Македонија помеѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа


Одењето од точка А до точка Б можеби не е исто искуство низ цела Европа. Јавниот превоз има големо влијание врз целокупното задоволство на жителите од градот во кој живеат се вели во истражувањето на „Еуроњуз“. Седум од 10 жители во Европа се генерално задоволни од јавниот превоз во нивниот град, се вели во извештајот […]

Вечерва со црвен килим и проекција на филм почнува 9. издание на MФФ „Киненова“ 


  Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ вечерва ќе го започне своето 9. издание.  Во Киното Фросина, во Младинскиот културен центар, во 20 часот е црвениот тепих, а во 20.30 почнува церемонијата на свеченото отворање и проекција на филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски, кој е во официјалната селекција за награда на Фестивалот. […]

Полската влада ќе разговара за планот за укинување на правото на азил


На денешниот состаок полската влада ќе разговара за времено укинување на правото на азил, како и стратегија за контрола на илегалната миграција, јави ДПА. Во саботата, премиерот Доналд Туск објави дека планира барем привремено да го суспендира правото на азил. „Земјата мора да ја врати стопроцентната контрола врз тоа кој влегува во Полска“, рече тој […]

Шефот на германската служба БНД: Директниот воен конфликт со НАТО стана опција за Москва


Берлин – Шефот на германската надворешна разузнавачка служба БНД, Бруно Кал, ги предупреди членовите на германскиот Парламент во Берлин дека директна воена конфронтација со НАТО „стана опција“ за Москва и дека руската војска веројатно ќе биде во позиција да започне напад врз западната војска до крајот на оваа деценија. На состанокот на шефовите на германските […]

Ова не го поднесуваат: Особина поради која секој од хороскопските знаци ја прекинува врската


Луѓето наоѓаат различни причини за раскинување, кои често знаат да бидат целосно неразбирливи за личноста која е оставена зад себе. Ако му се верува на хороскопот, во него голема улога има и знакот во кој е родена личноста. Во продолжение дознајте кои се главните причини за раскинување на секој хороскопски знак. Овен: Посесивност Независните Овни […]

Односите меѓу ЕУ и Швајцарија имаат планина за искачување


Швајцарија и Европската унија сакаат да склучат договор до крајот на годината што ќе ги ресетира односите – но мачните преговори се уште изгледаат далеку од крајот. Советот за општи работи на ЕУ кој ги собира министрите за Европа од 27-те земји-членки на блокот треба денеска да ги „прегледа“ врските меѓу Брисел и Берн на […]

Албанија го отвора првиот кластер на преговори за пристапување во ЕУ


Тирана – Албанија денеска го отвора првиот т.н кластер на преговори за пристапување во ЕУ.  Во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, на која ќе започне првата фаза од преговорите, откако земјата во овој процес беше одвоена од Република Северна Македонија на крајот на септември. Албанија ги почнува преговорите со ЕУ на 15 октомври, Македонија […]

„Браво“ за Благој Нацоски и студентите на концертот во чест на Пучини во Филхармонија


Со долги овации и извици „браво“ беше награден настапот на нашиот најпознат тенор во светот, Благој Нацоски и најдобрите студенти на мастеркласот што тенорот го одржа на Факултетот за музичка уметност во Скопје, синоќа на концертот „„Пучини 100“ во Македонската филхармонија, во придружба на пијанистката Елена Атанасовска. Гала настанот за кој се бараше влезница повеќе […]

Тајван тврди дека пресретнал рекордни 153 кинески авиони за еден ден во близина на островот


Tajпеј – Тајван пресретнал рекорден број –  153 кинески авиони за еден ден во близина на островот, според податоците објавени денеска од тајванското Министерство за одбрана на крајот од денот на големи кинески воени вежби. Тие летови се реализираа во период од 25 часа што заврши во 06:00 часот по локално време денеска (22:00 часот […]

