Трамп потпиша Меморандум за разбирање со Белата куќа за продолжување на транзицијата на власта


Новоизбраниот претседател Доналд Трамп потпиша, по долго одложување, Меморандум за разбирање со Белата куќа, што ќе им овозможи на кандидатите за нови позиции да се сретнат со колегите во одделите и агенциите, пред јануарската транзиција на власта. Сузи Вајлс, која ќе биде шефица на кабинетот на Трамп, нагласи во соопштение дека транзицискиот тим потпишал меморандум […]

Пуштање во употреба на пешачката и велосипедската патека Матка – Шишево


Во рамки на проектот „Сарај и Лебане заедно за зелениот туризам – Green Tour“, денеска во општина Сарај ќе бидат пуштени во употреба пешачката и велосипедската патека Матка – Шишево. Како што информира Општина Сарај, ова е прва директна инвестиција од Европската Унија во кањонот Матка преку Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија. […]

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан


 Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската група Хезболах започна денеска. Засега нема извештаи за наводно прекршување на примирјето. Израел рече дека ќе нападне доколку Хезболах го прекрши договорот. Прекинот на огнот бара првична двомесечна пауза во борбите и бара Хезболах да го прекине своето вооружено присуство во јужен Либан и израелските трупи да се […]

Изложба „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“


 Со изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“ денеска ќе биде затворена прославата на 50 годишнината на Францускиот институт во Скопје.  Изложбата ќе ја отворат Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Франција во државава и Маја Неделкоска-Брзанова, директорка на Националната галерија. – Остен музејот има значителна колекција со повеќе од 15000 уметнички дела од  3000 […]

Во „Костал Македонија“ започнува третата фаза од инвестицискиот циклус вредна 45-50 милиони евра и 250 нови вработувања


Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ е во износ од 45 до 50 милиони евра и најмалку 250 нови работни места до 2028 година.  Со тоа, вкупната инвестиција на КОСТАЛ во […]

Промоција на бизнис подкаст на Бранко Азески и на публикации „Стратешки документи на Комората“ и „Нов договор за економски развој“


 Стопанската комора на Северна Македонија денеска во Охрид ќе промовира нов бизнис подкаст на претседателот на комората Бранко Азески и бизнис публикации „Стратешки документи на Комората“ и „Нов договор за економски развој“, дела на Азески и проф. д-р Дарко Лазаров. На настанот ќе се обрати Иво Јанкоски, сопственик на продукцијата „Трето уво“, како промотор на […]

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години


Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје  денеска со свечена конференција ќе одбележи 75 години од формирањето. На конференцијата се најавени обраќања на  деканот на Архитектонскиот факултет, проф. д-р Огнен Марина, и ректорот на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова. Излагања ќе имаат почесните гости од архитектонските факултети во Загреб и Белград, доц. […]

Презентација на публикација „Учество на жените од заедниците во политичкиот и јавниот живот“


 Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска ќе биде презентирана публикацијата „Учество на жените од заедниците во политичкиот и јавниот живот во Северна Македонија“. Како што е најавено, на презентацијата ќе се обратат в.д. шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Сузан Пенкса и заменик-претседателката на Собранието на Северна Македонија Весна Бендевска. Ова […]

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе го одбележи Денот на Академијата. Настанот ќе почне со положување цвеќе на споменикот на Блаже Конески пред МАНУ, а потоа ќе се обрати претседателот на Академијата, Живко Попов. На Денот на Академијата ќе биде доделено меѓународното признание „Блаже Конески” на годинашниот добитник Мотоки Номачи, а пригоден […]

Сончево со умерена локална облачност, претпладне магла по некои котлини


Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.  Во Скопје, претпладне во делови од […]

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена


 Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа вечерва во Скопје лидерот во германското првенство Мелсунген со 32-30 (17-17) и со победа го завршија настапот оваа сезона во Лига Европа. За македонскиот претставник ова беше втора победа и петти освоен бод во групата Ф, заверувајќи го на крајот третото место. Пласман во нокаут фазата од оваа група […]

Стелантис предвидува затворање на фабрика во Британија, загрозени стотици работни места


Производителот на автомобили Стелантис денеска соопшти дека планира да ја затвори фабриката во Лутон, северен Лондон, за да се концентрира на производство на друга локација во Велика Британија, а одлуката може да доведе до укинување на стотици работни места. Повеќе од 1.100 луѓе во моментов се вработени со полно работно време во Лутон, според компанијата. […]

Во Бугарија повторно ќе се бројат гласовите на 1.777 избирачки места


  Во близу 1.800 избирачки места ќе се пребројуваат гласачките ливчиња од последните парламентарни избори во Бугарија. Ова го одлучи во вторникот Уставниот суд. Дополнително, треба да се изврши вештачење кое мора да утврди дали бројот на дадени гласови одговара на оние запишани во евиденцијата. Оваа проверка мора да се направи до 10 јануари следната […]

Меркел во мемоарите го споменува само Заев од регионов: „Храбар и решителен“


  Мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел“ се главен политички хит овие денови во светската јавност. Делови од нив претходно објави неделникот „Цајт“, а денеска се објавени во повеќе земји под насловот „Слобода: Мемоари 1954 – 2021“. Досега во европските медиуми се објавуваа повеќе детали од мемоарите. Најскокотиливи беа нејзините оценки за Доналд Трамп, […]

Израел се согласи на примирје со Хезболах


Израелската Влада вечерва на владина седница официјално ќе изгласа примирје со исламистичката група Хезболах со која е во војна повеќе од една година, потврди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Во обраќање до јавноста тој рече дека ова не е крај на војната, додавајќи дека нема крај на војната додека сите Израелци кои избегаа поради ракетните напади […]

Николоски: Автобусите за ЈСП ќе се плаќаат на осум рати во четири години


 Министерството за транспорт  во соработка со Генералниот секретаријат и Владата прави испитување на пазарот за најавената набавка на електрични автобуси за јавниот градскиот превоз. -Не е на ниво на желба. Во соработка со Генералниот секретаријат и Владата правиме испитување на пазарот. Ова беше работа која требаше да ја прави ЈСП, но за жал состојба е […]

Кратењето на вработени во јавната администрација ќе почне од ресорното министерство


Реформата во јавната администрација со сите аномалии кои ги има, не е процес кој може да се заврши преку ноќ. Прво тоа е процес на носење закони, но тие мора да бидат содржајни, квалитетни и применливи, за понатаму да следи втората фаза, односно примената на овие закони. Во право сте, имаме преголема, пребавна јавна администрација. […]

НАТО ја потврди својата поддршка за Украина


Во Брисел денеска се одржа состанок на Советот НАТО-Украина (НУЦ) на кој амбасадорите разговараа за безбедносната ситуација во Украина по руското лансирање на експериментална балистичка ракета со среден дострел (ИРБМ) минатата недела. Високи украински воени претставници го информираа Советот преку видео врска, соопшти Алијансата. За време на состанокот, сојузниците на НАТО ја потврдија својата поддршка […]

Млад прилепчанец упаднал преку прозорец во куќа во Охрид и со закана со нож ја ограбил сопственичката


Полицијата во Прилеп го уапсила 25-годишниот Б.Ј. откако по него бил распишана локална потерница. Осомничениот се барал поради тоа што вчера упаднал преку прозорец во куќа во Охрид и со закана со нож од сопственичката украл пари и злато. „Во СВР Охрид бил задржан Б.Ј.(25) од Прилеп, кој претходно во Прилеп бил лишен од слобода […]