Ангелоски: Инвестирањето во човечкиот потенцијал е најдобра инвестиција за бизнисот


Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски,  денеска ја отвори Првата меѓународна коучинг конференција во Скопје, на која ја истакна важноста на лидерството и коучингот како централни столбови за успешен развој и напредок во бизнис-секторот. „Соочени со реалност полна со предизвици – одлив на таленти, економски и политички турбуленции, финансиски кризи и […]

Ифо Институт: Германија и ЕУ мора да се подготват за тарифите на Трамп


Според Ифо Институтот, за економски истражувања, економската политика на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе предизвика големи проблеми за Германија и Европската Унија. Трамп спроведува изразено протекционистичка агенда со повисоки увозни тарифи и поголеми ограничувања на меѓународната трговија, особено кон Кина и потенцијално кон Европа, изјави претседателот на Ифо, Клеменс Фуест, препорачувајќи преземање соодветни мерки. […]

Грчева: Имаме професори кои нудат застарени знаења, а не знаат ни странски јазик


Министерството за образование и наука формира Национално координативно тело за реформи во високото образование чија цел ќе биде преку инклузивен процес да направи план како да се подобри квалитетот на високообразовниот систем во Македонија, односно кои мерки треба да се преземат во иднина за да се достигнат повисоки образовни стандарди. Првичните резултати на ова тело […]

Судењето на претседателот на згаснатиот клуб „Ванчо Михајлов“ се одовлекува до недоглед


  БИТОЛА – Битолската обвинителката Оливера Нечаковска побара казна за скопскиот адвокат Насер Рауфи поради злоупотреба на правата од Законот за кривичната постапка со цел одолговлекување на судскиот процес во кој обвинет е Љупчо Георгиевски, екс-претседателот на сега згаснатиот бугарски клуб во Битола „Ванчо Михајлов“. Клубот „Ванчо Михајлов“ е избришан од Централниот регистер, ама сега […]

Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција


Целосно е изгаснат пожарот што утрово пред 10 часот избувна во кровната конструкција на Безистенот во Струга, потврди командирот на Територијалната против пожарна единица Струга, Фети Мазари.  Поради збиеноста од градби во старото градско јадро, во центарот на Струга постоела опасност од зафаќање други објекти, но, брзата интервенција на пожарникарите, според него, спречила поголема штета. […]

Меџити: Зелената агенда, можност за голема координирана еколошка трансформација на регионот


Зелената агенда за Западен Балкан е важна како пресвртница за регионот, но и поединечно за земјите, поради можноста што ја нуди за голема координирана трансформација на регионот, истакна денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, на отворањето на конференцијата на Македонското здружение за енергија од обновливи извори, МАРЕС. – […]

(Во живо) Министерката за образование Јаневска за високото образование


Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе претседава со конститутивната седница на Националното координативно тело за реформи во високото образование, науката, истражувањето и развојот.

Пристигнале 2.900 апликации на Годишните конкурси за културата


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ги поздрави членовите на комисиите за оценување на пријавите пристигнати на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата и на нацрт-годишните програми за работа на националните установи од областа на културата, пожелувајќи им успешна работа во креирањето на националната програма […]

Доларот и биткоинот нагло пораснаа по победата на Трамп на изборите


Американскиот долар значително зајакна откако стана јасно дека Доналд Трамп ќе биде избран за следен претседател на САД, а биткоинот достигна рекордна вредност, во услови кога инвеститорите очекуваат потенцијални даночни олеснувања, зголемување на тарифите и пораст на инфлацијата во неговиот втор мандат, јави Би-Би-Си. Вредноста на доларот се зголеми за околу 1,5% во однос на […]

(Во живо) Мицкоски на МАСИТ


Премиерот Христијан Мицкоски ќе ја посети Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Трамп ја победи Америка


