Меланија Трамп нема да пие проштален чај со Џил Бајден ?


Меланија Трамп не се очекува да присуствува на традиционалниот состанок во Белата куќа со првата дама Џил Бајден, изјавија извори запознаени со нејзините планови. Тоа е одлука што ја нагласува долгогодишната подготвеност на Меланија Трамп да ја отфрли традицијата додека се подготвува повторно да ја преземе улогата на прва дама во Белата куќа. Изворите наведоа […]

Силвана Блажевска е нова в.д. директорка на „Стоби“


Силвана Блажевска е нова в.д.  директорка на Националната установа „Стоби“, наш најголем археолошки локалитет. Таа доаѓа на местото на досегашниот директор, Спасе Перовски. Блажевска, која е именувана на оваа позиција од министерот за култура, Зоран Љутков, е доктор по археолошки науки, вработена како кустос советник за архитектонска пластика и скулптура. Таа и во минатото беше […]

Текстилците бараат побрзо враќање на средствата од ДДВ


Текстилниот кластер на Управниот одбор одржан на 11.11.2024 со присуство на 11 членови излезе со следното соопштение за јавноста: Текстилната индустрија е важен сегмент за економијата на Република Северна Македонија која вработува над 40.000 работници и е втора извозна гранка после металната индустрија со вкупен извоз од над 500 милиони евра. Развојот на гранката е […]

ЗНМ ја осудува непримерната комуникација кон новинарот Срѓан Стојанчов


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја изразува својата загриженост и ja осудува секоја форма на непримерна комуникација или јавен притисок кон новинарот Срѓан Стојанчов од ТВ Телма, кој известуваше за процесот на избор на кандидати за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Непримерната и групна комуникација следеше по објавата […]

Силни турбуленции на летот на „Луфтханза“ за Франкфурт, повредени 11 лица


Единаесет лица се повредени кога авион на Луфтханза од Буенос Аирес до Франкфурт беше погоден од силни турбуленции над Атлантикот, соопшти во вторникот авиокомпанијата. „Пет патници и шест членови на екипажот претрпеа главно полесни повреди“, изјави портпаролот на Луфтханза за Ројтерс, потврдувајќи го извештајот на новинската агенција ДПА. „Безбедноста на летот во ниту еден момент […]

Стармер ќе го повика Бајден да одобри пакет помош од 20 милијарди долари за Украина


Британскиот премиер Кир Стармер притиска за директни разговори со американскиот претседател Џо Бајден и ќе го повика следната недела да одобри пакет помош од 20 милијарди долари за Украина, пишува Телеграф. Пред враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, британскиот премиер се надева дека ќе разговара со актуелниот претседател на САД и ќе се обиде […]

Ахмети најавува бунт ако се „чепне“ албанскиот јазик


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, порача дека сите Албанци ќе се кренат на нозе ако се чепне албанскиот јазик и дека нема да толерираат да се уништат достигнувањата што ги постигнале со многу крв. Воинствената реторика и притисокот на Ахмети кон власта и судството се засилува како што се наближува тајмингот кога Уставниот суд треба […]

Татко повеќе од една година ја силувал сопствената малолетна ќерка во Скопје


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое доказите упатуваат на основано сомнение дека сторил кривични дела – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 […]

Македонија ќе биде ол рајт


Конечно можеме да здивнеме, Македонија ќе биде ол рајт. По големата победа на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори во Соединетите Американски Држави и по средбата на премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на Франција Емануел Макрон ќе се оствари сѐ што ветија, а не можеа да остварат „велепредавниците“ на македонските национални и државни интереси, поради успешните  блокади на […]

Ќе се формира „Иноваториум – клуб на напредни знаења и вештини“ наменет за ученици од основните училишта


Меморандум за соработка за формирање „Иноваториум – клуб на напредни знаења и вештини“  за млади потпишале денеска Титан Цементарница УСЈЕ и Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ Скопје. Клубот ќе биде наменет за учениците од основите училишта кои сакаат да стекнат нови вештини и знаења од областа на СТЕМ-науките (математика, технологија, инженерство и техника). Со потпишаниот меморандум […]

Сиљановска побара климатската акција да се спроведе по принципот pacta sunt servanda


