Бислимоски: Прерано е да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари


Прерано е да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари 2025 година. Тендерите се уште не се завршени, дел од нив не се ни почнати, така што во овој момент би било некоректно да шпекулирам какви би биле цените, но не верувам дека би имале некои проблематични одлуки коишто би влијаеле […]

На ГП „Ќафасан“ албанската полиција спречи шверц на 1,8 тони нафта при влез од македонска територија


Полиција на граничниот премин „Ќафасан“ на албанско – македонската граница, кај Струга, откри 1,8 тони нафта шверцувана од Северна Македонија, соопшти Полицискиот комесаријат-Корча. Уапсени се три лица на возраст од 27, 36 и 40 години, сите жители на Подградец, под обвинение „шверц на акцизна стока од Северна Македонија“. -На влез на албанска од македонска територија, […]

МЖСПП: Регионален систем за управување со отпад е единственото трајно решение – граѓаните да имаат разбирање


Министерството за животна средина и просторно планирање ги повикува жителите на Кочани, кои неколку денови протестираат поради проблемот со депонијата, да имаат разбирање оти државата, како што велат, е длабоко навлезена во процесот на воспоставување на регионален систем за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион, што треба да резултира со трајно, одржливо и […]

Македонските кошаркарки немоќни против Украина во евроквалификациите


Македонската женска кошаркарска репрезентација загуби вечерва во Скопје од Украина со 98-49 во рамки на квалификациите за Европското првенство 2025. За избраничките на селекторот Александар Ашаданов ова е трет пораз во третиот натпревар по кој се последнопласирани во квалификациската група Г. Најефикасни во македонските редови беа Митрашиновиќ со 17 и Хемпе со 16 поени, Во […]

Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими


До 15 часот беа доделени над 80 отсто од предвидените 6.182 ваучера за купување инвертер клими, со цел зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата низ целата држава, информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.  Како што велат оттаму,  процесот се одвива непречено и ефикасно, благодарение на внимателното планирање и целосната ангажираност на тимот на […]

Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа


Јоав Галант, сменетиот министер за одбрана на Израел, наводно им рекол на семејствата на заложниците дека нема причина ИДФ (Израелските одбранбени сили) да останат во Газа. Според извештаите на медиумите во Израел, Галант рече дека тој и началникот на израелската армија, Херзи Халеви, се скептични во врска со тврдењата дека има безбедносно и дипломатско оправдување […]

Врвна хрватска таеквондистка почина на 22 годишна возраст


Загреб – Една од најуспешните хрватски таеквондистки Хана Влашиќ почина ненадејно на возраст од 22 години, објави денеска Таеквондо федерацијата на Хрватска. Покрај големиот број државни златни медали, Влашиќ во кариерата ги освои титулите европски кадетски шампион (2017) и европски јуниорски шампион (2019 година). „Таа беше пример и пример за вистински спортист, посветена и бескомпромисна во […]

Најбогатите луѓе во светот по победата на Трамп побогати за уште 64 милијарди долари


Њујорк – Десетте најбогати луѓе во светот на листата на милијардери на Блумберг го зголемија своето богатство за рекордни 64 милијарди долари за еден ден по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Најмногу профитирал извршниот директор на Тесла, Илон Маск, чие богатство се зголемило за 26,5 милијарди долари на вкупно 290 милијарди […]

Искористени се дури 72 oтсто од вакцините против сезонски грип


Од вкупно 72.600 дози четиривалентна вакцина против сезонски грип кои ги набави Министерството за здравство (во кои се вклучени и 2.600 комерцијални вакцини), искористени досега се 52.687, односно 72 отсто, соопштува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во последниот извештај за состојбата со сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип за сезоната 2024/2025 започна на 21 октомври и се […]

Мбапе не доби повик за дуелите со Италија и Израел


Капитенот Килијан Мбапе нема да настапи за Франција на претстојните натпревари од Лигата на нации против Италија и Израел. „Имав разговори со Килијан и ја донесов својата одлука. Така е подобро. Мбапе сакаше да оди со нас, не е поради некој друг проблем“, изјави францускиот селектор Дидие Дешамп. Француската репрезентација на 14 ноември ќе го […]