Доналд Трамп ја победи Америка, каква што ја знаевме шест децении. Според сите оценки, на изборите се случи незамисливото: Американците избраа за претседател осуден политичар кој заговараше обид за државен удар. Европските оценки главно се дека Трамп си доби „излезна затворска карта“, со оглед на тоа што наскоро треба да добие конечна судска пресуда, а […]

РКЕ ќе добие повеќе ингеренции пазарното енергетско поврзување со соседните земји


Со новиот Закон за енергетика, на регулаторот му се доделуваат сериозни ингеренции во процесот на пазарното поврзување со соседните земји со цел зголемена конкурентност, пониски цени, поголеми инвестиции, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) на панелот „Обновливи извори: […]

Уапсени деветмина за немирите во Нови Сад, се земаат мостри од фекалиите


 Поради нереди на протестот во Нови Сад, девет лица се уапсени на барање на Вишото и Основно јавно обвинителство во тој град, се наведува во заедничкото соопштение на двете обвинителства, јави дописникот на МИА од Белград. Според соопштението, од деветмината уапсени за нереди на вчерашниот протест, шест лица се осомничени за сторено кривично дело -Насилничко […]

Невладините бараат 131 милион денари за програмата за ХИВ за 2025, предвидени се само 90


Претставници на невладини организации денеска во Скопје изразија загриженост поради информации за намалени средства за програмата за ХИВ за 2025 година. Вознемиреност има и кај пациентите, поради постојаното стравување дали навреме ќе има терапија и можноста од прекин на терапијата. Според Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ предвидени се само […]

Во Центар се отстрануваат хаварисани возила


Општина Центар во соработка со пајак службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и МВР спроведува акција за бесплатно дислоцирање на хаварисаните возила од јавните површини со јавување на телефонскиот број 076/350-767 со цел ослободување на јавната површина. „Со заедничката акција која ја спроведуваме досега од јавните површини дислоцирани се околу 40 возила. Сопствениците на […]

Унгарскиот кредит не е евтин – државата ќе плати 240 милиони евра за камата, плус компаниите кон банките 120 милиони евра


За 15 години, државата за кредитот од Унгарија од 500 милиони евра ќе треба да плати кон унгарската Експорт импорт банка 240 милиони евра за камата, а компаниите кои ќе можат да користат 250 милиони евра од овој кредит, на банките преку кои ќе се пласираат средствата ќе треба да платат уште 120 милиони евра. […]

Мемов: Соработката на проектите со Светска банка ќе помогне во модернизацијата на ФПИОМ


Соработката на проектите со Светска банка ќе помогне во модернизацијата на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, изјави директорот Никола Мемов на денешната средба со Мисијата на Светска банка за имплементација на СИАП проектот и пензиската политика предводена од Зоран  Анушиќ и Мануела Софија Станкулеску. Со досегашните активности на проектот и модернизацијата на Фондот, се […]

Во Општина Илинден ќе се гради полициска станица


Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски се сретна со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. На средбата, како што информира Општина Илинден, се разговараше за актуелни теми во однос на функционирањето и работењето на Општина Илинден со посебен акцент на состојбата со безбедноста во сообраќајот и потребата од поголема застапеност на припадниците на Министерството за […]

Почнува доделувањето на ваучерите за инвертер климите, еве на кои локации


Доделувањето на ваучерите за инвертер клима уреди од страна на Министерството за енергетика, ќе се спроведе утре во Центрите за вработување во општините, освен во Битола, каде што пунктот е сместен во Спортската сала „Боро Чурлевски“, а во Скопје е во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Оние кои што нема да можат да ги подигнат ваучерите […]

АфД ќе ги исклучи нејзините членови поврзани со екстремистичка група


 Раководството на Алтернатива за Германија (АфД) – германската крајнодесничарска партија, која е втора според анкетите, ќе се состане денеска за да започне процедура за протерување на членовите поврзани со екстремистичка група, соопшти АфД. Текстот се однесува на „членовите погодени од мерките на јавниот обвинител“, потврдувајќи ја врската меѓу партијата и осумтемина осомничени уапсени во голема […]