„Леонардо“ повторно ја одложи испораката на хеликоптери на Бугарија


Италијанската компанија „Леонардо“  повторно ги одложи двата медицински хеликоптери  за Бугарија, а санкцијата за тоа е половина милион лева, пишува БГНЕС. Едниот хеликоптер се уште е на монтажната лента и го чека склопувањето, а другиот е на тестирање. Во официјалната информација на компанијата, упатена до Министерството за здравство , се вели дека испораката на следните […]

Растот на германскиот БДП во третиот квартал е помал од првичната проценка


Германскиот бруто домашен производ (БДП) порасна во третиот квартал за 0,1 отсто во однос на вториот, покажуваат конечните податоци што денеска ги објави Државниот завод за статистика. Ова е за 0,1 процентен поен помалку од првичната проценка и дополнителен проблем за најсилната европска економија, пренесува француската новинска агенција АФП. Германската економија во третиот квартал беше […]

Азески во „Либерти“ и „Макстил“: Металуршкиот сектор е важен за целата економија


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, ги посети металуршките компании „Либерти АД Скопје“ и „Макстил АД Скопје“, сместени во индустрискиот комплекс Железара. Посетата имаше за цел да се продлабочи соработката со овој стратешки сектор и да се нагласи ангажманот на Комората како клучен партнер во поддршката на компаниите во нивните напори за […]

БГНЕС: Бугарија гради три приоритетни коридори за ЕУ, Скопје го саботира Коридорот 8


Бугарија напорно работи на три европски транспортни коридори. Ова конкретно за БГНЕС го изјавија од Министерството за транспорт и врски. Коментарот е одговор на тврдењата на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски, кој ја обвини Бугарија дека ги саботира плановите за европската транспортна мрежа, вклучувајќи го и Коридорот 8. „Во еден од неговите […]

Поранешниот министер Весиќ и сите уапсени поради падот на настрешницата денеска ќе бидат сослушани: судот одлучува за притвор


Сите кои вчера беа уапсени поради падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад денеска ќе бидат сослушани. После тоа судот дополнително ќе одлучува за евентуалното притворање. Потсетуваме, вчера Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека поради трагедијата во Нови Сад се уапсени и приведени 11 лица. Меѓу нив се поранешниот министер Горан […]

Промоција на „Една книга“ од Валентин Нешовски во Софија


Романот „Една книга“ од авторот  Валентин Нешовски ќе биде претставен денеска во Македонскиот културно-информативен центар во Софија. Како што соопштија од Македонскиот културно-информативен центар, романот е напишан со исклучително добра смисла за хумор, богата ерудиција, длабоки филозофски пораки и оригинална метафорика. Книгата ја издаде издавачката куќа од Бургас „Либра Скорп“ со финансиска поддршка на македонското […]

„Бакнежи на небото“: Иван Антоновски ќе промовира книга-сликовница за деца


„Сѐ убаво што постои на светов, создадено е од љубов.“ Со ова мото, денес ќе биде промовирана најновата македонска книга-сликовница за деца, зимската приказна „Бакнежи на небото“ на Иван Антоновски, со илустрации на Иванка НиБа, во издание на „Светулка“. Промоцијата ќе се одржи во културниот центар „Лабораториум“, во 18 часот. Промоторка на книгата-сликовница што веќе […]

Песков: На Русија ѝ требаат мигранти, Кремљ го поздравува нивното доаѓање


 На Русија ѝ се потребни мигранти за развој поради неповолната демографска ситуација, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Проблемот е што имаме многу напната демографска ситуација. Живееме во најголемата земја во светот, но нè има малку“, додаде портпаролот на Кремљ. На 12 ноември, Русија усвои закон со кој се забранува промовирање на начин на живот […]

Сиљановска Давкова лично на  Шекеринска ќе ѝ го честита изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО


Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска лично ќе ѝ го честита на Радмила Шекеринска назначувањето за заменик-генерална секретарка на НАТО. Како што објави претседателката на нејзината Фејсбук страница во средата остварила телефонски разговор со Шекеринска, во кој ја поканила на средба за да и го честита изборот. -Беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. […]