Централна банка на Албанија ја намали каматната стапка за 0,5 отсто, економијата бележи раст од 4 отсто


Централна банка на Албанија одлучи да ја намали за 0,5 отсто основната каматна стапка, со што овој показател сега е на ниво од 2,75 отсто. -Надзорниот одбор одлучи да ја намали основната каматна стапка, од нивото од 3% на ниво од 2,75%; каматната стапка на еднодневните депозити од 2% на 1,75% и каматната стапка на […]

Бранителите повторно блокирани во Собрание


Членовите на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади денеска се состанаа, но повторно не одржаа седница. Пратеничката од СДСМ Јованка Тренечвска инсистираше на дневен ред на оваа трета седница да биде ставен и Предог-законот за бранители, а претседателката на Комисијата Илире Даути од ДУИ објаснуваше дека тоа сега веќе не е можно согласно […]

Што ќе им се работници? Изграден 157 километри автопат во Кина, речиси без помош од луѓе (видео)


Кина го заврши автопатот со четири ленти долг 157,79 километри без речиси никаква човечка интервенција. Овој автопат е дел од проширувањето на патот Пекинг-Хонг Конг-Макао, кој го поврзува Пекинг со Хебеј. Проектот беше завршен во октомври, а беа употребени десет автономни возила (без возачи) за асфалтирање и нивелирање на коловозот широк 19,25 метри. Ниту надзорот […]

Лајка со повик: Стани инфлуенсер за да се вдомат нашите кучиња!


Јаното претпријатие „Лајка“ во потрага по нов начин да ги удоми кучињата од прифатилиштето промовира настан што ќе се одржи на 16 ноември, од 11 до 14 часот, во нивните простории. „Посетете нè, запознајте ги нашите преслатки кучиња и изберете го вашето куче што сакате да го промовирате. Фотографирајте се со кучето и објавете ја […]

Ждреб за Торино: Синер и Алкараз во различна група


Торино – Ждрепката за завршниот АТП турнир во Торино се одржа денеска, а задоволен од неа може да биде светскиот рекет број 1 – Италијанецот Јаник Синер. Група на Илија Настасе: Јаник Синер, Данил Медведев, Тејлор Фриц, Алекс де Минор Група Џон Њукомб: Александар Зверев, Карлос Алкараз, Каспер Руд, Андреј Рублев Пред ждрепката главното прашање беше дали Синер […]

7 ноември во историјата – Рузвелт го освои четвртиот мандат


  На 7 ноември 1944 година, американскиот претседател Френклин Делано Рузвелт е избран за невиден четврти мандат на функцијата. ФДР останува единствениот претседател кој служел повеќе од два мандати. Рузвелт се издигна над личните и политичките предизвици за да се појави како еден од најпочитуваните и највлијателните претседатели на нацијата. Во 1921 година, на 39-годишна […]

Лашкоска: Намалување на ризиците од катастрофи бара широка соработка и инклузивност


Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денеска учествувала на министерска тркалезна маса на тема „Зголемување на активностите за намалување на ризикот од развој на ризици во средината“, организирана во рамки на Европската платформа за намалување на ризици од катастрофи, одржана во Будва, Црна Гора. Како што информираат од Министерството, во присуство […]

Мицкоски седнат до Макрон на самитот во Будимпешта


  Премиерот Христијан Мицкоски на самитот на Европската политичка заедница што се одржува во Будимпешта седи до францускиот претседател Емануел Макрон, чиј советник на претходен сличен настан се понуди да го олесни дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, откако новата влада кај нас побара уставните измени да имаат одложено дејство, односно „француски предлог плус“. Иако самитот […]

Новата еврокомесарка Марта Кос ќе се вклучи во решавање на билатералните прашања


  Словенечката кандидатка за еврокомесар за проширување на ЕУ, Марта Кос, по денешното сослушување доби зелено светло од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. Денешното нејзино неколкучасовно сослушување беше напнато во одредени моменти, особено околу прашањата на претставниците на словенечката опозиција, од партијата на поранешниот премиер Јанез Јанша, за тоа дали бил дел од […]

Загина 59-годишен маж од Прилеп, со возилото излетал од патот


Вчера во 11.28 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево,  кај место викано „Бегова ливада“, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(59) од Прилеп излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од […]