Двајца 18-годишни средношколци приведени поради напад врз ученик од истото училиште


 СВР Тетово информира дека попладнево приведени се двајца средношколци на 18 години поради напад врз ученик од истото училиште. Нападнатиот ученик е малолетен, а поради повредите бил префрлен во ургентен центар Тетово за укажување на лекарска помош. -Денеска (20 ноември) во 15.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека во угостителски објект пред средно училиште […]

Легендарните К-15 се враќаат на екраните ?


Легендарното хумористично ТВ шоу К-15,  несомнено најпопуларното телевизиско шоу во историјата на независна Македонија , составено од триото Бранко Огњановски, Љупчо Бубо Каров и Васко Тодоров се враќа на екраните наскоро. По повод 30 години од нивното емитување, оваа информација денес на Инстаграм ја сподели Бранко Огњановски попознат како Миле Паника, а повеќе детали најави […]

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје


Состојбата во град Скопје е алармантна. Градските улици се гушат во смет, градскиот превоз не функционира, а градот е оставен без основните услуги што ги заслужуваат граѓаните.  Градот реално се наоѓа во криза и побарав од советничката група на СДСМ да иницира итна седница на Советот на Град Скопје, најави претседателот на СДСМ, д-р Венко […]

Италијанска гала магија со „Жените на Пучини“ во НОБ (галерија)


Вчеравечер, публиката имаше ретка привилегија да биде дел од еден навистина незаборавен музички настан – гала вечер „Жените на Пучини” посветена на композиторот Џакомо Пучини. Емоциите во фоајето на Националната опера и балет беа видливи, бидејќи магијата на неговите композиции оживеа преку изведбите на врвните оперски солистки кои го оставија секој присутен без здив. Единаесет […]

Уставен суд поведе постапка за солидарниот данок, ќе враќа ли државата 50 милиони евра


Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за Законот за данок на солидарност, соопштија од Уставниот суд.   Судот во оваа фаза од постапката ги прифати  дел од наводите во иницијативите на пет подносители како основани.  Судот изрази сомнеж дека оспорениот Закон ја повредува темелната вредност владеење на правото уредена со членот 8 став 1 […]

Светска банка: Западниот Балкан мора да вложи милијарди за заштита од климатските промени


Во следните пет до десет години, шесте земји од Западен Балкан мора да инвестираат 37 милијарди долари во програми кои ќе обезбедат справување со климатските промени доколку сакаат да го заштитат своето население и да избегнат штети кои можат значително да влијаат на нивниот економски раст, предупреди денеска Светската банка (СБ). Во редовниот извештај за […]

Затвор за 13 обвинети од „велешката група“ за сексуална злоупотреба на 14-годишно девојче


Основниот кривичен суд Скопје попладнево ја објави пресудата за предметот против 13 лица обвинети за кривични дела Трговија со малолетно дете, Силување и Прикажување порнографски материјали на малолетник. Се работи за случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва. Судот соопшти дека сите 13 обвинети се виновни за кривичните дела […]

Шефот на „Фолксваген“ најплатен менаџер во Германија во 2023 година


Најплатен менаџер во Германија во 2023 година е првиот човек на „Фолксваген“, Оливер Блуме, кој заработил околу 10,3 милиони евра и покрај кризата што ја зафати автомобилската индустрија во Германија, пишува Дојче веле. Така тој стана првиот шеф на компанија DAX чија годишна плата надмина 10 милиони евра. На второ место е Бјорн Гулден од […]

Усвоен амандман за пренамена на финансиски средства за Собранискиот канал


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжи амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година. Пратеникот Сали Мурати поднесе група амандмани со барања за обезбедување финансиски средства од 11 милиони денари за зајакнување на институционалните капацитети на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, со барања за нови вработувања во институцијата и финансиска конструкција […]

Грците доаѓаат на грчко гиро во Битола


  БИТОЛА – Иако звучи по малку парадоксално, но Грците од северот на нивната држава веќе доаѓаат на грчко гиро во Битола. Познат угостител од Лерин, кај кого битолчани чекаат редици за да јадат гиро и други грчки специјалитети кога одеа на шопинг или прошетка во Лерин, сега отвори свој угостителски дуќан во новиот трговски […]

