Муртезани: Не ги усогласуваме само политиките, ги приближуваме и судбините со ЕУ


Неодамнешните изјави на европското лидерство го истакнуваат проширувањето на ЕУ како геополитички императив, начело што нашиот регион го прикажува преку својата посветеност и напредок, посочи министерот за европски прашања Орхан Муртезани на денешната конференција во Меѓународниот балкански универзитет, насловена „Перспектива за заедничка иднина: процесот на пристапување на Северна Македонија и односите ЕУ-Турција“. Акцентот на Европската […]

За оптимизација на училишната мрежа веќе 10 општини со готови планови


План за оптимизација на училишната мрежа веќе изработија 10 општини. Процесот продолжува кај 22 општини. Локалните самоуправи ја разбираат и ја поддржуваат oптимизацијата, којашто е одговор и на нивните барања и заложбите на ЗЕЛС за пообјективна распределба на блок дотациите. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната седница на Управниот […]

Власта се обидува да го партизира Советот за медиуми


Алијансата за Албанците обвини денес дека власта се обидува да го партизира Советот за медиуми преку именување партиски кадри во ова тело.  „По обидот за преземање на Советот на обвинители, сега партиите од коалицијата ВЛЕН, во соработка со ВМРО, сакаат да го преземат и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни дејности, со двајца целосни […]

Здружението на инженери бара во Буџетот за 2025 година да се предвидат средства за изградба на „Чебрен“


Здружението на инженери денеска преку соопштение побара од надлежните во Буџетот за 2025 година да се предвидат средства за почеток на изградбата на реверзибилната хидроцентрала Чебрен, позната како „Проект Чебрен“. Во барањето доставено и до медиумите, се вели дека во изминатите две децении, овој проект постојано се вклучуваше во изборните програми на најголемите политички партии, […]

Парите од унгарскиот кредит сѐ уште не се користат, лежат на буџетска сметка


Средствата од унгарскиот заем во моментот се уште се на сметката и не се користат. На буџетската сметка има суфицит, а тоа резултира со помало задолжување на домашниот пазар од планираното. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Kочоска во гостување во 360 Степени. „Средствата од унгарскиот заем се се уште на сметката и во […]

ЕУ бара „Епл“ да прекине со дискриминирање на европските потрошувачи врз основа на местото на живеење


Европската Мрежа за соработка во заштитата на потрошувачите (ЦПЦ) и Европската комисија по заеднички спроведената истрага упатија барање до компанијата „Епл“ да прекине со праксата на ограничувања на пристапот до нејзините онлајн платформи врз основа на географски пристап, со што незаконски ги дискриминираат европските потрошувачи врз основа на нивното место на живеење.  Како што соопшти […]

Скандал во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ спречи расправа за сертификатот на Христовски


  Обидот да се дознае конечно има ли лажен сертификат или не новоименуваниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, пропадна во собраниската Комисија за надзор на работата на безбедносните служби. Претставниците на владејачката коалиција не само што бараа дневниот ред, на кој беше само „Информацијата за незаконското именување на Бојан Христовски за директор […]

Камионџија загина на автопатот Демир Капија – Гевгелија


Педесет и четиригодишен возач од Скопје трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на автопатот Демир Капија-Гевгелија, после првиот тунел. Според информациите од полицијата, возачот З.К. вчера, управувајќи комбе со приколка удрил во заштитна ограда. Починал на самото место. Извршен е увид, а телото е дадено на обдукција. 

СДСМ го прашува Мицкоски каде е ветената милијарда евра за намалување на загадувањето


  Загадувањето на повеќе градови во државава повторно стана жешка политичка тема, освен што е здравствена. СДСМ го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека им ветувал на граѓаните борба против загадувањето, а сега не прави ништо. „Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Платформа 1198, стои дека приоритетни програмски определби на пладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во областа на заштитата на животната […]

Струјата, сепак, ќе поскапи. Најмногу до три отсто


  На неколку дена пред доставување на понудата на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за цената на електрична енергија по која ќе ја испорачува до универзалниот снабдувач ЕВН хоум, премиерот Христијан Мицкоски денеска направи чекор назад од неговите поранешни изјави и посредно најави дека струјата ќе поскапи од 1 јануари, но не повеќе од три […]

