“Комити”: Миленко Неделковски не е достоен да биде директор на Вардар


Здружението за промоција на спортски активности 35 години Вардарци Скопје кое ги застапува навивачите на „црвено-црните“ Комити , побараа смена на актуелното раководство на ФК Вардар.Новиот сопственик на клубот Атила Бижен Жалили, за извршен директор на Вардар го назначи Миленко Неделковски, додека за неизвршни членови во раководството се именувани Владо Петровски, Александар Кузмановски и Борче […]

Никол Кидман во црвена тоалета го најави Божик на наградите GQ Men of the Year 2024


Никол Кидман знае како да ја изненади публиката со својот извонреден стил. Со текот на годините, оскаровката успешно ги привлекува погледите на модните ентузијасти. Неодамна, таа го постигна ефектот со нејзината црвена тоалета на Balenciaga за наградите GQ Men of the Year 2024. Кидман носеше ансамбл до подот, кој се претопи со црвениот тепих. Наметката […]

Лијам Пејн погребан во Лондон во присуство на семејството и пријателите (фото)


Семејството и пријателите на ѕвездата на One Direction, Лиам Пејн, присуствуваа на погребот на пејачот, нешто повеќе од еден месец откако тој почина на 31-годишна возраст. Приватниот погреб се одржа денес во Бакингемшир, северозападно од Лондон. Музичарот почина откако падна од балкон на третиот кат на хотел во Буенос Аирес, Аргентина, во октомври. Мала толпа […]

Мицкоски „можеби“ има над 80 пратеници, ќе ги преброи кога ќе му затребаат


Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот ќе се покаже во пракса, изјави денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, запрашан за тоа кои се пратениците што го поддржуваат мнозинството во Парламентот.  -Дозволете ми малку да ве корегирам, јас таму не реков дека имаме 80 пратеника, туку реков дека можеби имаме и […]

Мицкоски за Лутник: Македонската економија има пријатели во најмоќната економија на светот


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски очекува позитивни моменти од меѓудржавната соработка на земјава и САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп го назначи  Хауард Лутник за секретар за трговија во американската Влада, изјави денеска премиерот одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција по седницата на Владата под слоганот „Слушнете ја иднината“ по повод Светскиот ден на детето. […]

Рудник од Македонска Каменица и одговорен од Велика Британија заработија кривична за загадување


 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево до Основното јавно обвинителство Кочани, поднела кривична пријава против правно лице – рудник од Македонска Каменица и против К.Б.К.(57) од Велика Британија, со дозвола за привремен престој во Македонска Каменица, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загадување на животната средина и […]

Трамп го постави доктор Оз да биде задолжен за здравственото осигурување


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека го избрал познатиот ТВ лекар Мехмет Оз да ја води огромната програма за јавно здравствено осигурување во Америка – федералната агенција Центри за Медикер и Медикејд услуги (CMS). Оз, познат како „Д-р Оз“, неуспешно се кандидираше за Сенатот на САД во 2022 година. Трамп, кој го поддржа во […]

Лабина Митевска ја доби наградата на Еуримаж за меѓународни копродукции


Македонската продуцентка и актерка Лабина Митевска е добитник на годинешната Еуримаж награда за Меѓународни копрудкции од Еуримаж и Европската Филмска Академија. Лабина Митевска е еден од основачите на семејната продуцентска куќа Сестри и Брат Митевски од Скопје. “Оваа награда ѝ се доделува на Лабина Митевска како почит кон дарбата на една семејна продукција, страстно посветена на […]

20 ноември во историјата – Почнаа Нирнбершките процеси


  На 24 високи нацисти почна да им се суди им се суди на 20 ноември 1945 година во Нирнберг, Германија, за злосторствата извршени за време на Втората светска војна. Нирнбершките судења ги водеше меѓународен трибунал составен од претставници на САД, Советскиот Сојуз, Франција и Велика Британија. Тоа беше прво судење од ваков вид во […]

Утре избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво


Агенцијата за поддршка на претприемништвото во рамките на одбележувањето на Европската недела на претприемништво, утре (21 ноември) организира Избор на најдобар ментор за 2023 година – Mentor Awards 2023, кој има за цел да го препознае и награди најдобриот ментор. Настанот е организиран како дел од програмата на Агенцијата и има за цел да го […]

