Костадинов: Немаме добиено одговор дали проектот со којшто аплициравме е одбиен и дали може да аплицираме со други проекти до 15 ноември


Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов вели дека се уште немаат добиено одговор од ресорното Министерство дали проектот со којшто аплицирале за добивање финансиски средства е одбиен и дали до 15 ноември може да аплицираат со други проекти. – До денес немаме добиено одговор дали сме одбиени со проектот со којшто аплициравме. Доколку сме одбиени, да […]

Жителка на украинскиот град Славјанск осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство


Жителка на источниот украински град Славјанск денеска е осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство затоа што и дала воена информација на Русија. „По јавна постапка на регионалното обвинителство на Доњецк, судот ја прогласи граѓанката за виновна за велепредавство (…) таа е осудена на 15 години затвор и конфискација на имот“, објави главното […]

Кина поднесе жалба до СТО поради дополнителните царини на ЕУ за електричните возила


Властите во Пекинг денеска официјално поднесоа жалба до Светската трговска организација поради дополнителните царини на Европската унија за електричните возила произведени во Кина. Министерството за трговија на Кина, според сопствените зборови, со жалбата сака да ги заштити развојните интереси на индустријата за електрични возила и смета дека високите царини на Европската унија се пример за […]

Советот за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна


Состојбата во земјата е стабилна и нема индиции за загрозеност на границите, интегритетот и суверенитетот на државата, констатирано е на денешната конститутивна седница на Советот за безбедност што се одржа во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. На седницата со која претседаваше претседателката Сиљановска Давкова, присуствуваа членовите на Советот за безбедност Африм Гаши, претседател на […]

Колкаво богатство остави зад себе Квинси Џонс?


Со кариера која се протега повеќе од шест децении и 28 освоени Греми награди, Квинси Џонс имаше пријавена нето вредност од 500 милиони долари, според Celebrity Net Worth. Продуцентот се издигна од трчање со банди на јужната страна на Чикаго до највисоките височини на шоу-бизнисот, станувајќи еден од првите црномурести директори кои напредуваа во Холивуд […]

Ќе падне првата оставка по трагедијата во Нови Сад


Белград – Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре ќе поднесе оставка, по несреќата на Железничката станица во Нови Сад кога загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени, јави РТС. – До сега не се огласив од почит кон жртвите и нивните семејства. Оставка поднесов истиот ден кога се […]

Холивуд тагува за Квинси Џонс


Холивуд тагува за музичка икона. Квинси Џонс, легендарниот продуцент кој работеше со Мајкл Џексон, Френк Синатра и повеќе уметници, почина во неделата, потврди неговиот публицист. Тој имаше 91 година. Џонс, кој го продуцираше иконскиот албум на Џексон „Thriller“ и хуманитарната песна „We Are the World“, однесе речиси 30 Греми во текот на неговата кариера, доби […]

Кривични за потпишување 588 фиктивни договори за сателитска телевизиска програма


СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднел  кривична пријава против Н.Т.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување на исправа” и „злоупотреба на лични податоци”, против правно лице со дејност во сателитската комуникација и емитување телевизиски програми од Скопје поради постоење […]

Бесплатен скрининг на тироидната жлезда за деветтооделенците во Општина Аеродром


Учениците од деветто одделение од сите основни училишта во Општина Аеродром добиваат можност да извршат бесплатен скрининг на тироидната жлезда. В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и в.д директорот на Здравствената установа „8 Септември“, проф. д-р Синиша Стојаноски, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се предвидува скрининзите да се реализираат во училиштата […]

Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, осудена на шест месеци затвор


Подгорица – Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица денеска е осудена на шест месеци затвор, бидејќи сторила кривично дело злоупотреба на службената положба во врска со поранешниот судија на Основниот Суд на Рожаје, Милосав Зекиќ. Адвокатот на Меденица ја најави жалбата. Специјалното државно обвинителство поднесе обвинителен акт против Меденица во кој се […]

Од срцев удар почина Рохит Бал, водечкиот индиски дизајнер


Рохит Бал, познат како врвен кутуриер во Индија, почина во петокот од срцев удар на 63-годишна возраст. Тој беше кремиран во саботата во услови на голем одѕив на индиското модно братство и огромно збогување од познати личности и пријатели кои споделија сочувство и сеќавања за него. „Тој беше најпопуларниот дизајнер во земјата; љубовта и пораките […]