Обвинителот Хајрулахи тврди дека истрагата против него била за да се замолчи и заплаши


  Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, кој од вчера е суспендиран од функцијата, денеска на прес-конференција пред Обвинителството, обвини дека кривичната пријава против него поднесена од страна на Републичкиот јавен обвинител, има тенденцијата да го отстрани и замолчи, како и да ги заплаши и другите колеги кои што постапуваат согласно […]

Земјава со експертска помош од ЕУ и ЕУРОСТАТ ќе ги разгледува можностите за пресметка на медијална плата


Земјава со експертска помош од ЕУ и ЕУРОСТАТ ќе ги разгледува можностите за пресметка на медијална плата, рече денеска директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков.  Одговорајќи на новинарски прашања во однос на медијалната плата, Станков најави и потпишување меморандум за соработка со Управата за јавни приходи (УЈП).  -Медијалната плата е важен индикатор за […]

Мицкоски планира да го исчисти воздухот со когенеративни централи – во потрага е по партнери


За шеесетина проценти почист воздух ќе дишат македонските граѓани, но за три до четири години од сега, ако навистина се изградат планираните когенеративни централи, кои паралелно би произведувале електрична енергија и гас, најавува премиерот Христијан Мицкоски. Прашан што планираат да преземат за почист воздух, за што опозицијата ги обвинува дека ништо не се прави, Мицкоски […]

Потпишани договорите за државна помош на германско холандската инвестиција Бреинчајлд


Премиерот Христијан Мицкоски и сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел денеска потпишаа договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти. Станува збор за компанијата Бреинчајлд, која е формирана како заедничко вложување на група инвеститори од Германија и Холандија, кои креираат глобален производител на висококвалитетна спортска опрема за спортови на вода и ветер.  […]

Почина влијателниот грчки бизнисмен Вардис Вардинојанис


 На 91-годишна возраст денеска почина Вардис Вардинојанис – грчки бизнисмен и основач на истоимената економска групација, една од највлијателните фактори во грчката економија, објави АНА-МПА, повикувајќи се на соопштение од неговото семејство. Вардинојанис е роден во 1933 година во Ретимно, Крит. Тој завршил воена поморска академија и служел во морнарицата. Беше еден од основачите на […]

Платформата на СДСМ ќе биде насочена кон економијата и платите


  СДСМ ја завршува првата фаза од процесот на консолидација со избор на нови делегати, претседатели на општински организации и подготовките за конгресот на партијата.  Лидерот на партијата, Венко Филипче, на регионалната средба во Струга со општинските организации од тој регион изјави дека бил  задоволен сум од изборот на новите раководства и претседатели на општински […]

Денеска и утре дожд, од четврток снег на повисоките места


До петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи со променлив интензитет. Денес во вечерните часови, во текот на ноќта и утре локални врнежи од дожд ќе има во јужните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла, информира УХМР. Во четврток наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), а поради продор […]

Ова овошје во комбинација со лекови може да предизвика труење


Ако земате лекови за крвен притисок, антидепресиви, лекови за рак, лекови за срце или антибиотици, исфрлете го ова овошје од вашата исхрана. Станува збор за грејпфрут кој содржи хемикалии фуранокумарин кои ги спречуваат ензимите да го разградат лекот во цревата, што може да го удвои или дури тројно дејството на лекот и на тој начин […]

Расчистени снежните наноси, сите локални патишта и до највисоките населени места во Македонска Каменица се проодни


По вчерашните и синоќешните врнежи од снег, екипи ангажирани од општина Македонска Каменица и екипите на Јавното претпријатие „Камена Река“ се на терен и успешно ги вршат активностите за расчистување на снежните наноси. Сите локални патишта, вклучително и оние што водат до најоддалечените и највисоките населени места во општината, се проодни и расчистени.   – Екипите, […]

Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац


Тежок инцидент се случи вчера во Урошевац, во кој се избодени четири лица, две девојчиња помлади од 18 години и две лица на возраст од околу 29 години. Тие биле нападнати од страна на едно лице со нож. Под сè уште неразјаснети околности, 59-годишниот маж со нож избодел четворица случајни минувачи, две девојчиња помлади од […]