Раде Шербеџија со концерт на први февруари во Филхармонија


„Златни колодвор“, оркестарот на хрватската легенда Раде Шербеџија доаѓа во Скопје на 1 февруари, 2025 година. Насловот на овој музички проект на Шербеџија е ,Због тебе, због себе, због других”, а во репертоарот се вклучени познати песни кои веќе го имаат освоено срцето на публиката како „Не дај се Инес“, „Мени се душо од тебе […]

Влијанието на лошите животни навики може да се контролира со примена на подобри алтернативи


Правилна исхрана, умерена физичка активност, квалитетен сон, справување со стрес, намален внес на шеќери и преработена храна, умерена употреба на алкохол, престанок со пушење цигари се само дел од навиките кои можат да влијаат на намалување на бројот на пациенти и смртни случаи од најчестите масовни незаразни болести како што се кардиоваскуларните заболувања, дијабетес и […]

Утрово најстудено и со најмногу снег на Попова Шапка, најтопло во Демир Капија и Гевгелија


 Утрово до 7 часот со – 2 степени Целзиусови е најстудено на Попова Шапка, со снежна покривка во висина од 40 сантиметри, додека 8 степени се измерени во Демир Капија и Гевгелија.   Во Маврови Анови и Лазарополе се измерени – 1 степен, во Крушево 1, 2 во Берово, 3 степени во Дебар, 4 во Тетово, […]

Уште еден случај во кој си наплаќал за паркинг на државно земјиште кај поликлиниката „Бит пазар“


 Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Узурпација на недвижности од член 225 од Кривичниот законик. -Во конкретниот случај станува збор за узурпација на земјиште од 11 катастарски парцели во сопственост на државата, лоцирано до цветниот пазар кај Здравствен дом Скопје – Поликлиника Битпазар, […]

ДУИ му се потсмева на Меџити: Две децении добиваше сѐ од партијата


  Пресметката меѓу сегашните и доскорешните членови на ДУИ продолжува. Главен актер во таа пресметка е вицепремиерот Изет Меџити. ДУИ во денешното соопштение го потсетува Меџити дека две децении ги држел највисоките позиции во Демократската унија за интеграција, а денес зборува за „разбивањето на митот за ДУИ“. „Две децении, Меџити ги искористуваше позициите што му […]

Светски ден на турското кафе: Симбол на традиција и гостопримство


Денес, 5 декември, светот го слави Светскиот ден на турското кафе, пијалак што е длабоко вкоренет во културното наследство на Турција и пошироко. Овој ден не само што ја одбележува долгата историја на турското кафе, туку и ја истакнува неговата улога како симбол на гостопримство, пријателство и заедништво. Во 2013 година, културата на правење и консумирање […]

Хрватската Владата донесе одлука на сите пензионери пред Божиќ да им исплати по 80 евра


Хрватската Влада денеска одлучи пред католлички Божиќ на сите пензионери и корисници на државниот додаток за стари лица да им исплати еднократен додаток од 80 евра, за што ќе бидат осигурани околу 100 милиони евра, јави Хина. „Владата денеска е во позиција да донесе одлука за додаток во пресрет на Божик во висина од 80 […]

Патот Маврово-Галичник сѐ уште не е прооден, извести ЦУК


За ситуацијата по првите зимски пообилни врнежи од дожд, а снег на повисоките места известуваат регионалниот центри од државата преку националниот ЦУК. Конкретно, Регионалниот ЦУК Тетово известува по добиената информација дека патот Маврово-Галичник од 3.12.2024 се уште не е прооден, било веднаш стапено во контакт со Македонија пат – Пункт Маврово, од каде што известиле […]

Севдалинката влезе во листата на културно наследство на УНЕСКО


Традиционалната градска народна песна на Босна и Херцеговина, севдалинка, на 4 декември е ставена на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО, соопшти Министерството за цивилни работи на Босна и Херцеговина, објави Радио Слободна Европа. Оваа одлука е донесена на седницата на Комитетот за нематеријално културно наследство на УНЕСКО и претставува исклучително признание за културното наследство […]

