На Филипините им се приближува тајфунот Усаги, петта голема бура за три недели


Петтата голема бура во последните три недели, тајфунот Усаги, денеска се приближи до Филипините, што предизвика нова масовна евакуација на населението и барање од Обединетите нации за итни средства за помош на владата да ја олесни ситуацијата во тешко погодените области.  Тајфунот Усаги, со ветрови од 185 километри на час, се очекува денеска да го […]

Македонските фудбалери ја пречекуваат Летонија


Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува настапите во Лигата на нации. Противник на „црвено-жолтите“ во 5. коло од четвртата група на Ц-сегментот е селекцијата на Летонија. Голманот Столе Димитриевски посакува да одигра уште еден натпревар без примен гол. – Сакам и по овој натпревар да останам со чиста мрежа. Кога нагласувам на прес-конференција дека сакам чиста […]

Меланија Трамп нема да се пресели во Вашингтон


Сопругата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Меланија нема да се пресели во Вашингтон за време на вториот мандат на нејзиниот сопруг, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на повеќе неименувани извори. Тие истакнаа дека во тек се дискусии за тоа како и каде точно ќе го поминува времето за време на вториот мандат на Трамп. Се […]

Републиканците во САД го освоија мнозинството во Претставничкиот дом и го контролираат Сенатот


Републиканците освоија доволно места за да ја задржат контролата врз Претставничкиот дом, формирајќи обединета влада контролирана од Републиканската партија во Вашингтон, јави Еј-Би-Си. Се предвидува дека републиканците ќе го достигнат прагот од 218 места и мнозинство во Претставничкиот дом, а претходно го потврдија мнозинството во Сенатот, каде што исто така освоија најмалку 52 места, а […]

Пентагон и воените кругови шокирани од предлогот на Трамп водителот на Фокс њуз да биде секретар за одбрана


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го запрепасти Пентагон и пошироките кругови во одбранбениот свет со номинирање на водителот на Фокс Њуз, Пит Хегсет за секретар за одбрана, бидејќи на чело на најголемата и најмоќната војска во светот доаѓа некој со недоволно искуство на глобалната сцена, наведуваат американски медиуми. Одлуката на републиканецот Трамп да го направи […]

Гувернери на државите во САД создадоа група за да се спротивстават на политиките на Трамп


 Гувернерите на Илиноис и Колорадо рекоа дека ќе копретседаваат со коалиција од претежно демократски држави кои ќе се борат против политиките што новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги продолжи. Со нивната група „Гувернери во одбрана на демократијата“, демократите Ј.Б. Прицкер од Илиноис и Џаред Полис од Колорадо им се придружуваат на јавните […]

Француското обвинителство бара затворска казна за Марин Ле Пен за проневера


Јавниот обвинител синоќа побара лидерката на француската десница Марин Ле Пен да биде прогласена за виновна за проневера, осудена на затвор и забрана да се кандидира за јавна функција, вклучително и за претседател на Франција, во следните пет години. Ле Пен, нејзината партија Национален митинг и уште 24 луѓе, меѓу кои и сегашни и поранешни […]

Средба на Бајден со Си в сабота веројатно последен пат за време на неговиот мандат како претседател на САД


Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден в сабота ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, најверојатно за последен пат во неговиот мандат, соопштија високи претставници на американската администрација. Средбата ќе се одржи во време кога Кина се подготвува за потенцијално заострување на односите со американската администрација во време на Доналд Трамп. Двајцата лидери се […]

Снег и дожд на Попова Шапка, магла на патните правци Страцин – Кратово и Велес – Катланово


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од дожд и снег се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Во останатите делови од државата врнежите се од дожд, соопшти ЈП Македонијапат. Намалена видливост поради појава на магла до 100метри има на патниот правец Страцин […]

Американски медиуми: Се очекува специјалниот советник Џек Смит да ги прекине истрагите против Трамп и да поднесе оставка


 Американскиот специјален обвинител Џек Смит, кој води два случаи против новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, се очекува да ги прекине истрагите и да поднесе оставка пред идниот претседател да го разреши, пренесоа американските медиуми, јави ДПА. За време на неговата кампања, Трамп рече дека ќе го разреши Смит „за две секунди“, но според информациите […]