Најстудено и утрово во Берово со минус пет степени


Најстудено утрово е во Берово -5, на Попова Шапка се измерени -4, Во Скопје -2, а над нулата е само во Охрид 1 и во Претор и Дебар со 3 степени, соопшти УХМР. Најмногу дожд, пак, во изминатото деноноќие наврна во Лазарополе 15 литри на метар квадтарен. Во текот на ноќта и утрово преовладува променливо […]

Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху во Унгарија, нема да го почитуваме налогот за негово апсење


Премиерот Виктор Орбан рече дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија, додавајќи дека ќе гарантира дека налогот за апсење на Меѓународниот кривичен суд (МКС) против Нетанјаху „нема да се почитува“. Вчера, МКС издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, како и лидерот на […]

Дел од Карпош без вода


Поради ефект на приклучна цевка, без вода од 09:30 часот ќе бидат корисниците од улиците „Стокхломска“, „Његошева“, „Петар Драганов“, „Софиска“ и „Бриселска“ во општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Грешки со продолжениот кабел што може да предизвикаат пожар


Продолжните кабли не се дизајнирани да издржат прекумерни струјни оптоварувања, па постои ризик од прегревање и пожар доколку ги преоптоварите, предупредуваат пожарникарите. Кога телевизорот, компјутерот и светилката се веќе вклучени, дополнителното вклучување на електричниот радијатор може да доведе до пожар во домот. Повеќето производители на електрични радијатори препорачуваат директно поврзување со ѕиден штекер, наместо користење […]

Започна новогодишното украсување, Центар е прва општина што украсува


  Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека синоќа почна новогодишното украсување на улиците во Општина Центар. „И оваа година со празнично украсување внесуваме новогодишна магија во секое катче на нашата општина. Со внимателно одбрани декорации, елки, светлосни фигури и уникатни украси, целта е да создадеме атмосфера што ќе ги инспирира и обедини сите […]

Германците објавија план во случај на војна со Русија


Германија почна поинтензивно да работи на подготовките за можни кризни ситуации, вклучително и сценарија на војна кои директно ќе ја зафатат земјата. Според весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ), Бундесверот развил стратешки документ наречен „Операционен план Германија“, во кој се детализирани улогата на економијата и клучните инфраструктурни сектори во случај на вооружен конфликт. Еден од клучните […]

Животни принципи на хороскопските знаци!


Додека на некои им се најважни честа и чесноста, за другите слободата и независноста се свети. Откријте ги петте принципи кои ги водат сите знаци на Зодијакот. Овен Не вреди да се расправаш со мене. Подобро е да направите нешто, отколку подоцна да зажалите што не сте го направиле. Човекот секогаш останува млад ако неговиот […]

Залужни: Третата светска војна веќе започна


Валериј Залужни, украинскиот амбасадор во Велика Британија и поранешен врховен командант на вооружените сили на Украина, смета дека директното учество на автократските сојузници на Русија во војната против Украина укажува дека Третата светска војна веќе започнала. „Верувам дека во 2024 година можеме со сигурност да кажеме дека Третата светска војна започна. Причината за тоа е […]

Гвардиола по продолжување на договорот со Сити: Имам навистина посебно чувство за овој клуб


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој го продолжи договорот на чело на тимот за уште две сезони, изјави дека има посебни чувства кон овој фудбалски клуб. -Манчестер Сити ми значи многу. Ова е мојата деветта сезона овде. Доживеавме толку многу неверојатни моменти заедно. Имам навистина посебно чувство за овој клуб и затоа сум многу […]

Големиот ракетен пресврт на Бајден го комплицира потенцијалното западно дипломатско затоплување со Москва


Големата одлука на САД да и дозволи на Украина да истрела ракети со голем дострел длабоко во руска територија, го комплицираше потенцијалното западно дипломатско затоплување со Русија, додека десетици светски лидери се собираат оваа недела. Одлуката од неделата беше сметана од многу западни лидери како начин да се позиционира Украина за успех пред промената на […]

Писториус се откажа од кандидатурата за канцелар и го поддржа реизборот на Шолц


Берлин – Германскиот министер за одбрана Борис Писториус објави дека нема да се кандидира за канцелар на државата на претстојните вонредни избори и најави дека ќе ја поддржи кандидатурата за реизбор на германскиот канцелар Олаф Шолц, јави Дојче веле. . Во видео објавено на налогот на германската Социјалдемократска партија, Писториус наведува дека на раководството на партијата […]