Во Албанија ветингот разреши околу 280 судии и обвинители, 130 од нив се пожалиле во Стразбур


Од декември 2018 година кога, во Албанија, почна да се имплементира процесот на проверка, познат како ветинг, Специјалната комисија за проверка донела 802 решенија за лица од правосудството, судии и обвинители. Од вкупната бројка, околу 280 судии и обвинители биле разрешени, при што 130 од нив незадоволни од одлуката на соодветниот орган за проверка, поднеле […]

Мицкоски и Вучиќ разговарале за Коридорот 10


Српскиот претседател Александар Вучиќ на средбата со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Белград ја истакна важноста на Коридорот 10. „Со Христијан Мицкоски разговаравме за зајакнување на односите и за заеднички иницијативи за постабилна иднина на нашите граѓани. Разговаравме за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент на изградбата на пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина -Пиреја, која ќе значи […]

Србија: Горан Весиќ во притвор започна штрајк со глад


Српскиот министер во заминување Горан Весиќ, кој од вчера е во притвор, почна штрајк со глад, пренесува српскиот весник „Политика“. Вишото обвинителство во Нови Сад вчера нареди апсење на 13 лица поради трагедијата на Главната железничка станица на 1 ноември во тој град, а меѓу уапсените се и досегашниот министер за градежништво и инфраструктура Горан […]

Музејот во Јени џамија блесна пред Денот на албанската азбука во Битола


  БИТОЛА – Бурни реакции во македонската и особено битолската јавност предизвика отворањето на Музејот на христијанското и исламското културно наследство, сместен во Јени џамија во Битола, каде во нејзините темели се наоѓа некогашната катедрална црква „Свети Ѓорѓи“. Случајно е отворањето на Музејот Јени Џамија во предвечерието на денот на албанската азбука,  категорични се од […]

САД ja отфрлија одлуката на МКС за апсење на Нетанјаху и Галант


  САД ја отфрлија пресудата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Израел, и Јоав Галант, поранешен министер за одбрана на земјата, тврдејќи дека судот ја нема потребната јурисдикција. МКС вчера издаде налози за апсење на Нетанјаху и Галант за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во војната на […]

Курти провоцира конфликт: Вооружени косовски полицајци упаднале во Србија


Српското Министерство за одбрана извести дека група тешко вооружени припадници на косовската полиција неовластена ја преминале административната линија меѓу Косово и Србија и влегле во централна Србија, пренесуваат српските медиуми. „Станува збор за уште еден свесен и планиран обид за предизвикување инциденти и кршење на договорот од страна на привремените приштински институции на чело со […]

Да се обезбедат автобуси од Шуто Оризари – оти за еден месец пак ќе има протест


Автобуси од Шуто Оризари кон центарот на Скопје немало и денеска, а состојбата е таква речиси секојдневно, во последните месеци, рече градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој денеска со голем број жители на оваа скопска општина се појави на протест пред канцелариите на Град Скопје. – Бараме итно да постапите по возниот ред […]

Радовиш, Конче и Василево од две фотонапонски централи ќе добиваат струја


Пуштени во употреба фотонапонскиte централи на покривите на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со капацитет од 430kw и софтверски дигитален систем. Oпштините Конче, Василево и Радовиш ќе имаат снабдување со електрична енергија од овие фотонапонски централи. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска на пуштање на фотонапонските централи истакна […]

ДУИ бара казни до пет илјади евра за непочитување на законот за јазици


ДУИ пак продолжуваат со реториката дека е загрозена употребата на албанскиот јазик. Според нив  Уставниот суд не смее да го чепне законот за јазиците, бидејќи така ќе се сруши Рамковниот договор. За нив проблем останува и балансерот, за кој во минатото се согласиле да се укине, а сега гласно се бунат против тој потег. Додека […]

Во Штип силниот ветер откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти


Откорнати дрва, паднати гранки, оштетени автомобили, ваква е сликата на терен во центарот на Штип денеска поради силниот ветер. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски вели дека досега имале околу 20 интервенции. Од ТППЕ Штип потенцираа дека имале четири интервенции на паднати дрва, две во близина на средното училиште „Коле Нехтенин“, една на местото кај […]

Парите од солидарниот данок ќе се вратат ако така пресуди Уставен суд, вели Димитриеска Кочоска