Западни амбасади во Киев се затвораат поради опасност од руски напад


  Американската и некои други западни амбасади во Киев соопштија дека ќе останат затворени во среда од безбедносни причини, при што американската делегација соопшти дека добила предупредување за потенцијално значаен руски воздушен напад врз украинскиот главен град. Превентивниот чекор дојде откако руските власти ветија одговор на одлуката на претседателот Џо Бајден да ѝ дозволи на […]

Почнува кампањата „Сите права за сите деца“


На Светскиот ден на детето – 20 Ноември, Фондацијата за образовни и културни инцијативи „Чекор по чекор“ и Народниот правобранител во Северна Македонија почнуваат кампања „Сите права за сите деца“ со подготвено едукативно видео за правата на децата.  Како што соопшти Фондацијата, видеокампањата е дел од проектот „Децата на 1-во место!“, финансиран од Европската Унија, […]

Момчето-убиец од Белград доби статус на оштетен


Ирина Боровиќ, бранителот на Миљана и Владимир Кечмановиќ, родителите на момчето кое изврши масовно убиство во училиштето, изјави дека малолетникот од денеска има статус на жртва во судската постапка против неговите родители. Како што беше кажано, момчето убиец добило статус на оштетен бидејќи неговите родители биле обвинети за кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице, […]

Францускиот јазик да се изучува во центарските училишта – не само во „Димитар Миладинов“


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска оствари пријателска и конструктивна средба со амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер, каде се разговарало за интензивирање на соработката помеѓу Северна Македонија и Франција, односно учениците во центарските училишта да го изучуваат францускиот јазик. „Со амбасадорот Ле Риголер разговаравме за интензивирање на соработката, особено во поглед на промоцијата […]

ДСЗИ ја казни Детска клиника со 5.200 евра оти специјализанти прегледуваат во име на дежурни лекари


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска извршил инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје, а откако биле откриени недостатоци, најавен е прекршочен платен налог. Како што попладнево информираат од ДСЗИ, на денешниот контролен инспекциски надзор во Универзитетската клиника за детски болести, по изминати рокови за постапување по наложени мерки со издадено решение, констатирано било […]

РКЕ: Издадени 254 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори


Од јануари заклучно со 31 октомври 2024 година Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) има издадено лиценци за нови фотоволтаични централи со вкупно инсталирана моќност од скоро 272 мегавати. Согласно РКЕ, за десет месеци низ регулаторниот филтер поминати се вкупно 254 барања од приватни инвеститори кои ја […]

„Хnula.mk“ – нова онлајн дестинација за врвна технологија и фитнес опрема во Македонија


xnula.mk е новата е-продавница специјализирана за продажба на апарати за домаќинство и фитнес опрема од реномирани и светски познати брендови. Доколку сакате брзо, безбедно и едноставно онлајн купување, кое ќе ви ги донесе најпосакуваните брендови директно до вашиот дом, и притоа ќе ви заштеди време, новата онлајн дестинација xnula.mk, ги нуди сите предности на онлајн […]

Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 62.021 денари


 Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец ноември 2024 година изнесува 62 021,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија.  Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец ноември изнесува 77 396,00 денари. Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година која изнесува 61 249,00 денари е зголемена за 772,00 […]

Мицкоски ѝ се јавил на Шекеринска, најави соработка во интерес на државата


  Премиерот Христијан Мицкоски, по 24-часовен молк, соопшти дека ѝ се јавил на Радмила Шекеринска и ѝ го честитал именувањето за заменик-генерален секретар на НАТО.  „Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, […]

Судскиот совет ја промени ранг листата за избор на судии за Апелационен суд Битола


Судскиот совет на денешната 505. седница ја промени ранг листата на кандидатите за избор на судии за Апелациониот суд Битола, по поднесена жалба од страна на судијата Кирил Јовановски од Основниот суд Битола. Како што беше посочено на денешната седница, поради техничка грешка во пресметката при бодирањето на судијата му биле скратени пет бода, со […]