Трамп ја номинира Пем Бонди за јавна обвинителка откако Мет Гец се повлече


Вашингтон – Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја номинираше ветеранската обвинителка Пем Бонди за нов јавен обвинител, неколку часа откако Мет Гец се повлече од можен кандидат. Бонди има долгогодишно искуство во спроведувањето на законот и претходно служеше како јавен обвинител на Флорида, јавија американските медиуми. Долгогодишниот сојузник на Трамп, Бонди беше дел од неговиот […]

Дојде Божик во замокот Виндзор (фото)


Откако официјално започна одбројувањето до Божиќ, британското кралско семејство веќе почна да влегува во празничниот дух украсувајќи ја својата гламурозна елка во замокот Виндзор.  Централниот дел на сезонскиот декор е Нордманова елка висока 20 метри, сместена во салата Свети Џорџ. Добиено е од Големиот парк Виндзор, а по завршувањето на божиќната сезона ќе биде повторно […]

Кланот Кенеди не дели исти ставови со Роберт Ф. Кенеди Помладиот


Керолин Кенеди, ќерката на Џон и Џеки Кенеди, моментално амбасадор на САД во Австралија, го прекина молкот за ставовите на нејзиниот братучед Роберт Ф. Кенеди Џуниор за вакцинирањето. „Мислам дека ставовите на Боби Кенеди за вакцините се опасни, но не мислам дека повеќето Американци ги делат“, рече таа во Националниот прес-клуб на Австралија, како одговор […]

За денеска најавено нормализирање на автобускиот превоз во Скопје


Според синоќешните најави, денеска се очекува да се нормализира автобускиот сообраќај во Скопје, откако вчера Владата донесе одлука на јавното сообраќајно претпријатие да му позајми нафта за следните седум дена од државните резерви.  Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје Драги Кушовски синоќа за МИА потврди дека нафтата пристигнува во базните станици на претпријатието во Автокоманда […]

Амбасадата на САД организира панел-дискусија на тема „Борба против корупцијата“


Амбасадата на САД, преку Програмата ОПДАТ на Министерството за правда на САД и УСАИД, денеска во 10 часот во „Александар палас“ ќе организира панел-дискусија со претставници од Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство, со цел подобрување на соработката во борбата против корупцијата. Од Амбасадата на САД најавија дека […]

Облачно со врнежи од дожд, ќе дува засилен јужен ветер


Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Во текот на ноќта врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа и на […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 22 ноември 2024 година, 327-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 39 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 32 минути, а ќе зајде во 16 часот и 7 минути. Денов трае 9 часа и 34 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите за нормализирање на состојбите во градот


Координаторите на советничките групи на Советот на Град Скопје, вечерва, на 15. вонредна седница постигнаа консензус и донесоа заклучок со којшто ја поздравија одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање […]

Севернокорејски генерал ранет во украински воздушен напад во областа Курск, тврди Волстрит џурнал


Севернокорејски генерал кој се борел со руските сили во областа Курск е ранет во неодамнешниот украински воздушен напад, соопштија западни претставници, пренесоа киевски медиуми. Потврдената жртва е првпат западни официјални лица да потврдат дека висок севернокорејски воен офицер е повреден во целосната инвазија откако тие пристигнаа пред неколку недели, објави Волстрит џурнал.

Овој скриен симптом на деменција може да се појави речиси 10 години пред другите


Губењето на сетилото за мирис не треба да го сфаќате како безопасна работа. Напротив, тоа може да биде ран симптом на деменција. „Откриено е дека идентификацијата на мирисот може да биде корисна алатка за предвидување на прогресијата од благо когнитивно оштетување до деменција предизвикана од Алцхајмерова болест“, изјави неврологот Фузија Сидики за Парад. Истражувачите одамна […]

Ракетата не беше интерконтинетална, туку нов балистички проектил, објасни Путин


  Владимир Путин рече дека Русија истрелала експериментална балистичка ракета со среден дострел на воена локација во украинскиот град Днипро и дека Москва „имала право“ да ги нападне западните земји кои му обезбедуваат на Киев оружје со долг дострел. Говорејќи за време на ненајавеното телевизиско обраќање до нацијата, Путин рече дека Русија ја тестирала новата […]

