Барние денеска ќе поднесе оставка, Макрон ќе и се обрати на нацијата


На француската влада на премиерот Мишел Барние синоќа со мнозинство гласови и беше изгласана недоверба во Парламентот, по што Барние денеска ќе поднесе оставка до претседателот Емануел Макрон. Според француски медиуми, Макрон  вечерва ќе и се обрати на нацијата. Како што пренесува „Фигаро“, по „историското гласање за недоверба“, Барние денеска во 10 часот ќе поднесе […]

Некогаш странски платеници, сега странски агенти – Вулин предлага закон


„Странски платеници“ во режимот на Слободан Милошевиќ во 90-тите, денес „агенти на странско влијание“. Ознаката „странски агент“ може да стане законска обврска за невладиниот сектор доколку српскиот Парламент го усвои предложениот акт за агенти на странско влијание. Таков предлог во собраниска процедура доставија пратениците на Социјалистичкото движење, чиј основач е прорускиот потпретседател на Владата на […]

Во Црна Гора 28 пратеници земале над 2.000 евра плата


Од 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора, 28 од нив во ноември добиле над 2.000 евра, покажуваат последните податоци објавени на официјалната веб-страница на Собранието на Црна Гора, јавија црногорските медиуми. Платите на пратениците се повисоки од 1 октомври, а со Предлог-измените на Законот за платите на вработените во јавниот сектор, предложен од Владата, […]

Силен земјотрес го погоди западен Иран


Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди западен Иран, соопшти иранската сеизмолошка служба. Земјотресот е регистриран утрово во 7:32 часот по локално време во провинцијата Кузестан на длабочина од 10 километри, се наведува во извештајот. Ова е втор земјотрес во последната недела што се случи во таа покраина, а засега нема […]

Реал повтори клупски анти-рекорд во последните пет сезони


 Реал Мадрид синоќа во натпреварот од 19. коло од шпанското фудбалско првенство против Атлетик, го претрпе петтиот пораз во сезоната 2024/25. „Кралевите“ во Билбао го повторија клупскиот анти-рекорд во последните пет сезони по бројот на порази во првата полусезона. Претходно Реал Мадрид доживеа пет порази во сезоната 2020/21. Тренерот Карло Анчелоти смета дека мали детали […]

Намалена видливост поради магла на Плетвар, снег провејува на Попова Шапка, Стража и Маврово


Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.  Слаб снег провејува во Тетово, Попова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово. Намалена видливост поради појава на магла до 50м. има на планинскиот превој Плетвар. Сите патни правци во државата се проодни без забрани, застои и ограничувања. На одредени патни […]

Одбележување на 5 Декември – Светскиот ден на волонтерството


Црвениот крст на Република Северна Македонија со пригоден настан ќе го одбележи 5 декември, Светскиот ден на волонтерството, ден посветен на признавање на несебичната посветеност и придонес на волонтерите ширум светот. Овој ден, посочуваат, е можност да се истакне важноста на волонтерството како двигател на позитивни промени во општеството. Волонтерите се срцето на заедниците – […]

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис


Амбасадата на Грција во Скопје организира проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис (2011, 2h22) во рамки на серијата филмски проекции насловена „Ајде да се запознаеме“. Целта е да се прикажат современи грчки филмови кои, како што посочуваат, беа многу сакани од публиката во Грција, но и во странство. Базиран на најпродаваниот […]

„Виорот на Анадолија“ – Концерт на турска џез музика со настап на Анил Шалиел и Мареечи Асу


 Концерт на турска џез музика насловен „Виорот на Анадолија“, со настап на турските музичари Анил Шалиел на саксофон и Мареечи Асу на деф, ќе се одржи вечер во Националната опера и балет во Скопје, со почеток во 20 часот. Концертот го организира Турскиот културен центар „Јунус Емре“ – Скопје, како заокружување на овогодишната активност, а […]

Премиера на театарската претстава „Глад“, во режија на Хана Миленковска и продукција на Атриум


Во Младинскиот културен центар во Скопје денеска ќе се одржи премиерната изведба на театарската претстава „Глад“, во режија на Хана Миленковска и продукција на Атриум. Авторскиот тим состоен од режисерката Хана Миленковска, драматургот Калија Киселички и композиторот Ади Имери, како што стои во соопштението, ја поставува драмата што се бави со ненаситноста и гладта, од […]

Јужнокорејската полиција соопшти дека почнала со истрага против претседателот поради „бунт“


