Тројца малолетници во Пехчево биле нападнати и удирани со стаклено шише


Вчера во 14 часот во Полициската канцеларија Пехчево, 46-годишната С.М пријавила дека нејзиниот малолетен син и негови двајца другари биле нападнати пред угостителски објект во Пехчево. Напаѓачот А.М исто така од Пехчево кон нив употребил стаклен предмет. Од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот.

Град Скопје му порача на Славески да си го научи Деловникот


Град Скопје се јави со реакција на соопштението на претседателот на советот на Градот, Трајко Славески. Од таму велат дека или Славески лаже или не го знае деловниот за работа „Имено, поврзано со барањата за измени на условите за приватните превозници вклучително и цената за овој превоз ги утврдува Советот на град Скопје, оттука јасно […]

Руте: Севернокорејските трупи во Европа се пресвртна точка


Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во текст за „Политико“ наведува дека севернокорејските трупи на европска територија се историски факт – и тоа од погрешни причини. – Русија првпат по еден век покани странски војници во земјата. Тоа има неверојатна цена. Русија има околу 1.200 жртви дневно, повеќе од 600.000 од февруари 2022 година. И […]

Отворен е големиот мост над Црн Дрим кај Кукс изграден со 40 милиони евра


Големиот мост „Кукс” е веќе отворен за сообраќај на возила, како едно од најважните инфраструктурни зафати што конечно го ослободува сообраќајот со пристап и до околните населби, објави премиерот Еди Рама. Мостот е над реката Црн Дрим во округот Кукс во северниот дел на земјата. Премиерот Еди Рама денеска на социјалните мрежи сподели и неколку […]

ЕЦБ: Новите царини би можеле предизвикаат маѓепсан круг на трговска војна


Новите царини можат да бидат штетни за глобалниот раст и да доведат до маѓепсан круг на трговска војна, изјави потпретседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Луис де Гуиндос, откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД. Трамп во своите предизборни говори најави дека ќе воведе основни царини од 20 отсто за американскиот увоз од […]

Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места


Републиканците го зголемија своето новостекнато мнозинство во Сенатот откако го презедоа местото во Монтана од демократите, па сега имаат 52 од 100-те достапни места во Сенатот, јавуваат американските медиуми. Тие, исто така, постигнаа успех во трката за контрола на Претставничкиот дом, и ако освојат мнозинство, ќе бидат во позиција да ја диктираат агендата во Вашингтон, […]

Зеленски потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша два закони за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во земјата. Според веб-страницата на Врховната Рада, Парламентот, статусот на двата закони е ажуриран, што покажува дека тие стапиле во сила со потписот на Зеленски. Со потпишувањето на овие два закони, вонредната состојба и мобилизацијата во Украина се продолжени за […]

„Лукоил“ избра катарско-британски конзорциум за купувач на бугарската рафинерија


Руски „Лукоил“ планира да ја продаде својата бугарска рафинерија на катарско-британски конзорциум составен од Орикс Глобал, контролиран од катарскиот бизнисмен Ганим Бин Саад Ал Саад и трговската куќа ДЛ Хадсон со седиште во Лондон до крајот на годината, објави Фајненшл тајмс. Компанијата ќе го продаде својот мнозински удел во рафинеријата „Лукоил Нефточим Бургас“, се вели […]

Тоа не беше само економијата, глупчо. Тоа беше инфлацијата


  Претседателските избори во САД се сѐза „економијата, глупчо “, рече стратегот на Бил Клинтон, Џејмс Карвил, во 1992 година. И за американските гласачи кои се грижеа повеќе за економијата отколку за другите прашања – и речиси половината кои рекоа дека се во полоша финансиска состојба од пред четири години – нивниот избор за следен […]

Италијански брод со втора група мигранти отплови за Албанија


Брод на италијанската морнарица денеска отплови за Албанија, превезувајќи втора група мигранти, каде ќе биде обработено нивното барање за азил. На бродот „Либра“ има осум мигранти спасени пред два дена, а во миграцискиот центар во Шенѓин треба да пристигнат утре. Италија минатиот месец ја испрати првата група од 16 мигранти во Албанија, но подоцна италијанскиот […]

