ВМРО-Народна партија бара укинување на приватниот пензиски фонд


ВМРО-Народна партија смета дека дупката во пензискиот фонд, како и барањето за зголемувањето на старосната граница за пензија и можното зголемување на даноците како мерка за пополнување на дупката е резултат на создавањето на ориватниот пензиски фонд.  -Во последните десетина години неколку пати сме ја алармирале јавноста за можната ескалација на ова горливо прашање и […]

Сијарто згрозен од НАТО, не од Русија!


Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто соопшти дека одделни лидери на НАТО сакаат Украина да ја продолжи војната против Русија „не само до последниот војник, туку и до последниот млад човек“. По денешниот состанок на НАТО зад затворени врати во Брисел, тој изјави дека барањата на Алијансата Украина да го намали старосниот праг […]

Руте: Треба да обезбедиме доволно помош за Украина за да го смени правецот на конфликтот


Мораме да и пружиме доволно помош на Украина за да го смени правецот на конфликтот, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на прес-конференција по дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на алијансата во седиштето на организацијата во Брисел. -Сакаме Украина да биде во силна позиција за еден ден владата во Киев да влезе […]

Три плана на сојузниците на Трамп за завршување на војната во Украина


  Доналд Трамп сè уште нема развиено конкретни предлози за решавање на војната во Украина. Но, неговите сојузници и советници разговараа за неколку идеи јавно и приватно, вклучително и меѓусебно и со самиот Трамп. Тие имаат некои заеднички елементи, пренесува Ројтерс врз основа на анализа на изјави и разговори со неколку луѓе блиски до новоизбраниот […]

Јаневска го прогласи МОН за ненадлежно за случајот со проблематичниот третоодделенец во „Лазо Ангеловски“


Откако и родителите на учениците од ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром се заканија дека нема да ги донесат децата на настава од утре, затоа што во училиштето се врати третоодделенецот кој беше проблематичен, Весна Јаневска, министерката за образование и наука се прогласи за ненадлежна за решавање на проблемот. Вели дека има систем, но поголеми ингеренции […]

Откриено дека никогаш немало вода на Венера


Земјата е свет на океани, со вода што покрива околу 71 отсто од нејзината површина. Венера, нашиот најблизок планетарен сосед, понекогаш се нарекува наш близнак поради неговата слична големина и карпест состав, но иако нејзината површина сега е изгорена и гола, многумина се прашуваат дали и Венера некогаш била покриена со океани. Според најновата студија, […]

4 декември во историјата – Тери Андерсон ослободен во Либан по 2.454 дена во заробеништво


  На 4 декември 1991 година, исламските милитанти во Либан го ослободија киднапираниот американски новинар Тери Андерсон по 2.454 дена во заробеништво. Како главен дописник за Блискиот Исток за Асошиетед прес, Андерсон ја покриваше долготрајната граѓанска војна во Либан (1975-1990). На 16 март 1985 година, тој беше киднапиран на улица во западен Бејрут додека го […]

Мицкоски: Македонија ќе се усогласи со Глобалниот корпоративен данок


  Единствената давачка за која во моментот размислуваме е за усогласување на македонското законодавство со Глобалниот корпоративен данок, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање дали Владата размислува за зголемување на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување. Мицкоски најави дека до крајот на годината ќе има усогласување на даночната политика со цел […]

САД се загрижени од предложениот закон за странски агенти во Србија


  Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени за импликациите што предложениот закон за странски агенти во Србија би можел да ги има врз демократијата, човековите права и основните слободи, вклучително и слободата на изразување и здружување, се вели во одговорот на Стејт департментот за Радио Слободна Европа. „Ваквиот закон може да го стесни просторот за […]

Што е поштетно за цревата, виното или пивото?


