Лавров пристигна во Малта, на состанокот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Малта, каде што ќе учествува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од ОБСЕ, јавија руските медиуми. Тоа е прва посета на Лавров на земја од ЕУ од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година. Лани Лавров беше во Скопје,  во […]

Украинската делегација имала разговор со советникот на Трамп


Украинска делегација синоќа се сретна со високи претставници на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, изјави за американски медиуми извор запознаен со состанокот. Делегацијата ја предводеше Андриј Јермак, близок соработник на украинскиот претседател Володимир Зеленски. -Состанокот се одржал во Вашингтон со советникот на Трамп за национална безбедност Мајк Волц и неговиот пратеник во Украина Кит Келог, изјави […]

Денеска ќе бидат познати производите од новогодишната потрошувачка кошничка


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска во свечената сала на Владата, ќе одржи состанок со претставниците на стопанските комори во однос на промоција на новогодишната потрошувачка кошничка. Како што соопштија од владината прес-служба, новогодишната потрошувачка кошничка се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци предложени од страна […]

Без струја дел од корисниците од неколку улици во општините Карпош и Сопиште


Од ЕВН Македонија АД информираа дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од неколку улици во општините Карпош и Сопиште. Во периодот од 08.30 до 14.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. „Осло“, во општина Карпош.  Без струја во периодот од 09.00 до 14.00 часот, ќе бидат дел […]

Без вода населба Маџир Маало поради уличен дефект


ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека денеска поради уличен дефект ф- 2 на Кеј 13-ти Ноември 60, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Маџир Маало. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Облачно со локални врнежи од дожд, на планините снег


Времето денеска ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови, а на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 […]

Што се случува во Хрватска: Застрелани две лица, тројца мртви најдени дома, две бебиња закопани во двор?


Хрватска во последните два дена е погодена од невидени трагедии. Имено, попладнево најдени се тела на две лица маж и жена на поширокот подрачје на Лепоглава, а извршен е увид за да се утврдат причините. Полицијата реагирала по дојава дека се слушнале пукотници од куќата. Утрово пак, во семејна куќа во Раштевиќ најдени се три […]

Трамп побрз од Данела, го смени советникот пред и да дојде на власт


  Новоизбраниот претседател Доналд Трамп го именуваше својот врвен адвокат во кампањата за советник во Белата куќа, заменувајќи го неговиот прв избор по помалку од еден месец. Трамп во средата рече дека го избрал Дејвид Ворингтон да му служи како советник во Белата куќа и дека Бил Мекгинли, кого Трамп претходно го користеше за улогата, […]

Партијата на пензионери е категорично против зголемување на прагот за пензионирање


Партијата на пензионери категорично е против и не ја прифаќа иницијативата за зголемување на прагот за пензионирање, кој сега изнесува 64 години живот. За Партијата на пензионери, исто така, се неприфатливи образложенијата на предлагачите на ваквата иницијатива, која, како што се вели во соопштението до медиумите, наводно има за цел да се подобри финансиската положба […]

Од утре, бојкот на наставата во „Лазо Ангеловски“ – над 1.500 ученици ќе останат дома


Да се бојкотира наставата, односно ниту еден ученик да не оди во училиште од утре до решавање на проблемот со насилниот ученик од трето одделение, одлучи Советот на родители од ООУ „Лазо Ангеловски“ на вечерашната вонредна седница. – Овие денови постојано се вперува прстот кон „Лазо Ангеловски“ и локалните служби на оваа образовна институција. Нели […]

Зошто предлогот на Фискалниот совет за одење во пензија предизвика гнев?