МАСИТ бара да се укине „недела неработен ден“


 Да се укине „недела неработен ден“ и да им се овозможи на ИТ инженерите работа од дома, како и скратено работно време, бара Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ). Ова, како што му беше предочено денеска на премиерот Христијан Мицкоски, се поволности кои во светот се применуваат со години. Како што изјави претседателката […]

Дефинитивно постигнување на правична застапеност во администрацијата треба да донесе новиот закон во подготовка, тврди Фетаи


 Работната група за подготовка на закон за правична застапеност досега одржала три состаноци, новото законско решение кое ќе биде изготвено потоа ќе биде доставено во собраниска процедура, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи. -Како што знаете веќе има консултации во рамките на Владата, иако имаше некои контрадикторни пораки, сепак основана е […]

Мицкоски за унгарскиот заем: Уште се преговара со комерцијалните банки


Домашните компании ќе ги добијат парите од унгарскиоит заем под истите услови под кои беа земени, рече денеска премиерот Христијан Мицксоки. Тој уште еднаш кажа дека парите се стигнати, но уште се преговара со комерцијалните банки околу тоа каква би била обрвската на државата кон нив. -Парите од унгарскиот заем се веќе стигнати, тука се, […]

Гран при за „М“ на Вардан Тозија на фестивалот „Дракула“ во Брашов


Филмот „М“ на Вардан Тозија во продукција на „Фокус покус филмс“ ја доби главната награда „Гран при“ за најдобар филм и трофејот „Дракула“, во рамките на 12. издание на Филмскиот фестивал Дракула во Брашов. Фестивалот се одржа од 30 октомври до 3 ноември, а за наградите одлучуваше жирито во состав на Пол Арион, Валентин Гројтерт […]

Славески ги поучи приватните превозници: Сте потпишале договор – придржувајте се до него!


Претседателот на Совет на Град Скопје, Трајко Славески до приватните превозници испрати писмо во кое ги советува да го испочитуваат договорот што го потпишале за превоз на патници, кој им истекува во мај 2025 година. Дотогаш, тврди Славески, Советот не може да расправа доколку нема предлог од градоначалничката. Писмото го пренесуваме во целост: Во врска […]

Договор за гасниот интерконектор со Грција до Нова година, најави премиерот


До 20 ноември завршува тендерирањето за гасниот интерконектор со Грција. Очекувам до Нова година да се потпише договор и тој интерконектор да се заврши и веќе да работиме на северниот интерконектор со Србија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по средбата во МАСИТ, Мицкоски истакна дека може да се очекува офанзива и […]

Мицкоски се пофали дека разменил пораки со најблиските соработници на Трамп


  Премиерот Христијан Мицкоски утрово освен што ја честитал победата на новиот американски претседател Доналд Трамп, разменил и пораки со неговите најблиски соработници, меѓу кои и со Хауард Лутник, шефот на транзицискиот тим кој беше на бината за време на обраќањето на Трамп. „Им честитам на граѓаните на САД за демократскиот изборен процес. Избраа напредок, […]

Дигитализација на аудио ленти од 1940 до 2000 година во НУФЦ „Вардар филм“


 Во просториите на НУФЦ „Вардар филм“ деновиве започна дигитализација на аудио ленти во период – 1940 до 2000 година, кои беа зачувани во депото, информираат денеска оттаму. Станувало збор за околу 400 ленти што содржат радио драми, документарни филмови, македонска и албанска музика, репортажи и работни фајлови од филмските класици во продукција на „Вардар филм“. […]

Путин не планира да му честита на Трамп


  Рускиот претседател Владимир Путин не планира да му се јави на новоизбраниот републикански претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп за да му ја честита изборната победа, изјави во средата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Не сум запознаен со плановите на претседателот да му честита на Трамп за изборот“, рече Песков на утринскиот брифинг […]

Нема договорено средба Мицкоски – Радев во Будимпешта


  Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека нема договорено средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, што се одржува утре.  „Не, но подготвен сум да разговарам со секого, секаде врз основа на вистински договор што ќе нѐ однесе до целта, е на да го […]