Доходот во регионот и натаму е далеку од просекот на ЕУ, финансиските системи може да помогнат


Во изминативе неколку години имаше доходовна конвергенција во регионот на Западен Балкан, но таа се одвиваше побавно. За нејзиното забрзување од особена важност е справувањето со структурните пречки, за што е важна и поддршката од финансискиот систем. Ова го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите од регионот којашто се одржа во Тирана, Албанија, […]

Борел бара ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел наведувајќи ги како причина кршењето на човековите права за време на конфликтот во Појасот Газа, изјавија четворица неименувани европски дипломати кои го виделе писмото испратено од Борел во средата упатено до министерствата за надворешни работи […]

План за изградба на современи депонии има 15 години, за ниту една не е почната изградбата


Проценките во последниот Национален план за управување со отпад се дека во земјава има над 2.000 нелегални депонии, а педесет и четири нестандардни депонии распространети низ целата држава, ги трујат македонските граѓани. Но, и покрај овие бројки и натаму не почнува изградбата за петте планирани регионални современи центри и покрај тоа што е одобрен грант од Европскат […]

Експлозија во Ќерамидница – повторно на мета Штекли


Едно лице е повредено откако во двор од куќа во скопската населба Ќерамидница била фрлена експлозивна направа, информираат од Министерството за внатрешни работи за повеќе медиуми. Експозлијата, додаваат од МВР, се случила утринава во 9.20 часот. Повреденото лице било пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Неофицијално, утрово во дворот на семејна куќа во […]

Гала настан „Жените на Пучини“ во НОБ со најпопуларните арии


На 19 ноември  во 20 часот во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи ексклузивен гала настан, насловен како „Жените на Пучини“, во рамките на проектот „Месец на Пучини“.   Публиката ќе има единствена можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии од  големиот италијански композитор Џакомо Пучини. На […]

Прес – конференција на министерот за здравство Арбен Таравари (во живо)


Министерот за здравство Арбен Таравари, ќе одржи прес-конференција со претставници на Project Hope и BD по повод потпишувањето на договори со четири јавни здравствени установи за донација на перфузори.  

Една поинаква Нова година со Иван Босиљчиќ во НОБ


Започнете ја Новата 2025 година ексклузивно, со енергија, стил и уникатно искуство кое ќе ги надмине сите новогодишни прослави досега! Оваа година, Национална опера и балет и „Прагма продукција“ Ви нудат дочек кој е сѐ, само обичен не. Новогодишна ноќ под знакот на музиката, хуморот и незаборавната забава, со специјалното музичко кабаре шоу на Иван […]

Одрони на патот Делчево – М.Каменица кај село Очипала


Појава на одрони утрово се регистрирани на патот Делчево – Македонска Каменица во близина на с.Очипала. Од подружницата на Македонија Пат информираа дека одроните редовни се чистат и апелираа внимателно движење долж овој патен правец кој е дел од магистралата А3. -Знаеме дека  се работи за подрачје кое има склоност на вакви појави, а врнежите […]

„Пошта“ во константни загуби, ама платите на директорите ги зголемиле до 58 отсто


Континуираните загуби негативно се одразуваат на тековното и идно работење на друштвото, не овозможуваат негов развој и го доведуваат во прашање ефикасното, трајното, уредно и квалитетно вршење на дејноста како јавен оператор во внатрешниот и во меѓународниот поштенски сообраќај, се наведува во денеска објавениот конечен  ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија на АД за поштенски сообраќај […]

Јапонија не ја укина смртната казна


Владата на Јапонија, и покрај апелите на правните експерти, денеска го отфрли предлогот за укинување на смртната казна. – Владата смета дека е несоодветно да се укине. Смртната казна е неизбежна за лице кое извршило исклучително тешко и грозоморно злосторство, изјави владиниот секретар Јошимаса Хајаши. Комисија од 16 членови, меѓу кои и поранешни највисоки обвинители […]

Снегот веќе прави проблеми во сообраќајот во Босна и Херцеговина


Дождот и лапавицата што претпладнето го зафатија подрачјето на Босна и Херцеговина предизвикаа проблем на повеќе патни линии. Во градот Беговина (Пале-Јахорина) сообраќајот е во прекин поради снег и лоши временски услови за сите категории возила.  Исто така, во прекин е сообраќајот за сите категории возила на делницата Власеница-Хан Пијешак во Хан Поглед. На локациите […]