Без струја неколку скопски населби


Без снабдување со електрична енергија денеска ќе бидат улици во неколку скопски населби. Како што соопшти РЦУК, поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, на ден 15.10.2024 година без струја ќе останат следните корисници: во период од 08.30ч до 11.00ч дел од ул. Методија Митевски објектите околу ОУ Исмаил Ќемали (Рајко Жинзифов), ОУ […]

Блаж Бродњак поднесе оставка од функцијата Претседател на Надзорниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје


НЛБ Банка АД Скопје известува дека на ден 10.10.2024 година, Г-дин Блаж Бродњак, поднесе оставка од функцијата Претседател на Надзорниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје. До добивање на согласност од Гувернерот на Народната Банка на Република Северна Македонија за именување на нов член на Надзорниот одбор на Банката, г-дин Блаж Бродњак ќе продолжи да […]

Почнува грејната сезона во Скопје


 Од денеска почнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје што ќе трае до 15 април 2025 година, со можност за продолжување уште 15 дена во зависност од надворешните температури. Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) велат дека за време на грејната сезона снабдувачот е должен да обезбеди греење […]

Зеленски ќе го претстави својот план за победа на самитот на ЕУ оваа недела, најави Борел


Брисел- Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се обрати на самитот на Европската унија на 17 и 18 октомври, каде се очекува да го претстави својот план за победа. Тоа го соопшти синоќа на прес-конференција по состанокот на Советот за надворешни работи, шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. „Денеска го започнавме нашиот Совет со разговор со […]

Бајден го предупреди Иран дека обидот за убиство на Трамп би бил чин на војна


Вашингтон – Американскиот претседател Џо Бајден „тивко“ го задолжи својот Совет за национална безбедност (НСЦ) да го предупреди Иран дека САД ќе го сметаат секој обид за атентат на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, како чин на војна, се вели во извештај на Вашингтон пост. Зад сцената, администрацијата на претседателот Бајден и потпретседателката Камала Харис, […]

Наутро студено, преку ден сончево и релативно топло


Времето денеска изутрина ќе биде постудено, а преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 15 октомври 2024 година, 289-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 77 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 47 минута, а ќе зајде во 17 часот и 52 минути. Денов трае 11 часа и 5 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Едно лице повредено во пукање во Чаир


Вечерва околу 18.10 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека во болницата бил донесен повреден Е.А. (35) од Скопје, со прострелна рана во ногата. Како што потврдија од МВР, повредениот бил донесен од страна на неговиот брат, кој појаснил дека додека Е.А. се движел пеш по ул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје […]

БГНЕС: Сања Божиновска е штитеничка на контроверзни српски олигарси


  Сопственикот на компанијата „Руднап груп“, Воин Лазаревиќ, во која управител беше министерката за енергетика на Северна Македонија, Сања Божиновска, која е инаку блиска до Христијан Мицкоски, има крајно контроверзна репутација и неговото име беше дел од т.н. „Датотеки од Панама“, пишува денес бугарски БГНЕС. Медиумот веќе неколку недели се занимава со македонската министерка, особено […]

Зеленски: Северна Кореја се приклучува на војната


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање до нацијата вечерва рече дека Северна Кореја се приклучува на војната во Украина. Зеленски во обраќањето објавено на социјалните мрежи зборуваше за неговите активности. „Меѓу главните работи денеска беше извештајот на разузнавачките агенции за намерите на Русите за есенскиот и зимскиот период. Сè е многу детално. Практично зборуваме […]

И бугарскиот премиер го потсети Скопје: Идните преговори можат да бидат само со ЕУ


  Собирот на Берлинскиот процес очекувано го потврди приемот на Западен Балкан во ЕУ како врвен приоритет, а Бугарија уште еднаш истакна дека инсистира на „почитување на општите услови и процедурата што им е позната на сите“. „Отсекогаш сме биле на ставот дека секоја земја што е кандидат за членство во ЕУ мора да има […]