталија Киселова од БСП. Сепак, никој од нив не ја доби потребната поддршка. Пратениците утре повторно ќе се сретнат за десеттиот обид да изберат претседател на Парламентот. Бугарскиот Парламент веќе четврта […]

УНЕСКО повторно предупреди дека Охрид е наследство во опасност


Пет нови дивоградби за помалку од две години никнале на подрачјето на Студенчишко Блато, за кое има решение за привремена заштита. Во моментов уште две непречено се градат, иако граѓанската организација Фронт 21/42 уште лани случајот го пријавила кај пет државни и локални инспекторати. Од оваа организација обвинуваат дека и земјиштето е трансформирано на незаконски […]

Италијанскиот амбасадор му додели титула „Почесен витез од редот ѕвезда на Италија“ на ректорот на Американ колеџ Марјан Бојаџиев


Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри денеска му додели титула „Почесен витез од орденот ѕвезда на Италија“ на ректорот на Универзитет Американ колеџ,Марјан Бојаџиев, како признание за неговиот придонес за поттикнување на меѓукултурен дијалог и унапредување на образовните стандарди помеѓу Северна Македонија и Италија. -Ректорот на Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС), проф. Бојаџиев е успешен економист, едукатор […]

Убиен менаџерот на најголемиот давател на здравствени услуги во САД


 Главниот извршен директор на еден од најголемите даватели на здравствена заштита во Америка е убиен пред хотелot Хилтон во центарот на Њујорк. Извршниот директор на UnitedHealthcare беше застрелан и убиен во  Менхетен  во очигледен целен напад додека тој требаше да присуствува на годишната конференција за инвеститори на компанијата, изјави претставник на органите за спроведување на […]

Новогодишните куќички стигнаа на плоштадот, украсувањето никако


Денеска на плоѓтадот „Македонија“ стигнаа продажните куќички на кои за Нова година ќе се продаваат разни дрангулии, но информација за украсувањето и некаква новогодишна програма од Градот нема.  Покрај куќичките, на плоштадот во центарот на Скопје се забележуваа и работници кои над неславната подна фонтана редеа дрвена платформа, која можеби ќе послужи како подиум за […]

Шолц: Изборната кампања не е изговор за политичка блокада


Германскиот канцелар Олаф Шолц ги повика пратениците да избегнат политичка блокада пред вонредните избори што се очекуваат во февруари, јави ДПА. Одговарајќи на прашања во Бундестагот – Долниот дом на германскиот Парламент – Шолц побара од опозициските партии да поддржат низа важни закони предложени од неговата малцинска влада. – Предизборната кампања не е време за […]

Унгарија предложи, но ЕУ одби да го отвори кластерот 3 со Србија


  Земјите членки на ЕУ повторно не постигнаа договор за отворање на кластерот 3 во преговорите со Србија, дознава РТС од дипломатски извори во Брисел. Ниту третата средба на ниво на амбасадори на оваа тема не доведе до потребниот консензус. Унгарија како претседател на ЕУ најавува дека дебатата за ова прашање ќе продолжи следната недела. […]

Перински не се откажува од иницијативата за смена на градоначалниците со референдум


 Една од најважните иницијативи за локалната самоуправа е можноста за референдумско изјаснување за отповикување на градоначалниците, што ќе ја зголеми одговорноста на локалните лидери и ќе овозможи поголема контрола од страна на граѓаните, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински.  Перински, во гостување на ТВ Алфа, истакна дека ова решение било присутно и во Законот […]

Уставниот суд укина одредби од деловници на неколку општини


Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата 31-ва седница на која беа разгледани десет иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, како и четири предлози за одлучување. Меѓу отфрлените иницијативи беа оние за оценување на уставноста на членови од Законот за даноците, Законот за управни спорови и Законот за организацијата и методологијата […]

Западен Балкан е поподготвен да увезува работници отколку да ги подобри работничките права


Земјите од Западен Балкан се поспремни да увезуваат работници отколку да ги подобрат работничките права, изјави денеска на новинарите во Белград Владимир Симовиќ од Центарот за еманципаторски политики. На презентацијата на анализата за параметрите на пристојната работа во регионот, тој рече дека генерално нема штрајкови за подобрување на работничките права во приватниот сектор, а нема […]

Данска усвои закон со кој се ограничува истакнувањето на странски знамиња


Данскиот Парламент усвои закон со кој од 1 јануари 2025 година се ограничува истакнувањето знамиња на други држави. Министерот за правда Петер Хумелгард изјави дека новите правила ќе дозволуваат да се истакнува само националното знаме на Данска. – Знамето ги обединува Данците и заслужува посебен статус, нагласи министерот. Новата законска регулатива не се однесува на […]

(Фото вест) Муцунски и Шекеринска заедно на семејната фотографија на НАТО


Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски доби засилување на состанокот на министрите на НАТО: заедно со него на семејната фотографија беше и заменик генералната секретарка, Радмила Шекеринска. 

Пијано и солзи во разурнатиот дом во Украина (Видео)


  На видеото се гледа како Алина Ременец од Тернопил, Украина, свири на пијано среде урнатините од нејзиниот стан, каде што нејзиниот татко Виталиј беше убиен на 2 декември во напад со руски беспилотни летала. Нејзината мајка Ивана со своето тело ја заштитила нејзината 11-годишна сестра Вероника, но и самата се здобила со тешки изгореници. […]

Уште еден удар по џебот на туристите! Грција воведува нови мерки и даноци, вака ќе изгледа летувањето во иднина


Туристите кои планираат да ја посетат Грција, од следната летна сезона очекуваат бројни промени. Грција е една од најпопуларните дестинации меѓу Македоинците, но серијата нови правила што ги најави оваа земја и кои ќе стапат на сила ќе го променат досегашниот начин на летување. Грчката влада претстави нов даночен закон со цел зголемување на приходите […]

Маск: Работењето од дома е лицемерно и непродуктивно


Планот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја укине работата од дома, за граѓаните полесно да ги решаваат бирократските проблеми, наиде на отпор. Синдикатите се погрижија вработените во Управата за социјално осигурување да можат да продолжат да работат од дома до 2029 година. Станува збор за дури 42.000 вработени кои допрва ќе можат да […]