Според новото истражување, пивото може позитивно да влијае на микробиомот на цревата. Сепак, тоа не е точно, тврди Хелмут Сеиц, долгогодишен истражувач на ефектите на алкохолот врз човечкото тело. Според овие студии, пивото содржи фантастични состојки со извонредни својства. Оваа студија тврди дека пивото не само што го прави човекот посреќен, туку и поздрав. Авторите […]

Инклузивната танцова претстава „Musical“ испрати порака за љубов, поддршка и сила (фото)


По повод 3 Декември, Светскиот ден на лицата со попреченост, инклузивното танцово студио „Dancers United“ ја одржа танцовата претстава „Musical“. На сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) танцуваа, пееја и свиреа лица на возраст од 4 до 44 години. Претставата, која беше испреплетена со инклузивни точки од хип-хоп, балет и латино танци, ја истакна убавината […]

Земале спортска стипендија, а не се занимавале со спорт


  Министерот за спорт, Борко Ристовски, денес додели петстоттини стипендии „Спортска надеж“. Овие талентирани млади спортисти од колективните и индивидуалните спортови ќе добиваат стипендија во вредност од 20% од просечната плата исплатена во претходната година. Списокот на добитниците не е објавен, иако министерот претходно објави дека кога ги проверувале списоците на досегашните допитници, имало такви […]

Потпалувачите на знамињата добија прекршочни пријави


Министерството за внатрешни работи досега има уапсено 18 лица поврзани со инцидентите на Денот на албанското знаме, од кои четворица се во притвор, додека за десетина се покренати прекршочни постапки поради „дивеењeто“ на улиците и сообраќајниот хаос којшто настана, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по денешната билатерална средба со неговиот босански колега Ненад […]

Мицкоски пак за дијарејата во судството


Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање поврзано со оставката на претседателката на Судскиот совет вели дека оној кој нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине. Без разлика каква е неговата улога во општеството, „Ценам дека овој Судски совет и судството и обвинителството заедно со оваа доверба што ја имаат од […]

Левица тврди дека СВР Велес станало „семејно гнездо“ на Тошковски


Политичката партија Левица објави денес  дека наспроти ветувањата за градење на професионални институции, добила информација за СВР Велес, што што по налог на министерот Панче Тошковски, е претворен во семејна филијала.   -Според нашите извори, братучедите на Тошковски, Крунислав Хаџи – Наумов и Благојче Хаџи – Наумов, како со магично стапче напреднале во своите кариери. […]

Здравко Чолиќ со симфониски оркестар во март во Скопје


Легендарниот Здравко Чолиќ, една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња на нашите простори, по 6 години ќе се врати во Скопје на 18 март 2025 година, во Арена Борис Трајковски. Овој пат, тој пристигнува со дури 50 врвни музичари, големите инструментални солисти на новосадскиот Биг бенд и оркестарот на операта на Српскиот народен театар […]

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2024/ 2025


Седумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2024/2025 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба […]

Војна за микрочипови: Кина го забрани извозот на галиум, антимон и германиум во САД


  Кина во вторникот објави дека го забранува извозот во Соединетите Држави на галиум, германиум, антимон и други клучни високотехнолошки материјали со потенцијална воена примена, како општ принцип, по одлуката на САД за ограничувањата на извозот поврзан со полупроводници. Кинеското Министерство за трговија го објави овој потег откако Вашингтон ја прошири својата листа на кинески […]

Сега и знамето стана тема


Над 1.200 учесници од училиштата во Општина Бутел денес без никаков повод го формираа најголемото македонско знаме. По името на државата, по идентитетот и по историјата, сега очигледно знамето е тоа што треба да се брани во државата.    „Стоиме заедно обединети под светлината на нашето Македонско знаме! Во црвено и жолто, го формиравме најголемото […]

Рада со стилот во Брисел испрати моќна порака


Радмила Шекеринска во текот на политичката кариера, секогаш беше на врвот на стилот. И како пратеник, и како министер и како вицепремиер, и од завчера, како заменик-генерален секретар на НАТО во Брисел. Децентна, едноставна, елегантна, со префинет стил на облекување. Со истата фризура и шминка. На официјалната слика на сајтот на НАТО, Шеќеринска импонира со […]