Од американска лабораторија избегале 43 мајмуни 


Полицијата е во потрага по 43 мајмуни кои побегнале од истражувачката лабораторија во Јужна Каролина, откако чувар го оставил нивниот затворен простор отворен. Мајмуните избегале од установа управувана од Alpha Genesis, која одгледува примати за медицински истражувања и тестирања, а се верува дека шетаат во дел од државата наречен Лоукантри. Властите ги повикаа жителите да […]

Без струја денеска дел од Општина Илинден, без вода неколку улици во Кисела вода


Без електрична енергија денеска од 08.30 д0 14 часот ќе бидат корисниците на село Дељадровци во Оштина Илиден, соопшти РЦУК по добиено известување од ЕВН Македонија. Без струја од 09:30 до 13:30 часот ќе бидат и корисниците од село Горно Оризари, Фарма „Глуво“ село Голиево, Пречистителна Станица Бразда, Стопански Објект на „Гранит“, „Златомир“, „Данчо Ацков“ […]

Ќе се снима нова трилогија на Star Wars, со нови ликови и приказна


Сајмон Кинберг се упатува во хиперпросторот, потпишувајќи обемен договор за пишување и продуцирање на трилогијата на Star Wars. Кинберг ќе го предводи лансирањето на нова сага во саканата галаксија далеку, далеку, и ќе ги напише сценаријата за она што Лукасфилм се надева дека ќе зацрта сосема нов пат напред за научно-фантастичниот вселенски оперски универзум. Главната […]

Сообраќајот се одвива по една коловозна лента кон Пониква


Во моментот сообраќајот се одвива непречено по една коловозна лента кон Пониква, исто така и кон с. Бели, а од страна на граѓаните е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.       Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви […]

Мицкоски оптимист за иднината на земјава во ЕУ, од Брисел порака дека европскиот пат зависи од уставните измени


Будимпешта/Брисел – Нашето место е во рамките на ЕУ и мора да бидеме таму каде што заслужуваме, порача премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта, каде вчера учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница задно со лидерите на уште 26 земји од Европа и високи претставници на Унијата и НАТО. Во исто време од Брисел, кандидатката за нова […]

Во судирите во Амстердам повредени 10 израелски навивачи, Нетанјаху испрати спасувачки авиони


Тел Авив– Пропалестински напаѓачи повредиле 10 израелски фудбалски навивачи во Амстердам, по што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди испраќање спасувачки авиони за израелските граѓани во Холандија, пишува „Тајмс оф Израел“. Напаѓачи кои извикувале „Ослободете ја Палестина“ вчера ги нападнале навивачите на Макаби од Тел Авив во Амстердам, од кои двајца се исчезнати, а 10 се […]

Трамп ја именуваше менаџерката на кампањата Сузан Вајлс за шефица на кабинетот


Вашингтон – Во свето прво кадровско решение по победата на претседателските избори во вторникот, Доналд Трамп ја назначи својата поранешна менаџерка на кампањата Сузан Вајлс за шефица на кабинетот на Белата куќа – првата жена што ќе ја има таа улога. – Сузи Вајлс штотуку ми помогна да постигнам една од најголемите политички победи во […]

НОБ со „Боеми“ ја отвора стогодишнината од смртта на композиторот Џакомо Пучини


Со изведба на ремек-делото „Боеми“ од Џакомо Пучини, вечерва од 20 часот, во Националната опера и балет започнува одбележувањето на 100-годишнината од смртта на Џакомо Пучини. Изведбата е дел од проектот „Месец на Пучини“ во кој ќе бидат изведени и други негови дела. Приказната за животот на љубовниците Родолфо и Мими ќе се изведе под […]

Почнува шестиот Пчеларски саем во Скопје


Шестиот по ред Пчеларски саем на Македонија, ќе се отвори денеска на плоштадот Македонија, а ќе трае до недела. Организатор на саемот е Пчеларска Федерација на Македонија, главен покровител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а домаќин е Градот Скопје. Пчелари од целата држава на саемот ќе им понудат на посетителите мед, пчелните производи, […]