  Фискалниот совет со предлогот за зголемување на старосната граница за одење во пензија од сегашните 64 години на 67 и тоа почнувајќи од 2026 година, како и за покачување на стапката за пензискиот придонес за 0,7 процентни поени, а ако треба и уште повеќе, предизвика жестоки реакции кај граѓаните, синдикатите, бизнисмените и кај дел […]

Француското собрание ја собори владата на Мишел Барние


  Она што се очекуваше и се случи. Владата на премиерот Мишел Барние вечерва беше соборена во француското собрание при гласањето за недоверба. Франција влегува нова фаза на голема политичка нестабилност по изборите во јули, а претседателот Емануел Макрон нема добри алатки да ја изнесе земјата од кризата. Малцинската влада на Барние го загуби гласањето […]

Маск ќе му даде 100 милиони долари донација на Најџел Фараж


Со политичка донација од 78 милиони фунти Илон Маск „ќе ја скрши нашата демократија“. Ова остро предупредување го даде истражувачкиот новинар Питер Геогеган кога беше објавено дека најбогатиот човек на светот подготвува исплата од 100 милиони американски долари на Реформската партија на Најџел Фараж. Има многу работи за кои луѓето не се согласуваат кога станува […]

Клековски поднел кривични пријави против шест директори во здравството


Фондот за здравствено осигурување констатирал многу злоупотреби во повеќе здравствени установи во земјава. Директорот Сашо Клековски во интервју за „Алсат“ рече дека се поднесени кривични пријави против шестмина директори. Клековски очекува обвинителството да постапи брзо, притоа потенцирајќи дека неколкупати контактирал со надлежните за да праша до каде се истрагите. Се работи за директор на здравствена […]

СДСМ нема да ги поддржи интерпелациите од ДУИ за Меџити, Тошкоски, Исени и Стоиљковиќ


  СДСМ денеска на првата седница на новиот состав на Извршниот одбор донесe одлука да не ги поддржи интерпелациите поднесени од страна на ДУИ. „Во однос на поднесените интерпелации од политичката партија ДУИ, Извршниот одбор заклучи дека нема да ги поддржи и гласа за овие интерпелации. Тие не претставуваат решение за кризата во овој момент […]

Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска одлучи да го назначи Џаред Ајзакмен за шеф на НАСА, а кој е близок соработник на Илон Маск, основачот на СпејсХ, кој тесно соработува со НАСА. Ајзакмен, пилот и комерцијален астронаут и извршен директор на компанијата за обработка на плаќања „Shift4 Payments“, ја води приватната програма Поларис, што се […]

Обвинителството побара три години затвор за братот на Пол Погба


Обвинителството во Париз побара денеска затворски казни за шестмината вмешани во случајот со киднапирање и изнуда на францускиот фудбалер Пол Погба, објави весникот „Л’Екип“. За Матијас Погба, братот на поранешниот француски репрезентативец и светски првак со Франција во 2018 година, Обвинителството побара три години затвор од кои две условно, а една ефективно, во домашен притвор […]

Кој е Абу Мохамед ал Голани, водачот на шокантниот бунт во Сирија?


  БЕЈРУТ – Во текот на изминатите десетина години, сирискиот милитантен водач Абу Мохамед ал Голани работеше на дотерување на неговиот јавен имиџ и бунтот што тој го командува, откажувајќи се од долгогодишните врски со Ал Каеда и консолидирајќи ја моќта пред да излезе од сенка. Сега Ал Голани (42) повторно се обидува да го […]

За приредбата со униформи на УЧК и пластички пушки одговорност ќе понесе една од наставничките


Извештајот за надзорот е готов. Просветните инспектори утврдиле неправилности и одговорност ќе поднесе една од наставничките која била организатор на приредбата. За тоа ќе информиран и директорот и градоначалникот на општината за да постапат по закон, кажа денеска министерката за образование, Весна Јаневска за приредбата со децата во основното училиште во Челопек кои носеа униформи […]

Британски министер за ветерани: Нашата војска ќе биде уништена за само шест месеци војување


Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер Карнс, денеска изјави дека во случај на голема војна британската војска ќе биде уништена за шест месеци, најдоцна до една година.  Карнс изјави дека сегашната големина на британската армија значи дека нејзините сили би биле онеспособени во рок од 12 месеци доколку дојде до конфликт од […]