Во Кина прославена 30-годишнината од класикот „Пред дождот“ на Манчевски, ќе се прикажува и во Бразил и Словенија


Македонскиот светски признат филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, во чест на 30-годишнината од премиерата во 1994, изминатата недела беше прикажан во Сужу, Кина. Во организација на Државниот филмски архив на Кина, режисерот Манчевски со видео-обраќање го претстави „Пред дождот“ пред кинеската публика, а филмот имаше имаше три проекции за три дена проследени со […]

Гена Теодосиевска член на официјалното жири на Меѓународен фестивал во Амстердам (IDFA)


  На 37. Меѓународен фестивал на документарен филм во Амстердам (IDFA) што годинава се одржува од 14-24 ноември, на покана на уметничкиот директор Орва Нирабија, за член на официјалното жири за најдобар холандски филм е поканета новинарката и филмска критичарка од Македонија, Гена Теодосиевска, која со почит ги споделува сознанијата за исклучителноста на холанските филмски […]

Хороскопски знаци во кои сите се заљубуваат на прв поглед


На некои знаци е невозможно да се одолее. Проверете дали сте меѓу четирите ликови кои се токму такви. Риби Рибите секогаш на прво место ги ставаат своите чувства, не само своите, туку и туѓите. Тие се искрени, верни и посветени на партнерот, а нивната најубава доблест е сочувството бидејќи ќе му помогнат на партнерот да […]

Над 800 милиони луѓе во светот имаат дијабетес


 Повеќе од 800 милиони возрасни луѓе во светот имаат дијабетес, што е двојно повеќе од претходните процени, а повеќе од половина од нив на возраст од 30 и повеќе години не се лекуваат, покажа новото истражување на медицинскиот списание „Лансет“ (The Lancet). Во светот во 2022 година околу 828 милиони луѓе над 18 години биле […]

Дијабетичарите со писмо до Таравари – бараат грижа и за менталното здравје


Денеска, по повод Светскиот ден на дијабетесот 14 Ноември , дијабетичарите преку Инсулинска порта  и Баланс мк испратија  отворено писмно до министерот за здравство д-р Арбен Таравари, во кое бараат попишување и имплементација на Декларацијата за дијабетес, но да се посвети внимание и на физичката и менталната благосостојба на дијабетичарите.  Воедно, во сабота, на плоштадот […]

Доларот продолжува да расте, цената на нафтата паѓа


На пазарите на валути, вредноста на доларот продолжи да расте во однос на кошничката на валути. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава достигна 106,69 поени, највисоко ниво во една година, додека вчера во ова време беше 106,01 поен. Истовремено, курсот на доларот […]

(Видео) Во Шпанија синоќа се спасуваа луѓе, по улиците порои


Нема повеќе црвени предупредувања во ниту еден регион на Шпанија, на сила е само портокалово во западниот дел на Андалузија и на брегот на Валенсија, каде се очекуваат дополнителни намалувања на предупредувањата. Но, во текот на ноќта, службите за итни случаи беа во акција додека пороите се слеваа низ улиците Во Валенсија се уште се […]

Златото потона на најниско ниво во последните два месеци


Цените на златото во четвртокот го продолжија својот пад на речиси двомесечен минимум, поради расположението за ризик и додека доларот продолжува да зајакнува по изборната победа на Доналд Трамп минатата недела. Точните цени на жолтиот метал паднаа за речиси 7% од минатонеделните изборни резултати на 2.559,2 долари за унца. Фјучерсите на златото на Њујоршката берза […]

Украина негира дека планира да развие нуклеарно оружје


Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Георгиј Тихи, го демантираше написот на „Тајмс“ дека Украина може да направи нуклеарна бомба и рече дека Киев не планира да развива нуклеарно оружје. -Украина се придржува до НПТ (Договор за неширење нуклеарно оружје), ние не поседуваме, развиваме или имаме намера да создаваме нуклеарно оружје. Украина тесно […]