Сончево со студено утро


Времето денеска изутрина ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени Целзиусови. Во Скопје изутрина […]

НМСМ се повлекува од партнерството со Град Скопје за кандидатурата за Европска младинска престолнина 2027 година


Националниот младински совет на Македонија ги известува младите дека се повлекува од партнерството со Град Скопје за кандидатурата на Град Скопје за Европска младинска престолнина 2027 година. До оваа одлука дојдовме по неколкуте обиди да стапиме во контакт со претставниците на градот, кои треба заеднички со нас да ја презентираат кандидатурата на градот пред жири […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 8 ноември 2024 година, 313-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 53 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 15 минути, а ќе зајде во 16 часот и 19 минути. Денов трае 10 часа и 3 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе  изгрее во […]

Тринаесетти руски генерал убиен во Украина


  Русија загуби уште еден член на својата висока команда за време на инвазијата на Украина: генерал-мајор Павел Клименко, кој командуваше со 5-та бригада на моторизирана артилерија во Донецк, беше убиен, објави провоената јавна страница „Донбас – срцето на Русија“. Клименко го доби чинот генерал-мајор во мај 2024 година. Според изданието „Астра“, Клименко организирал камп […]

Путин му честиташе на Трамп: „Тој е храбар човек“


  Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД и рече дека е подготвен да работи со него. „Би сакал да ја искористам оваа прилика да му честитам за неговиот избор за претседател на САД. Веќе реков дека ќе работиме со кој било шеф на држава во […]

Британскиот парламент наскоро би можел да се грее од топлината на метрото


Топлината генерирана во лондонското метро, ​​каде што температурата понекогаш надминува 30 степени, наскоро ќе се користи за снабдување со енергија со ниска содржина на јаглерод во институциите во центарот на британскиот главен град, како Парламентот или Даунинг стрит, велат застапниците на новиот проект. Наречена Мрежа на областа Јужен Вестминстер (South Westminster Area Network (Swan), таа […]

Марко Рубио во преден план за државен секретар на САД


  Доналд Трамп посочи дека неговиот тим за национална безбедност ќе има задача да го преиспита ставот на Соединетите Држави кон Украина и Русија, Кина, Иран и конфликтот што врие на Блискиот Исток. Дебатата за обновената агенда на Трамп „Америка на прво место“ се очекува да ги спротивстави републиканските јастреби за национална безбедност против изолационистичкото […]

Малолетник нападнат од соученик за време на час во скопско Ѓорче


Уште еден малолетник нападнат од врсник во Ѓорче Петров.  – Вчера во 15.10 часот во СВР Скопје, Д.Н.(38) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот, за време на час во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик. За настанот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки […]

„Ќе нѐ биде“: Мицкоски од Будимпешта се враќа како уште поголем оптимист отколку од Берлин


  Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека по Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, е уште поголем оптимист за европската иднина на Македонија. Тој оптимизам премиерот го гради по повеќе средби на маргините на собирот, од која посебно ја истакна онаа со францускиот претседател Емануел Макрон. На својот Фејсбук профил Мицкоски објави фотографии од средбата […]

Министерката за финансии мисли дека цел Западен Балкан треба заедно да влезе во ЕУ


  Некоја земја да не оди побрзо од некоја друга на патот кон ЕУ, туку сите заедно од Западен Балкан треба да станат членки на Унијата. Вака го претпочита патот на државите од регионот министерката за финансии Гордана Димитриеска—Кочоска. Нејзините желби изгледаат поинаку од ставовите на Брисел дека само мерит системот и подготвеноста на поединечните […]

Петгодишно девојче починало на Детската клиника


Петгодишно девојче од Скопје починало од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести, а засега нема информации дали и каде било лекувано претходно, објави „Сител“. Од Клиниката информираат дека девојчето кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка. Најпрвин било лекувано на Одделот за неврологија, но минатата недела состојба му се влошила […]