Ова не го поднесуваат: Особина поради која секој од хороскопските знаци ја прекинува врската


Zodiac signs inside of horoscope circle. Astrology in the sky with many stars and moons astrology and horoscopes concept

Луѓето наоѓаат различни причини за раскинување, кои често знаат да бидат целосно неразбирливи за личноста која е оставена зад себе. Ако му се верува на хороскопот, во него голема улога има и знакот во кој е родена личноста.

Во продолжение дознајте кои се главните причини за раскинување на секој хороскопски знак.

Овен: Посесивност

Независните Овни најтешко ги поднесуваат посесивните партнери со кои се чувствуваат воздржани и заробени. Родените во овој знак во врска не се откажуваат од својата слобода и нема да толерираат некој што ги „гуши“, дури и ако тоа го прави со љубов.

Бик: Непочитување

Гордите Бикови очекуваат другите да ги ценат и почитуваат, а оние кои не се согласуваат со тоа, немаат место во нивните животи. Дури и да сакаат некого многу, нивните чувства може да се променат во миг со најмала навестување на непочитување од таа личност.

Близнаци: Резервираност

Луѓето родени во овој знак сакаат да излегуваат и да водат активен социјален живот. Некој кој е повлечен и не е друштвен тешко може да ги следи и воопшто не одговара на нивната личност.

Рак: Затвореност

Емоционалните Ракови сакаат да ги покажуваат своите чувства и го очекуваат истото од партнерот. Исто така, не сакаат тајни и сакаат се да споделуваат со саканата личност, па затоа тешко остануваат во врска со емотивно затворени и резервирани луѓе.

Лав: Срамежливост

Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и не се подготвени да се откажат од тоа дури и поради срамежлив партнер. Тие ги ценат подеднакво самоуверените луѓе кои се осмелуваат да ги засенат, бидејќи сакаат и предизвици.

Девица: Пасивност

Кариерата и успехот се најважните работи во животот за амбициозните Девици. Затоа едноставно не можат да најдат заеднички јазик со луѓе кои не се амбициозни, односно пасивни, па се чувствуваат неразбрани и несреќни во однос на некој таков.

Вага: Негативност

Вагите го гледаат светот низ розови очила и сакаат да бидат опкружени со слични луѓе кои дополнително ги полнат со позитивна енергија. Нема место за негативност и драма во нивните животи, ниту пак за луѓето кои ги носат со себе.

Скорпија: Неискреност

Скорпиите не поднесуваат лаги. За нив лажењето е една од најлошите човечки особини, а кога партнерот ќе биде фатен во лага, тоа обично значи крај на врската.

Стрелец: Мрзеливост

Родени како авантуристи, Стрелците секогаш се подготвени за некоја акција и сакаат да го искористат максимумот од секој ден. Партнерот кој не може да ги следи ќе има потешкотии во нивната врска, а ќе им пречи и некој кој е мрзлив бидејќи не сака некој да ги кочи во животот.

Јарец: Неодговорност

Родените во овој знак обично се најодговорни во своето општество, поради што не се секогаш популарни, но тоа не им е важно. И иако се навикнати да ги трпат детството на своите пријатели, тоа не е нешто што го сакаат од партнерот. Напротив! Апсолутно не поднесуваат неодговорност во врската.

Водолија: Практичност

Водолиите се родени сонувачи и обично никогаш не растат целосно. Практичните и реални луѓе воопшто не ги привлекуваат, а доколку сфатат дека личноста со која се во врска се обидува да ги „спушти“, веднаш ќе раскинат со нив.

Риби: Нечувствителност

Емотивните Риби обично ги кријат своите чувства од другите, но затоа бараат партнер на кој целосно ќе му се отворат. Тие се отфрлени од луѓе кои се емоционално недостапни и немаат разбирање за туѓите чувства.