 Јужнокорејската полиција почна со истрага против претседателот Јун Сук Јеол за наводен „бунт“ поради неговото прогласување на воена состојба, изјави денеска висок полициски службеник. Ву Јонг-су, шеф на Националниот истражен штаб на Националната полициска агенција, им рече на пратениците дека „за случајот веќе се постапува“, јавија локалните медиуми.  Јужнокорејското обвинителство отвори истрага против претседателот на […]

Драмски театар гостува во Београдско драмско позориште со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“


По октомвриското издание на фестивалот во Скопје, РУТА од 2-ри до 7-ми декември се одржува во Белград во организација на Београдско драмско позориште. Драмски театар на фестивалот ќе настапи вечер со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“. Претставата е авторска адаптација на Сајмон Стивенс направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисер е […]

Отворање на меѓународната изложба „Војна на сетилата/Војна врз сетилата“


Во Музејот на современата уметност – Скопје денеска ќе биде отворена меѓународната изложба „Војна на сетилата/Војна врз сетилата“, која ги вклучува едни од најреномираните автори и уметнички колективи денес, добитници на бројни награди и признанија, меѓу другите и престижната „Тарнер’’ награда. Во поставката ќе бидат изложени дела на интернационални и македонски автори: Лоренс Абу Хамдан, […]

Светски познатиот дизајнер Мирко Илиќ со најмасовната изложба на плакати „Толеранција“ во Скопје


 Патувачка изложба „Толеранција“ на светски познатиот дизајнер Мирко Илиќ пристигна во Скопје. Авторот Илиќ вечер во 20:30 часот во просториите на Архитектонски факултет, ќе одржи предавање на тема „Дизајн активизам“, а утре вечер во 19:30 часот во галеријата на Архитектонскиот факултет ќе биде отворена изложбата на плакати „Толеранција“. Како што соопштуваат организаторите, проектот „Tolerance“ е […]

ЗЕЛС организира форум „Здружени“ по повод кампањата за крај на насилството врз жените и девојчињата


 Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска организира форум „Здружени“ во рамки на кампањата  16 дена активизам: #НемаОправдување: Преземете акција за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата.  Форумот е организиран со поддршка на Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените UN Women. Како што најавија организаторите, на форумот ќе […]

УНИЦЕФ постави цел за собирање средства од 9,9 милијарди долари за 2025 година


 УНИЦЕФ упати апел за собирање 9,9 милијарди долари за да обезбеди помош следната година за милиони млади луѓе погодени од војни и други кризи ширум светот. „Скалата на хуманитарните потреби на децата е на историски високо ниво, при што секој ден се погодени повеќе деца“, нагласи во изјавата Кетрин Расел, извршна директорка на УНИЦЕФ. Парите […]

„Зимски МакеДокс“ со проекција и дебата во „Јуроп хаус“ во Струга


Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ денеска во „Јуроп хаус Струга“ ќе го прикаже документарниот филм „Чуварите на Амазон“, во рамки на „Зимски МакеДокс“. По проекцијата на филмот, како што најави Здружението, што ќе следи дискусија за заштитата на животната средина, поврзувајќи ги предизвиците на дождовните шуми во Амазон со регионот Охрид-Струга. Според најавата, говорници […]

Најмалку осум американски телекомуникациски компании и десетици земји биле погодени од кинески хакерски напади


Најмалку осум американски телекомуникациски компании и десетици земји беа погодени од кинески хакерски напад, изјави заменик-советничката за национална безбедност во Белата куќа, Ен Нојбергер. Таа соопшти дека како резултат на хакерскиот напад, протекле лични пораки и телефонски записи на непознат број Американци. Според американските власти, хакерите имале пристап и до комуникациите на високи владини функционери […]

ДКСК го одбележува Меѓународниот ден за борба против корупцијата


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата организира настан заедно со партнерите од Проектот на УСАИД за партнерство против корупцијата и Проектот „Заедници со интегритет“, финасисран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Националниот Демократски Институт, и со поддршка на Собранието на Република Северна Македонија. […]

САД ја повикаа Романија да го истражи потенцијалното руско кибер-мешање во изборите


Пред вториот круг од претседателските избори во Романија в недела, САД вчера изразија загриженост поради наводното руско кибер-мешање за да се влијае на гласањето и повикаа на истрага, јави ДПА. Во првиот круг, кој се одржа на 24 ноември, неочекувано победи кандидатот на екстремната десница и проруска страна Калин Георгеску. Елена Ласкони, претставник на либерално-конзервативната […]