Државната опера од Варна гостува во НОБ со „Пикова дама“ од Чајковски


На 14 декември со почеток во 20 ч. на сцената на Националната опера и балет, љубителите на класичната музика и операта ќе имаат уникатна можност да уживаат во изведбата на една од најголемите опери на сите времиња – „Пикова дама“ од П. И. Чајковски, во изведба на солистите, хорот, оркестарот и балетот на Државната опера […]

Уапсен подметнувачот на пожарите во Куманово


  Во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, утрово во 01,10 часот, по претходно добиени оперативни информации и координација на СВР Куманово со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(35) од Куманово. МВР соопшти дека […]

Донатела Версаче, 69, изненади со младешкиот изглед


Донатела Версаче ги воодушеви обожавателите со нејзиниот младешки изглед кога се појави во неделата во Лондон. 69-годишната креативна директорка на Версаче носеше полупроѕирен фустан со долги ракави во бакарна боја со раб со светки преку црно боди без прерамки кога присуствуваше на хуманитарната гала премиера на „Ѓаволот носи Прада: Мјузикл“ во театарот Доминион.    Версаче […]

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2024“ од магазинот The Banker


Комерцијална банка со задоволство објавува дека е прогласена за „Банка на годината во 2024 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда по 11-ти пат ѝ беше доделена на Банката вчера вечер на свечената церемонија во Лондон, на која присуствуваше д-р Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој […]

Како хороскопските знаци покажуваат дека им недостига партнерката?


Не е лесно со маж Близнак, еден ден може да каже дека му недостигате, а следниот ден да ги игнорира сите ваши пораки и повици. Лавот покажува дека и недостигате на неговата партнерка со тоа што постојано го бара нејзиното внимание… ОВЕН Овенот е исклучително конкурентен по природа, па знае дека се чувствува несигурно ако […]

Отстранети 70 хаварисани возила во општина Центар


 Седумдесет напуштени и хаварисани возила досега се отстранети од јавните површини на подрачејто на Општина Центар во рамки на акцијата што општината ја спроведува во соработка со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и МВР, информираа од Општина Центар. Општинските служби поставиле опомени на 95 возила, од кои 30 се подигнати од Пајак-службата на ПОЦ, 20 […]

Најавени нови поскапувања на услугите за белграѓани


Паричниците на белграѓани веќе неколкупати беа нападнати на крајот на оваа година – цените на Инфостан, парното, паркингот и такси превозот поскапеа. Сега се најавуваат нови поскапувања за новата година, објави Данас. Иако од почетокот на годината, годишната инфлација во Белград падна од 7,4 отсто во јануари на 5,6 отсто во октомври, тоа не ја […]

Од Липково почнува садењето 800.000 садници


Во следните две години, со поддршка на Глобалниот еколошки фонд ГЕФ 6, во македонија на пет локации ќе се засадат 800.000 садници, како дел од проектот за пошумување на деградирано земјиште на екстремно неповолни терени, со вкупна површина од околу 400 хектари во целата држава. Во тој период пошумување ќе се врши на пет локации: […]

Биткоинот надмина 100.000 долари за прв пат во историјата


Цената на биткоинот порасна и надмина 100.000 долари за првпат во историјата, достигнувајќи нова рекордна вредност. Вредноста на најпознатата криптовалута во светот се зголеми поради растечките надежи дека новоизбраниот претседател на СAД, Доналд Трамп, ќе усвои низа политики што ги поддржуваат криптовалутите. Оваа година, цената на биткоинот се зголеми повеќе од двојно и е зголемена […]

Европската комисија предлага пет мерки за пензионерите во Хрватска


Европската комисија во својот извештај предлага пет мерки за Хрватска во системот на пензиско осигурување, јавија хрватски медиуми. Поради лошите демографски движења, односно стареењето на населението, целта е да се поттикне подолго да се работи до пензионирање, но и да се обесхрабри предвременото пензионирање. Тука доаѓаме до омразениот предлог за постепено зголемување на старосната граница […]

Во Црна Гора увозот е седум пати поголем од извозот


Црна Гора во првите десет месеци од годинава увезла стоки во вредност од 3,4 милијарди, а извезла седум пати помалку. – Во споредба со истиот период лани, годинава извозот е помал за 15 отсто, а увозот поголем за повеќе од шест отсто, објави Монстат. Растот на надворешнотрговскиот дефицит е негативна слика за црногорската економија, изјави […]