Повеќе од 78 милиони луѓе гласаа пред денот на изборите во САД


Вашингтон – Еден ден пред претседателските изборите во САД веќе гласаа повеќе од 78 милиони луѓе. Предвременото гласање продолжува денеска во три други клучни држави: Мичиген, Висконсин и Пенсилванија. Во Северна Каролина, една од седумте клучни држави кои би можеле да го одлучат исходот од изборите, предвреме гласаа повеќе од 4,4 милиони луѓе, со што е […]

Долгото враќање на филмската правдина дома


Интернационалниот филмски фестивал во Солун (TIFF) во неговото славеничко 65 издание (интернационален формат од 1989 година) беше отворен на 31 октомври со свечената проекција на филмот „Марија“ во режија на извонредниот чилеански автор Пабло Лареин (Pablo Larraín), со оскаровската холивудска ѕвезда Анџелина Џоли во улогата на Марија Калас. До крајот на фестивалот, кој ќе биде […]

Архиепископот Стефан викнат во Софија, па му ја откажале посетата


  Архиепископот Стефан бил поканет да патува во Софија, но во последен момент му била откажана посетата, јавува поратолот „религија.мк“, повикувајќи се добро информирани извори од Бугарската православна црква. Поглаварот на МПЦ-ОА требало да отпатува во Софија на 30 октомври и да учествува во литургијата во чест на српскиот крал Стефан Милутин (кој е погребан […]

Одбележани 55 години од пуштањето во функција на ХЕЦ „Шпилје“


На денешен ден пред точно 55 години хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар ги произведе првите киловатчасови електрична енергија. Станува збор за еден од најзначајните производни капацитети во рамките на АД ЕСМ кој заедно со ХЕЦ „Глобочица“ е дел од хидроенергетскиот систем Црн Дрим. Генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев, како што соопштија денеска од АД […]

Германската влада е на работ на колапс


  Германската владејачка коалиција одамна е на несигурна почва, во услови на зголемени поделби околу економските и буџетските политики меѓу нејзините три партии членки. Сега може и да се распадне. Ситуацијата се интензивираше во последниве недели, предизвикувајќи загриженост за состојбата на тригодишниот сојуз меѓу Социјалдемократската партија (СПД) на канцеларот Олаф Шолц, Зелените и Слободната демократска […]

Јавниот долг на Србија во септември беше 38,15 милијарди евра, или 46,5 отсто од БДП


Јавниот долг на Србија на 30 септември изнесува 38,15 милијарди евра и изнесува 46,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти денеска Министерството за финансии. Учеството на јавниот долг во БДП е намалено во однос на крајот на минатата година, кога изнесуваше 48 отсто, а самиот долг на 31 декември 2023 година изнесуваше 36,15 милијарди […]

Објавена нова голема прогноза за зимата: Метеоролозите открија колку снег ќе падне во Европа


Објавени се нови прогнози за врнежи од снег за оваа зима, кои ќе бидат под влијание на периодичното заладување на температурите на површината на океаните, попознати како Ла Ниња. Обично, овие промени се случуваат во период од една до три години, пренесува Severe Weather. Споредено со прогнозата што ја објавија минатиот месец, новите податоци покажуваат […]

Избегнувајте ја „Васил Ѓоргов“ – сообраќајка меѓу автомобил и мотор (фото)


Попладнево на улицата „Васил Ѓоргов“, се случи сообраќајка меѓу автомобил и мотор. Повредени нема, но сообраќајот се одвива отежнато.  Доколку сте во можност, избегнувајте ја оваа центарска улица, кој во овој период од денот и онака е пренатрупана со возила. До сообраќајката дојде на крстосницата пред ТЦ „Зебра“, па возилата кои се обидуваат да го […]

ПИОМ во катастрофална состојба, го тужат над 400 вработени


Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) функционира со 491 вработен од 950 планирани работни места или со 50 отсто од капацитетот. Целосно е узурпиран во последните 15 години, деградиран е и се наоѓа во катастрофална состојба од неколку апскети. Има и кадровски дисбаланс. Филијалите во западна Македонија се над 90 отсто пополнети со кадар, […]