Судството е независно, ако судот пресуди дека треба да се вратат парите, ние не можеме да избегаме од тоа, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, во однос на Законот за данок на солидарност, што доколку биде укинат од Уставниот суд би значело враќање на 49 милиони евра од Буџетот. Мојот став во однос на […]

(Во живо) Протест на жители од Шуто Оризари пред Град Скопје


Пред канцелариите на Град Скопје попладнево се одржува протест поради состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во главниот град.  Во Скопје два дена не сообраќаа автобуси поради тоа што ЈСП Скопје немаше нафта. Возеа само триесетина автобуси од кои 25 возат на гас. Состојбата беше надмината откако Владата донесе одлука на ЈСП да […]

Хрватска: Поранешниот министер Берош бара замрзнување на својот мандат во Саборот по апсењето


Поранешниот хрватски министер за здравство Вили Берош, кој е во истражен затвор поради аферата „Микроскопи“, побара од претседателот на хрватскиот Сабор активација на својот пратенички мандат, но истовремено и негово замрзнување од лични причини. Ова го потврди претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања (МИП), Роберт Јанковиќ. – Со барањето за замрзнување, тој нема да има […]

Не паркирајте под високи или суви стебла, апелираат од „Паркови и зеленило“ ќе има невреме


Поради најавите од УХМР за засилен ветер во попладневните часови, проследен со врнежи од дожд, од ЈП Паркови и зеленило апелираат до граѓаните да не ги паркираат возилата под високи или суви стебла, со цел да се избегнат несакани последици.  Од УХРМ со предупредување за обилен дожд. – Денес времето ќе биде претежно облачно со врнежи […]

Експлозија кај амбасадата на САД во Лондон, евакуација и на аеродромот Гетвик


 Британската полиција изврши контролирана експлозија откако „сомнителен пакет“ беше пронајден пред амбасадата на САД во Лондон. Метрополитен полицијата постави безбедносни кордони околу локацијата во Најн Елмс, јужно од реката Темза, јавуваат британските медиуми. „Можеме да потврдиме дека ‘гласната експлозија’ што беше пријавена во областа е контролирана експлозија изведена од страна на полицијата,“ стои во објавата […]

Денеска паѓа договор со банките за каматата за фирмите од унгарскиот заем, ќе биде под 2,75 отсто


Министерството за финансии имаше состаноци со секоја банка поединечно и денеска тие ќе имаат завршен состанок да ги додефинираат работите, за парите од унгарскиот заем, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, појаснувајќи дека се чека конечен одговор од банките за каматата што ќе биде понизок од 3,25 проценти, додека рокот останува и оти голем […]

Јавниот долг галопирал – изминатите 16 години растел по седум проценти годишно


Просечниот годишен раст на јавниот долг во периодот од 2008 до 2024 година е 7 проценти и веќе надминува 60 проценти од БДП. Буџетскиот дефицит често го надминува поставеното правило од 3 отсто, особено со ребалансот, што покажува слабости во планирањето. За добро планирање, неопходни се јасни податоци за трошоците и расходите од сите институции. […]

Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата, вели вицегувернерката Митреска


„Инфлациските очекувања се поволни, a притисоците од глобалните цени на храната и енергентите се намалија, со што за наредната година Народната банка очекува натамошно  забавување на просечната инфлација, сведувајќи се на 2,5%, а на среден рок на историските просеци од 2 отсто“. Ова го истакна вицегувернерката Ана Митреска на гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ на […]

Поради снег и силен ветар: Делови од Хрватска без струја, затворен автопатот Риека – Загреб


    Снег паѓа во Горски котар и Лика и во делови од континентална Хрватска – од Загорје, Меѓумурје до Славонија. Силен ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот турка дрвја и телефонски столбови. Целосно е затворена делницата од автопатот Риека-Загреб Делницата од автопатот А6 Риека-Загреб меѓу клучките Делница и Равна Гора во правец на […]

(Видео) Снегот направи огромни проблеми во Германија, затворена и Ајфеловата кула во Франција


Обилен снег падна во делови од Западна Европа и доведе до големи прекини во сообраќајот, а привремено беше затворена и Ајфеловата кула во Париз. Службите за итни случаи во југозападната германска покраина Баден-Виртемберг биле повикани на повеќе од 380 инциденти поврзани со временските услови во изминатите 18 часа, соопшти денеска полицијата. Портпаролот на полицијата соопшти […]