Прв чекор назад за Трамп, Мет Гец се откажа од номинацијата за јавен обвинител


  Мет Гец, поранешниот конгресмен од Флорида, во четвртокот се повлече од номинацијата да служи како јавенобвинител на Доналд Трамп, во услови на интензивно испитување на наводите за сексуално недолично однесување. Си тоа стави крај на кратката номинација на еден од најконтроверзните предлози за кабинетот на Трамп. По состанокот со сенаторите на Капитол Хил во […]

Жена почина во сообраќајна несреќа во Чаир


Женско лице денеска почина во скопски Чаир откако во неа удрило патничко возило „Сеат алтеа“ управувано од 19-годишна девојка од Скопје. Како што соопшти МВР, денеска во 18:43часот во СВР Скопје пријавено е дека на булеварот Х.Т.Карпош во Скопје патничко возило „Сеат алтеа” со скопски регистерски таблички, управувано од А.Џ. (19) од Скопје удрило во […]

Рама: Албанија од денеска дел од единствениот европски платен систем-голем чекор на патот кон ЕУ


Премиерот Еди Рама попладнево преку социјалната мрежа Х објави дека  Албанија денеска станала дел од единствениот европски платен систем. После ова, додава, сите албански дознаки од Европа во Албанија или обратно веќе “нема да имаат финансиски трошоци односно за нив нема да се плаќа провизија, почнувајќи од 1 јануари следната година”. -Уште еден голем чекор […]

Работниците од Македонија се најподготвени да се преселат заради работа


Колку работници од регионот се подготвени да се преселат на работа во странство? Кои се причините што не поттикнуваат на таков чекор? Дали е тоа трајно преселување или се уште се надеваме дека ќе се вратиме дома? Ова се само дел од прашањата што беа во анкета за време на овогодинешниот Регионален саем за вработување, […]

Македонските кошаркари поразени од Литванија во евроквалификациите


Македонската кошаркарска репрезентација загуби вечерва од Литванија во Скопје со 67-82 и го запиша вториот пораз во третиот натпревар во рамки на групата Х во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025. Во отсуство на неколку клучни играчи кои поради обврски во Евролигата и повреди не можеа да му бидат на располагање на селекторот Александар […]

НАСА објави нови прекрасни фотографии од Јупитер


Вселенското летало Џуно на НАСА помина огромно растојание во период од пет години за да стигне до орбитата на Јупитер, а долгото патување се исплатеше. Од 2016 година, инструментот JunoCam на вселенското летало Juno прави спектакуларни фотографии од гасниот гигант, а најновите не се исклучок и може да се каже дека се едни од најдобрите […]

Нафтата стигна до базните станици на ЈСП – изутрина нормализиран автобуски превоз во Скопје


Нафтата од државните резерви е на пат кон базните станици на Јавното сообраќајно претпријатие и се очекува утре изутрина да има нормализиран автобускиот превоз во Скопје, најави пред вонредната седница на Советот на Градот Скопје советникот од ВМРО-ДПМНЕ Мартин Стојановски.   – Според нашите информации, моментално се доставува нафтата до базите во Автокоманда и Ѓорче Петров, […]

САД воведе санкции и за најголемата досега несанкционирана руска банка


На третата по големина руска банка Гаспромбанк и нејзините шест странски филијали денеска беа воведени санкции од САД со цел да се намали способноста на Русија да ги избегне илјадниците санкции воведени од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Министерката за финансии Џенет Јелен рече дека санкциите против руската банка, која […]

Бугарските здруженија од Битола со спорт ги омекнуваат политичките тензии


  БИТОЛА – Бугарските здруженија од Битола играат „топло-ладно“ со своите агенди. Едни промовираат спорт, други култура и историја. Едни велат „заедно можеме“, други провоцираат со присвојување на делови од македонската историја. По настанот од почетокот на ноември кога во објектот на улицата „Рузвелтова“ во Битола седиште на новото здружение „Една роза“,  (или поранешното  „Ванчо […]