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова при обраќањето на климатскиот самит КОП29 во Баку, Азербејџан, рече дека ни треба „мировен договор, природен договор, за да престанеме да ја третираме природата како противник и да почнеме да се однесуваме кон неа како кон партнер. Парискиот договор, целите за одржлив развој се основата на тој мировен договор, на тој […]

Сиљановска врати седум амбасадори, меѓу нив и Дане Талевски


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша укази за отповикување на седум амбасадори, меѓу кои и Дане Талески, македонскиот амбасадор во НАТО. Според одлуката, Талески ќе остане амбасадор до 15 јануари 2025 година. Реално до тој датум на Талески му изминува четиригодишниот мандат на функцијата, а веројатно и другите се објавени од истата причина.  Се работи за вонредни […]

Алиев ги пречека со навреди западните лидери


БАКУ, Азербејџан – Нафтениот автократ и домаќин на овогодинешните разговори за климата COP29, Илхам Алиев, го искористи своето воведно обраќање за да им замери на „лицемерните“ западни влади кои купуваат од него гас и му држат предавања за загадување на планетата. „За жал, двојните стандарди, навиката да се држат предавања на други земји и политичкото […]

Шпанија се соочува со нови врнежи додека се уште трае потрагата по 23 исчезнати луѓе


 Шпанската метеоролошка служба AEMET издаде обновени предупредувања за невреме во поголемиот дел од земјата од денеска до четврток, две недели откако дождовите и поплавите однесоа повеќе од 220 животи, повеќето од нив околу источниот град Валенсија. Властите на Валенсија го намалија бројот на исчезнати на 23 од 32, откако продолжија со пребарувањата главно во морето […]

СДСМ тврди дека Мицкоски ја намалил вредноста на инвестицијата на Бреинчајлд за 5 милиони евра


СДСМ денеска во соопштение до медиумите тврди дека инвестицијата на Бреинчајлд во индустриската зона Жабени, која беше најавена за време на владеењето на СДСМ, од првично планираните 13,5 милиони евра и околу 530 нови работни места, денес со потпис на премиерот Христијан Мицкоски е сведена на 8,5 милиони евра и едвај 200 вработувања. „ВМРО-ДПМНЕ ја намали […]

12 ноември во историјата – Јуриј Андропов ја презеде власта во Советскиот Сојуз


  По смртта на долгогодишниот советски лидер Леонид Брежнев во 1982 два дена претходно, Јуриј Андропов е избран за нов генерален секретар на Комунистичката партија во Советскиот Сојуз. Тоа беше кулминација на долгиот, но стабилен марш по хиерархијата на Комунистичката партија за Андропов. Роден во Русија во 1914 година, во 1930-тите Андропов беше активен учесник […]

Анализа: Како да се управува со био-отпадот од винската индустрија во Тиквешкиот регион


Сеопфатна анализа на јазови на правната и политичката рамка која ги одредува потребите за развој на модел на циркуларна економија во Тиквешкиот регион, идентификуваше критични области за подобрување во управувањето со био-отпад од производство на грозје и вино во Тиквешкиот регион. Документот кој е развиен во рамки на проектот „Развој на управување со органски отпад […]

„Нафтата е подарок од господ“: Претседателот на Азербејџан на отворањето на климатскиот самит


  БАКУ, Азербејџан – Автократот на нафтената држава и домаќин на овогодинешните разговори за климата КОП29, Илхам Алиев, го искористи своето воведно обраќање им забележа на западните влади дека се лицемерни кои купуваат од него гас гас и му држат предавања за загревање на планетата. „За жал, двојните стандарди, навиката да се држат предавања на […]

Бесплатна градинка за децата Роми од ранливи семејства во „Раде Јовчевски – Корчагин“


Општина Центар продолжува со својата посветеност за создавање поинклузивно општество за сите граѓани. И оваа година, општината запишува 20 дечиња од ромска националност кои доаѓаат од згрижувачки семејства или приматели на социјална помош на возраст од 3 до 6 години во градинката „Раде Јовчевски – Корчагин“. Како дел од проектот „Инклузија на деца Роми во […]

Воената болница во Скопје – врсник со слободата, слави 80 години


По повод 80 години од ослободувањето на градот Скопје добро е да се потсетиме на неколку факти за основањето, развојот и транзицијата на „Воената болница Скопје“ – врсник со ослободувањето во 1944 година. По конечното ослободување на Скопје, додека сеуште траеше Втората светска војна, донесена е одлука за основање и именувана е „Воена болница Скопје“. […]