Град Скопје за градскиот превоз: Мицкоски креира кризи во јавните претпријатија


Од Град Скопје попладнево признаа дека нафта за јавното сообраќајно претпријатие нема, а за тоа виновен е премиерот Христијан Мицкоски којс, според нив креира кризи во јавните претпријатија. Но, сепак, ни збор нема во соопштението дали воопшто попладнево ќе има автобуси, дали граѓаните да чекаат или секој да се снајде како знае и умее.    […]

Герила акција: Скопје 2024 – Европска претстолнина на ѓубрето


Скопје 2024 – Европска претстолнина на ѓубрето, место каде ѓубре вируси и бактерии оро водат. Оваа порака ја испраќаат од Центарот за современи уметности CAC преку спроведување на герила акција со цел подигнување на свеста за ѓубрето во нашиот главен град. „По не успешните обиди за Европска претстолнина на младите 2027 и закочениот процес на […]

М6 станува дел од глобалната иницијатива за среќа на работно место


Преку организација на настанот „Среќен тим, успешен бизнис: Моќта на здрава работна средина“, М6 едукативен центар го најави своето приклучување кон глобалната иницијатива за промоција на среќата и благосостојбата на работното место. Овој настан е посветен на важноста на среќата и благосостојбата на работното место, што е клучен фактор за успехот на секоја компанија во […]

Од попладнево ќе нема автобуси на ЈСП во Скопје – нема нафта


Од попладнево нема да има јавен превоз во Скопје оти нема гориво за автобусите. ЈСП „Скопје” има долг кон фирмата добавувач „Пуцко петрол” и поради тоа веќе не се испорачува нафта. Ќе можат да возат само автобусите на гас, односно 25 возила. Вработени во ЈСП за „СДК“ велат дека автобусите веќе почнуваат да се исклучуваат […]

Судењето за убиствата на Вања и Панче се заплеткува. Се менуваат изјави. Каде бил Палевски?


  Денешната писмена изјава на Влатко Кешишов, еден од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, може да го сврти наопаку целиот „процес на деценијата“. Кешишов преку затворот неочекувано достави изјава до судот со која го менува првичното тврдење дека Љупчо Палевски е извршител на убиствата. Кешишев во изјавата навел дека обвинетиот Велибор […]

Оливија Родриго е новиот глобален амбасадор на „Ланком“


Оливија Родриго,  21-годишната пејачка и кантавторка, актерка и ѕвезда на нејзиниот нов концертен филм Guts World Tour на Нетфликс, и добитник на Греми награди – додава уште еден ангажман на нејзината растечка листа на достигнувања. На 18 ноември, францускиот бренд за убавина Lancôme ја најави  Родриго за нов глобален амбасадор. „Прифаќањето на вашата индивидуалност е […]

Сојузот на стопански комори одбележа 20 години раст и развој


 Сојузот на стопански комори на Македонија одбележа 20 години постоење и делување во насока на креирање на подобро деловно опкружување за раст и развој на бизнисите во нашата земја. По тој повод беше организиран свечен настан кој се одржа во ресторан „Рагуза 360“ со присуство на високи претставници на државниот врв, претседателката на Р.Македонија Гордана […]

УЈП: Обврска на трговците е да ги прикажат попустите за Блек фрајдеј во фискалните сметки


Во пресрет на најавениот Блек фрајдеј (Black Friday) викенд, Управата за јавни приходи упатува препорака до сите даночни обврзници кои ќе применуваат попусти на цените на своите производи и услуги, истите да ги изразат и наведат при издавање на сметката, односно, пресметаниот данок на додадена вредност да биде наведен во сметката со новосоздадената цена. Даночните […]

Kога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата македонска држава


Петре М. Андреевски внесе нов бран во македонската книжевност. Неговата збирка „Дениција“ се смета за „златна книга“ на модернизмот и за химна на љубовта. Во неговите стихови се прелева љубовта кон жената и љубовта кон татковината. Тој вели „кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата македонска држава“. Тој успева многу суптилно, […]

Што ѝ порачаа децата на Владата на средбата со Мицкоски и министрите?


Денес, на Светскиот ден на детето, децата и адолесцентите ја предводеа дискусијата на средба со Владата на високо ниво, каде што ги споделија гледиштата за три мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатската криза, напредните технологии и демографските промени. Околу 45 деца на возраст од 13 до 17 години од целата земја се сретнаа со премиерот Христијан […]