Во Битола се слават 80 години од формирањето на Народен театар


Со изведба на претставата „Ѓоре Магаревски 80 години потоа“, вечер на големата сцена „Благој Стефановски-Баге“, во Битола ќе биде одбележан јубилејот 80 години од формирањето на битолскиот Народен театар. Во архивата на театарот е забележано дека на 14 ноември 1944 година во Битола изведена е првата претстава на македонски јазик, едночинката „Ѓоре Магаревски“ или „Петтоимениот […]

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Седницата, според веб страницата на Собранието, треба да почне во 11 часот.  Владата го усвои Предлог-буџетот на 29 октомври и во него економскиот раст е проектиран на ниво од 3,7 проеценти, буџетскиот дефицит на четири проценти од БДП, а инфлацијата […]

Без вода викенд населбата Морани


Поради уличен дефект, без вода од 08:00 часот ќе бидат корисниците од викенд населба Морани, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот.

Здравствен дом „Железничар“ се приклучува во кампањата за поголема свест за машкото здравје


Здравствен дом „Железничар“ денеска ќе се приклучи во кампањата за поголема свест за машкото здравје. Пред платото на установата, денеска ќе се допринесе во светската кампања за подигнување на свеста за заштита на машкото здравје – „Грижи се за себе“, со земање крв за ПСА (PSA), бесплатни скрининг тестови наменети за машката популација над 45 […]

Промоција на „И јас сум Сирма“ од Зоран Спасов Sоф во МКЦ


Новиот роман од Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовиран вечер во 20 часот во Младинскиот културен центар – Скопје. Книгата, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе ја промовира Татјана Алексиќ, а модераторка на настанот ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова. Специјална гостинка, во улога […]

Под слоганот „Време е за чај“ започнува четиридневниот Фестивал на чај


Под слоганот „Време е за чај“, на приземјето во Скопје Сити Мол, денеска започнува четиридневен „Фестивал на чај“, на кој ќе се претстават повеќе од 30 учесници. Фестивалот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција Природа“, во соработка со Скопје Сити Мол. Како што стои во соопштението на […]

Панел дебата „Регионална соработка и европска интеграција – Агендата на ЕУ за Западен Балкан“.


Во Тренинг центарот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска ќе биде одржана панел дискусија на тема „Регионална соработка и европска интеграција – Агендата на ЕУ за Западен Балкан“. На настанот кој е во рамки на иницијативата Катедра Аденауер 2024, ќе учествуваат претставници од академската и политичката сфера. Панел дискусијата ја организираат Фондацијата „Конрад Аденауер“, […]

Промоција на книгата „Со свои зборови: интервјуа (1985 ‒ 2023)“ од Сергеј Андреевски


Во Културно информативниот центар – Скопје, вечерва ќе се одржи промоција на книгата „Со свои зборови: интервјуа (1985 – 2023)“ од уметникот Сергеј Андреевски. Како што стои во соопштението на КИЦ, книгата претставува прошетка низ времето уште од самите почетоци на сликарската кариера на Андреевски и се состои од неговите лични ставови кон уметноста, животот […]

Ревија на наградувани македонски филмови во Белград


Во Културниот центар Пароброд од Белград, денеска започнува првата Ревија на македонскиот филм, посветена на наградуваните македонски филмови кои освоиле признанија на меѓународни фестивали. Како што се наведува во соопштението на организаторите, на манифестацијата ќе бидат прикажани документарци, играни филмови и класики од македонската кинематографија, а свои музички настапи ќе имаат „Пијан Славеј“ и „Новоградска“.  […]

Концерт на Роберт Бонфиљо – Паганини на усна хармоника со Филхармонија


 Оркестарот на Македонската филхармонија вечер со почеток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Наостри ги сетилата“ на кој како солист на усна хармоника ќе настапи Роберт Бонфиљо од САД, а диригент е Борјан Цанев. На програмата се дела „Музичка жртва“ од Стојче Тошевски, Концертот за усна хармоника и оркестар од Х. Вила –Лобос […]